Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски-Жоли: Северна Македонија заслужува да биде во ЕУ

0
By Ана Василевска on August 30, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Ковачевски-Жоли
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 30, 2023 16:12

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал средба со министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли. На средбата присуствувала и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

– Заеднички беше нагласено уверувањето дека денешната посета и разговори ќе дадат нов импулс во зајакнувањето на билатералните односи и взаемната соработка, посебно поради фактот што станува збор за прва посета на канадски министер за надворешни работи на нашата држава, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

На средбата, премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната цврста поддршка од Канада во насока на имплементирање на реформските процеси со цел да се обезбеди напредок на нашата држава на планот на евроинтеграциите. Во таа насока, изразил уверување дека како и многу пати досега, Северна Македонија ќе застане во одбрана на националните и стратешки интереси, а тоа е преземање конкретни чекори кон обезбедувањето на членството во ЕУ.

Во однос на билатералните односи, премиерот Ковачевски го поздравил негувањето на традиционалното пријателство и богата и сестрана соработка меѓу двете земји, посебно на мултилатерален план.

– Стабилна основа за натамошно севкупно унапредување на соработката помеѓу двете држави дава потпишувањето на Декларацијата за соработка и стратешко партнерство од 2018 година, стои во соопштението.

Премиерот Ковачевски изразил благодарност и за силната поддршка на Канада на нашето членство во НАТО, додавајќи дека Северна Македонија денес е почитувана и одговорна членка на трансатлантската заедница.

– Длабоко го цениме партнерството со Канада како НАТО сојузници и ќе продолжиме да се однесуваме одговорно, потенцирал премиерот Ковачевски.

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли изразила силна поддршка земјава да продолжи по евроинтеграцискиот пат, за што, постои недвосмислена поддршка и интерес од страна на Канада за што побрзо членство на Северна Македонија во Европската Унија. При тоа, се посочува во соопштението, министерката Жоли нагласила дека денес, повеќе од било кога, западниот свет треба да биде обединет, а Северна Македонија, како негов интегрален дел тоа го покажува споделувајќи ги истите вредности и заложби.

Ковачевски го потенцирал и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која е значаен дел од богатиот канадски мозаик на култури и народи, и која давала и ќе продолжи да дава значаен придонес во градењето и зајакнувањето на Канада.  – Нашата заедница е значен мост меѓу двете држави која воедно помага и во градењето на нашите меѓусебни врски, истакнал премиерот Ковачевски.

Посебен фокус на средбата бил ставен на прашањето за зајакнување на економските врски меѓу Канада и Северна Македонија, за што заеднички беше оценето дека постојат огромни можности за инвестиции во нашата држава во различни сфери. 

ЕУ Канада Ковачевски-Жоли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.