Author: Ана Василевска

Пишува Зоран БОЈАРОВСКИ Камера: Игор ЧАДИНОСКИ Оваа година на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) имаше рекордни 70 учесници, после рестриктивните години на пандемијата со ковид. За време на нашата посета во Охрид, сите учесници со кои контактиравме, од повеќе генерации, со радост и ентузијазам говореа за можноста повторно, или за прв пат, да бидат на семинарот. Сите тие се дел од мрежата од странски македонисти во светот којашто има огромен потенцијал за  афирмација на македонскиот јазик и култура Оваа година дојдоа најголем број семинаристи што досега доаѓале од НР Кина. Во Кина веќе се одвива настава по македонски јазик,…

Read More

Американското Министерство за одбрана отвори веб-страница со јавно достапни информации за неидентификувани воздушни појави (unidentified anomalous phenomena), попознати како неидентификувани летечки објекти. Предвидено е веб-страницата да функционира како централна база на податоци за информации за решените случаи на НЛО, со објавување на фотографии и видеа веднаш штом ќе бидат декласифицирани. На веб-страницата ќе се објавуваат и различни извештаи и дел од најчесто поставуваните прашања, како и линкови до официјални извештаи, транскрипти, соопштенија за медиумите. Пентагон во април соопшти дека набљудува повеќе од 650 потенцијални случаи на НЛО односно случаи кои не можат да се објаснат со познатите актери и да…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Репиблика Северна Македонија, Грегор Прескер. Посакувајќи му добредојде во нашата земја на амбасадорот Прескер, претседателот Пендаровски го истакна задоволството од одличните билатерални односи и од успешната соработка меѓу двете пријателски земји кои се карактеризираат со перманентна меѓусебна поддршка и почитување, соопшти кабинетот на шефот на државата. Претседателот Пендаровски, изразувајќи голема благодарност за јасната и безрезервна поддршка што Словенија ја дава за нашата европска перспектива, како и за споделување на искуствата со нас во овој процес, изрази уверување дека ќе продолжат со уште позасилен интензитет во…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден за време на Самитот на Г-20 во Индија, ќе се фокусира на реформирање на Светската банка и ќе ги повика другите мултилатерални развојни банки да го зголемат кредитирањето на борбата против климатски промени и на инфраструктурни проекти, соопшти Белата куќа. – Тоа е еден од нашите главни фокуси на Г-20 – исполнување на агендата со фундаментално преобликување и проширување на мултилатералните банки за развој, особено Светската банка, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Тој додаде дека е познато дека тие институции се дел од ефективни алатки за мобилизирање транспарентни, висококвалитетни инвестиции…

Read More

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, вечер од 18 часот во Центарот за култура-Битола ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“. Најавени се обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ – домаќин на кампањата „Ние сме Европа“, која се организира во осум градови низ државава. На третиот настан од кампањата, овојпат во Битола,  ќе се обрати и  Андреа Штајнер-Вотавова – заменик-амбасадорка на Чешка, како и други гости на трибината. Кампањата  „Ние сме Европа“ почна со трибина отворена за граѓаните во Скопје, продолжи во Струмица, а по вечерашната во Битола,…

Read More

„Нема да застанеме“ додека не биде ослободен Јохан Флодерус, изјави денска Жосеп Борел, потврдувајќи го идентитетот на шведскиот државјанин кој е заробен во Иран. 33-годишниот шведски државјанин е вработен во институциите на Европската унија, изјави шефот за надворешна политика на блокот. Јохан Флодерус беше приведен во април 2022 година од иранските власти и беше задржан повеќе од 500 дена во затворот Евин, во Техеран. Деталите за случајот првпат беа откриени во понеделникот наутро од Њујорк Тајмс, кој објави дека Флодерус бил член на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), дипломатската служба на ЕУ. Во својата првична реакција, Европската комисија одби…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека ќе разговара за обновувањето на договорот за жито со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за време на Генералното собрание на Светската организација кон крајот на месецов. Ердоган рече дека е во близок контакт со Обединетите нации во врска со заживувањето на иницијативата за извоз на украинско жито преку Црното Море. „Би сакал да повторам дека ги цениме и поддржуваме напорите на генералниот секретар Гутереш“, додаде Ердоган во разговор со новинарите доцна синоќа во претседателскиот авион додека се враќаше од посетата на Русија. Турскиот претседател изрази уверување дека наскоро ќе биде…

Read More

На иницијатива на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска се одржа состанок со евроамбасадорот Дејвид Гир и шефовите на мисиите на ЕУ во земјава, на кој се разговараше на повеќе актуелни политички теми, со фокус на динамиката на процесот на преговори со Унијата и реформите, соопшти СЕП. – Правиме напори да ја промениме атмосферата што владее кај опозицијата за уставните амандмани и ова е во овој момент од најголема важност за нас, момент од кој зависи следниот напредок и задржување на европскиот дискурс на државата, рече Маричиќ. Тој додаде дека реформите се високо на агендата на Владата и дека…

Read More

Прв приоритет на Африка е да ја развие својата економија и да извлече што е можно повеќе луѓе од сиромаштија, но и климатските активности се дел од решението поради огромниот потенцијал за обновлива енергија и чист водород, суровините, неверојатна природа и биодиверзитет и млада работна сила, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на отворањето на Африканскиот самит за климата 2023 во кенискиот главен град Најроби. – Можете да помогнете во развојот на глобалните енергетски системи и синџири за снабдување, истовремено создавајќи добри работни места тука и економски можности кои вашиот народ ги бара со…

Read More

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, оствари средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како подготовка пред заедничкото претставување на апликацијата „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“ што ќе се одржи во Европската комисија во Брисел. Во седиштето на ЕУ во септември ќе се одржи панел-дискусија на која независни експерти назначени од институциите и телата на Европската Унија ќе ги оценуваат апликациите. Во потесниот круг за оваа престижна титула на натпреварот меѓу градовите  на ЕФТА/ЕЕА се влезени Скопје и Будва. – За нас, апликацијата „Скопје – Европска престолнина на културата“ е од огромно значење бидејќи ќе донесе…

Read More

Планот на Путин да го контролира оддалечениот сибирски регион оди наопаку. Кремљ сега се обидува да ги откаже изборите за гувернер откако избраниот човек на претседателот поднесе оставка поради лошиот рејтинг. Партијата на Владимир Путин се соочува со битка за враќање на единствениот од регионите во Русија што се уште не го контролира, откако нејзиниот кандидат за локалните избори следната недела се откажа по анкетата што покажа дека тој ќе загуби, пренесува Телеграф. Не можејќи да ги наполни кутиите со гласачки ливчиња во оддалечениот регион Хакасија во јужен Сибир, Кремљ сега се обидува целосно да ги откаже изборите за гувернер, јавуваат…

Read More

Француските училишта вчера, на првиот час од новата учебна година испратија дома десетици девојчиња дома откако одбиле да ги соблечат муслиманските наметки (абаја). Француската Влада минатиот месец забрани носење абаја во училиштата со образложение дека таквата облека ги крши секуларните правила. Франција поради тоа ги забрани и муслиманските марами. – Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата во абаја во понеделникот. Повеќето се согласија да се пресоблечат, но 67 одбија и беа испратени дома, изјави францускиот министер за образование Габриел Атал. Тој додаде дека девојчињата кои биле отстранети од настава добиле писма за…

Read More