Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Вицегувернерот на централната Банка на Италија, Пјеро Чиполоне e единствениот кандидат за нов член на Извршниот одбор на Европската централна банка, информира претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохау. Рокот за поднесување кандидатури за член на Одборот на ЕЦБ истече вчера. – На состанокот на Еврогрупата на 13 јули, побарав од членките на Еврозоната да предложат кандидати за наследник на членот на Извршниот одбор на Европската централна банка, Фабио Панета, кој ќе се повлче од својата позиција од 1 ноември 2023 година. До крајниот рок, Италија беше единствената земја што предложи кандидат – Пјеро Чиполоне, вице-гувернер на Банката на Италија, соопшти Донохау.…
ЏАБИР ДЕРАЛА Како ќе опишете еден националист? Повеќето националисти кои ги познава јавноста се прилично живописни карактери, во секоја смисла на зборот. Без оглед на тоа каде се наоѓаат – во политиката, академијата, невладиниот сектор, медиумите или некаде на друго место – нив ги одликуваат карактеристики што, дури и да не се националисти, тоа се матни ликови. Дури и нивните ликови и опис на надворешниот изглед или изборот на гардероба и животни стилови често се карактеристични, но за тоа да не зборуваме, затоа што е многу лесно да бидеме погрешно сфатени. Националистите тврдат дека го претставуваат „народот“, дека ја штитат…
Стабилна и безбедна Босна и Херцеговина и мирен Западен Балкан се стратешки интерес на Алијансата и затоа долги години НАТО ја поддржува БиХ во развојот на нејзините одбранбени и безбедносни капацитети, пред се на Вооружените сили, кои претставуваат успешен пример за мултиетничка институција во земјата, изјави помошникот генерален секретар на НАТО за операции, Том Гофус на крајот на дводневната посета на Сараево. – НАТО силно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, во согласност со Општиот рамковен договор за мир и е целосно посветен на продолжување на партнерството со БиХ, истакна Гофис. Тој најави дека Алијансата ќе…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја започна официјалната посета на Индија со средба со потпретседателот на државата Џагдееп Дханкар. На средбата беа поздравени пријателските односи меѓу двете земји, како и реафирмирани заемните заложби за зајакнување на соработката, пред се’ во делот на економските врски и бизнис вмрежувањето. Притоа, Османи нагласи дека и покрај нашите надворешно-политички приоритети, од особена важност е интензивирањето на соработката и искористувањето на потенцијалите со земјите од Централна и Јужна Азија, посебно со Индија, со која не поврзува Мајка Тереза, соопшти МНР. – Разликата во големината на двете земји, бројноста на населението, како и географската оддалеченост,…
Поради твит со честитки до Турција за „Денот на победата“, објавен од копнените сили на НАТО во Измир, официјална Атина испратила писмен демарш до генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, брифирале грчки дипломатски извори за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, Командата на копнените сили на Алијансата во Измир упатила честитка до Турција за вчерашниот празник што е ден на турските вооружени сили и годишнината од поразот на грчките сили во Мала Азија во 1922 година. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека по инструкции од Министерството за надворешни работи на Грција, постојаната мисија на…
Делата на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска ќе бидат изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел. Тамошните љубители на уметноста ќе можат да ги видат најновите негови платна до 24 септември. Ова доаѓа по неговото претставување во галеријата „Константин Бранкуши” во Букурешт, што се одржа од втори до 31 август. Делата на уметникот ќе бидат изложени и на Интернационален фестивал на поезија во Букурешт (FIPB 2023) oд 11 до 17 септември и на Интернационалниот фестивал за модерна уметност во Сибиу, исто така во Романија, од 16 до 30 септември.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри воен трансфер во Тајван во рамките на Програмата за финансирање на странски вооружени сили (ФМФ), се вели во меморандум испратен до Конгресот. Со дописот се информира Конгресот за намерата на Стејт департментот да одвои до 80 милиони американски долари средства од ФМФ за поддршка на Тајван. Министерството за одбрана на Тајван изрази благодарност, истакнувајќи дека САД веќе помогнале во зајакнувањето на борбените способности на островот според постоечките политики и закони. Републиканскиот пратеник Мајкл Мекол, претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, рече дека му е драго што администрацијата „конечно“ обезбедува средства…
Суданскиот армиски началник во вторникот отпатува во Египет на своето прво патување во странство по избувнувањето на војната во април, при што во последното насилство загинаа десетици цивили во Дарфур. При заминувањето на Абдел Фатах ал-Бурхан, медицински лица и очевидци рекоа дека 39 цивили загинале од кои повеќето жени и деца, во гранатирањето на Нјала, вториот судански град во државата Јужен Дарфур, каде што се интензивираа борбите меѓу армијата и паравоените сили, пренесува АФП. Абдел Фатах ал-Бурхан Суданскиот генерал требаше да разговара со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, клучен сојузник, за случувањата во разурнатиот од војна Судан и билатералните врски, соопшти владејачкиот…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал средба со министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли. На средбата присуствувала и министерката за одбрана, Славјанка Петровска. – Заеднички беше нагласено уверувањето дека денешната посета и разговори ќе дадат нов импулс во зајакнувањето на билатералните односи и взаемната соработка, посебно поради фактот што станува збор за прва посета на канадски министер за надворешни работи на нашата држава, се наведува во соопштението од владината прес-служба. На средбата, премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната цврста поддршка од Канада во насока на имплементирање на реформските процеси со цел да се обезбеди напредок на нашата држава на…
Ситуацијата со пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција и понатаму е тешка и вон контрола, со оглед на тоа што денеска имаше одново разгорувања и од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација до жителите на две села, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, и покрај големиот број пожарникари кои од копнено и воздух се обидуваат да се справат со огнената стихија, гаснењето го отежнува ветрот кој го променил правецот и дополнително го шири пожарот. Во гаснење интервенираат 475 пожарникари со 100 возила, 16 пешадиски тима, 11 авиони и…
Изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел Европската унија да се подготви за проширување до 2030 година, дадена на Бледскиот стратешки форум има историска тежина и ја чини кредибилна европската перспектива на земјите канидати за членство во ЕУ. Сега со дадена рамка на нас е да работиме. Нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ, оцени денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Тоа што се случи во Блед, е дел од историјата. Ќе биде дел од историјата. Тоа што беше Солунскиот самит во 2003 година мислам дека од прилика таква тежина ќе има Бледскиот стратешки форум…
Евентуалниот неуспех на одобрувањето на неопходните уставни измени за внесување на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот, како и евентуалниот неуспех на евроинтегративниот процес, ќе предизвикаат големи економски проблеми, социјални и политички немири во земјата, но значително ќе влијае и на меѓуетничките односи, велат познавачите на интегративните процеси и економските експерти. Во однос на безбедноста, според нив, ќе се зголемат апетитите за надворешно влијание, апострофирајќи го руското влијание како ризично за Северна Македонија. Илија Џугумунов – Државата, а особено младите губат многу доколку застанаме во место сега. Секако дека блокадата на ЕУ процесот и новото статус кво (доколку се случи),…