Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
ДИЈАНА ТАХИРИ Протестот за случајот со злоупотребата на лековите во Онкологија, на кој граѓаните синоќа излегоа да го изразат револтот и да бараат правда за исклучителната нехуманост од страна на одредени здравствени работници, очекувано, и според најавите, беше киднапиран и злоупотребен од партиите Левица и ВМРО –ДПМНЕ. Од здравствените работници се очекува (и дале заклетва) дека етички ќе ги извршуваат должностите во својата професија. Револтот на граѓаните не смее да се злоупотребува за политички цели. Освен паролите со говор на омраза и вулгарните транспаренти, меѓу демонстрантите се појави и девојка облечена во народна носија и маска со обележја на познатата озлогласена, екстремно десничарска група Кју…
Во интервју за тиранската телевизија Топ чанел, косовската претседателка Вјоса Османи, зборувајќи за надворешната политика и односите со меѓународните претставници ги потенцираше отворените и искрени разговори со нив, но во ниту еден момент заканувачки. Меѓу другото, таа рече дека немањето визна либерализација за граѓаните на Косово е историска неправда, бидејќи според неа, тие се „единствениот народ на континентот, што е 100 отсто во целосна согласност со секоја надворешнополитичка одлука на ЕУ“. -Научив затоа што никој од нас не е совршен, научив повеќе од нашиот стратешки партнер САД, дека искреноста со партнерите и да се биде отворен со нив за да…
Ми се свиѓа некаква иднина во која богати Македонци за по некој сочуван примерок на Маргина (тиражите секогаш биле малецки) ќе плаќаат десетици илјади евра (евра него како! со Македонија конечно во ЕУ). „Маргина” е мултидисциплинарен часопис од сферата на културата, сфатена најшироко: и како политика, идеологија, морал, и како стандарди, трендови, “мода”… Првите неколку броја ќе бидат конципирани како тематски блокови…Ова е почетниот дел од воведот на најстарото алтернативно списание кај нас од сферата на културата и супкултурата кое постои од март 1994 година а деновиве имаше промоција на 95. број на фестивалот „Друга приказна“, во организација на издавачката…
СООПШТЕНИЕ, 5 септември 2023 ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, внимателно и со крајна загриженост го следи случајот „Онкологија“ кој го отворија истражувачките новинарки во „Фокус“ и „Слободен печат“. Во случајот постојат силни индиции за криминал и корупција со кој директно се загрозуваат здравјето и животот на пациентите, кои се основни човекови права. Врз основа на обелоденетите сведоштва и факти, ЦИВИЛ изразува крајна осуда на криминалните активности насочени против здравјето и животот на луѓето. По обелоденувањето, случајот „Онкологија“ предизвика бурна реакција и осуда, како од јавноста, така и од политичкиот врв на државата. Истовремено,…
Со извици „крадци, крадци“, свирежи и врева, опозиционерите кои се организатори на протестот на Србија против насилството денеска се обидоа да спречат почеток на единствена расправа за 25-те точки на дневниот ред, но премиерката Ана Брнабиќ продолжи да зборува иако ретко кој можеше да слушне, јави Бета. Седницата ја отвори претседателот на српското Собрание Владимир Орлиќ, а кога во салата влегоа премиерката и министрите се слушнаа свирежи и извици „крадци, крадци“ и „надвор, надвор“. Брнабиќ го започна своето излагање за ребалансот на буџетот за оваа година и предлогот за министер за економија, игнорирајќи ја вревата што не престанува. Телевизијата Н1…
Морските желки и делфините се заштитени видови, но и понатаму се под закана. „Оушн“ патува во Грција и Италија за да се сретне со активисти и волонтери кои неуморно работат на спасување на овие животински животи. Заштита на желки Секое утро, токму кога сонцето изгрева, тимови од грчката еколошка добротворна организација АРЧЕЛОН ги истражуваат плажите на заливот Кипарисија на западниот дел на Пелопонез. Тоа е најголемата област за гнездење на морски желки во целиот Медитеран, а повеќето гнезда се наоѓаат по лента од само 10 километри. А на подрачјето што го истражува АРЧЕЛОН има околу 5.000 гнезда по должина од…
Релативно долгиот одмор и отсуство од политичката сцена, не ѝ помогна на ултрадесничарската лумпен партија со лажно име (левица) да ја подобри својата ментална состојба. Исто беше и за време на екстремистичките, антизападни протести во јули, минатата година. Така, неофашистите (т.н. левица), заедно со својата постара политичка сестра (вмродпмне) покажаа крајна дрскост и вулгарност и за свои, евтини цели, целосно ги киднапираа тагата и револтот на граѓанките и граѓаните од грозниот коруптивен скандал во Клиниката за Онкологија. Морам да кажам дека, кога ги гледав фотографиите и снимките од протестот, прво ме опфати срам, а потоа и револт. Видов едно безобразно…
Пред претставници на над 20 германски компании од повеќе дејности денеска во Франкфурт ќе бидат претставени условите и можностите за инвестирање во Северна Македонија и поволностите што се нудат во технолошко индустриските развојни зони. На тркалезна маса во организација на мрежата на германски стопански комори, за потенцијалите за инвестиции, регулативата, можностите за соработка, ќе говорат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски. Ќе се обрати и Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори. Битиќи и…
Во интерес на сите, особено на нашите луѓе во оддалечените области на Грција, е да се зближиме со нашите соседи, а во оваа равенка, ние сме оние кои играме со поголема моќ. Го имаме сфатено тоа? Судејќи по некои работи што се случуваат на граница, веројатно не. На пример, на излез од градот Флорина, на пат кон граничниот премин Ники, на границата со Северна Македонија, таблите ги водат возачите кон една земја која не постои,ФИРОМ, а понатаму една друга, постара, покажува кон Југославија! Иста ситуација и на магистралниот пат од Неа Малгара Солун до Евзони, каде на таблите се уште…
Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, на вчерашното партиско собрание соопшти за реконструкција на владиниот кабинет, а целосно е сменет и Секретаријатот на партијата. Така, нов министер за Европа и надворешни работи ќе биде Игли Хасани, на местото на Олта Џачка, Огерта Манастрилиу го напушта Министерството за здравство и социјална заштита и преминува во Министерството за образование, млади и спорт. На нејзино место доаѓа Албана Корчиу. Нов министер за економија и финансии е Ервин Мете на местото на Делина Ибрахимај, која ја презема функцијата државен министер за претприемништво и деловна клима, на која функција беше Едона Билали.…
Воената хунта во Нигер повторно го отвори воздушниот простор на земјата за сите комерцијални летови, откако беше затворен од 6 август, соопшти денеска портпаролот на Министерството за транспорт. Исклучувањето ги принуди Ер Франс и другите европски авиопревозници да прекинат некои летови и да летаат подолги рути низ африканскиот континент. Хунтата првично го затвори воздушниот простор на Нигер, наведувајќи дека постои можност за воена интервенција од земјите-членки на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).
ЏАБИР ДЕРАЛА Оценката дека дваесет години во Онкологија немало справување со проблемите – не е точна. Здравството во целост – откако знам за себе – е морбиден простор за предвремена смрт на едни и богатење на други. Уште од времето на социјализмот па наваму, речиси сите семејни трагедии ми се поврзани со тие злокобни болнички ходници. Лични искуства: Измешани чувства Нема никогаш да заборавам како со часови стоев покрај носилките на кои беше баба ми во ходникот на една од клиниките во Државна. Чекав и го молев секој што носеше мантил кога ќе помине покрај мене, да ја прими баба…