Author: Ана Василевска

ЏАБИР ДЕРАЛА Национализмот, верската омраза и расизмот во сите нивни облици и степени на радикализам постојат кај сите заедници на Балканот. И многу пошироко, се разбира. Одлика на национализмот и другите видови омраза врз основа на потеклото и припадноста е што тие се шират побрзо, а се гасат и многу потешко и подолго од шумски пожар. А за да се разгори омразата, најчесто е доволна само мала искра. Затоа, не можете да кажете дека некој е умерен националист. Не постои умерен национализам, бидејќи и тој може да биде искра што ќе ја запали шумата. Национализмот може да не вклучува милитантни…

Read More

Повеќе од 1.300 училишта се целосно уништени од почетокот на војната во областите на Украина под контрола на Киев, соопшти Детскиот фонд при ОН, УНИЦЕФ. Само околу една третина од децата на училишна возраст посетуваат настава во целост, а голем број деца го забораваат она што веќе го научиле, се вели во соопштението. Освен во Украина, повеќе од половина од децата чии семејства побегнале од конфликтот во седум земји не се запишани во национално образование, соопшти УНИЦЕФ, наведувајќи ги јазичните бариери и преоптоварените образовни системи. Некои училишта биле гранатирани, а други затворени како мерка на претпазливост во текот на 18-месечните ракетни…

Read More

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак утре ќе престојува во Белград, каде ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како дел од подготовките за претстојната средба на високо ниво во бриселскиот дијалог. Од кабинетот на Вучиќ не соопштуваат кои ќе бидат темите на разговорот. По средбата не е предвидено двајцата функционери да се обратат пред медиумите. Лајчак вчера објави дека на маргините на Бледскиот стратешки форум имал „важна средба“ со косовскиот премиер Албин Курти, како дел од подготовките за следниот состанок на високо ниво, кој треба да се одржи во септември. -Главната тема на нашиот…

Read More

Пишува: СЕФЕР ТАХИРИ Настаните во Слупчане, иако од енергетска природа, се претворија во етно-политика! Дали овие случувања укажуваат на присуството на етноцентризмот како континуиран феномен во медиумите, особено на тие онлајн? Како се разликуваа известувањата на медиумите на албански и македонски за Слупчане? Како се случи во дел од македонските медиуми да има многу критики, па и пародија, додека во некои албански медиуми виктимизација на жителите, кои не ги плаќаат сметките за потрошена енергија? Медиумскиот систем на Република Северна Македонија, односно традиционалните медиуми а особено оние кои функционираат во онлајн сферата, продолжува да биде доминиран од известување со етноцентричен наратив.…

Read More

Одлучни сме во нашата посветеност да се усогласиме со стандардите, вредностите и политиките на ЕУ и да ги направиме следните чекори за да останеме во процесот и да напредуваме во преговорите со ЕУ. Во овој сложен процес од клучно значење е да знаеме дека држава како Словенија, со силно европско искуство, ја имаме за партнер и сојузник во исполнувањето на ЕУ агендата, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на средбата со заменик претседателката и министерка за надворешни и европски прашања на Тања Фајон, одржана на маргините на Бледскиот стратешки форум. Од средбата, како што соопшти СЕП, е испратена порака…

Read More

Убеденост дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е взаемно корисна инвестиција од стратешки карактер, изразила претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу за време на нејзиното учество на панел дискусија на Стратешкиот форум во Блед, јави дописничката на МИА од Атина. Сакеларопулу заедно со претседателките на Словенија и Молдавија, комесарката за човекови права на Советот на Европа, како и со млади од Западен Балкан, дискутирале за предизвиците со кои денес се соочуваат младите. Претседателката на Грција, како што соопштија од нејзиниот кабинет, се осврнала на животната средина и климатските промени, на „одливот на мозоци“, на економијата и економскиот раст, но…

Read More

„После посетата на високиот американски дипломат Габриел Ексобар, можноста за изгласување на уставни измени за влез на Бугарите во Уставот како услов без кој не се може да се продолжат европреговорите на Македонија со ЕУ, прозорецот на можности за решавање на ребусот се повеќе ќе се стеснува, со очигледна можност и да се затвори целосно“, вели за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски, зборувајќи за можноста дел или цела пратеничка група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да рефлектира за интересите на државата и граѓаните и да дава поддршка за да се изгласат потребните уставни измени за земјата да чекори без пречки на…

Read More

Испечатени се сите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници и интензивирана е испораката до училиштата. Согласно акцискиот план, целосно завршена е испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата, информира Министерството за образование и наука. МОН соопшти дека на 1 септември целосно ќе заврши испораката на сите учебници кои се одобрени, вклучително и на најновите за трето одделение кои ќе се дистрибуираат утре. -Оние, пак, кои се во постапка, а тоа се учебниците за шесто…

Read More

Во прегратките на планината Галичица, долж западниот брег на Преспанското крајбрежје, во густа борова шума сместена е Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања Отешево. Повеќе од 40 години, илјадници пациенти со респираторни нарушувања уживале во благопријатната клима, каде се вкрстуваат ветровите од Јадранско, Јонско и Средоземно море, но и да го вдишат благопријатното присуство на радон, кој има позитивен ефект врз здравјето на пациентите. Благопријатноста, во оваа, како што многумина ја нарекуваат воздушна бања, се чувствува уште во првиот здив. Воздухот е посебен, поразличен, за момент се чуствувате како да сте на некој посебен дел од…

Read More

Европската унија го осудува протерувањето на францускиот амбасадор од Нигер, Силвен Ито и му изразува целосна поддршка, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи. – Одлуката на пучистите да го протераат францускиот амбасадор е нова провокација која никако не може да помогне да се најде дипломатско решение за актуелната криза, се наведува во соопштението и се додава дека ЕУ не ја признава и нема да ја признае хунтата што ја презеде власта во Нигер со воениот удар на 26 јули. Воената хунта во Нигер во петокот му нареди на францускиот амбасадор Ито да ја напушти земјата во рок од 48…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Низ годините кои изминаа (а богами изминаа околу 15), научив некои работи во политиката за кои ми се чини дека вреди да се нотираат: постојат луѓе на кои не треба да им се верува ниту кога ја зборуваат вистината. Зборуваат вистинито, барем на „прва топка“ така ни се чини, а откако ќе се исклучат камерите, некако добиваш впечаток дека всушност баш им е гајле. Или можеби знаат дека тоа е вистина, ама некако ич не им е гајле. Од друга страна, сфаќаш, ако дувнат други ветрови, ете ги таквите на другата страна, ќе продолжат да ја говорат лагата…

Read More

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамки на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика. Двајцата соговорници ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следи средба меѓу делегациите на двете земји. Османи и Жоли ќе одржат и заедничка прес – конференција. За време на престојот…

Read More