Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставни измени, државата со поддршка од целиот свет, само ВМРО-ДПМНЕ против сите и сопствениот народ!

0
By Ана Василевска on August 29, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 29, 2023 14:50

„После посетата на високиот американски дипломат Габриел Ексобар, можноста за изгласување на уставни измени за влез на Бугарите во Уставот како услов без кој не се може да се продолжат европреговорите на Македонија со ЕУ, прозорецот на можности за решавање на ребусот се повеќе ќе се стеснува, со очигледна можност и да се затвори целосно“, вели за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски, зборувајќи за можноста дел или цела пратеничка група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да рефлектира за интересите на државата и граѓаните и да дава поддршка за да се изгласат потребните уставни измени за земјата да чекори без пречки на патот кон Европската Унија.

Благојче Атансоски
Благојче Атансоски

– Едноставно, во овој даден момент за опозицијата, односно за нејзиниот лидер Христијан Мицкоски е политички опортуно да опстои на неизгласување на уставните измени поради политичкиот рејтинг, но тоа ќе го чини долгорочно политичка кариера, лидерот на опозицијата, бидејќи со тоа директно се спротивставува на високиот американски интерес на Балканот и (не) свесно игра за рускиот или руско-српскиот. Тоа Американците нема да му го заборават, а последиците ќе видиме какви ќе бидат по него и неговата партија. За Македонија ќе бидат катастрофални ако влезе во нов замрзнат конфликт со источниот сосед на патот кон ЕУ и биде блокирана со децении, а нашиот западен сосед Албанија да ги почне сама европреговорите без нас…, потенцира Атанасоски.

Зуди Џелили
Зуди Џелили

Поранешниот пратеник Зуди Џелили смета дека од особено значење е влезот на земјава во ЕУ. Според него, поддршка како држава ни доаѓа од сите страни, останува само да се изгласаат уставните измени и да се почне процесот.

– За уставните измени потребна е поддршка од македонската опозиција, мора да покажат одговорност, барем еднаш да помогнат да се надмине оваа блокада. ВМРО-ДПМНЕ мора да гласа, може да се случи да гласа цела пратеничка група или да оди со одредени пратеници. Зошто да гласаат? Бидејќи долго ја чекавме оваа шанса, немаме друга перспектива, сите партии се изјаснија дека се за европска иднина, затоа што ако не се изгласат уставните измени остануваме изолирани и тогаш секогаш може да се отвораат други проблеми. Има многу причини зошто треба да гласаат, со еден збор заради иднината на луѓето што ги претставуваат, изјави Џелили за „Фронтлајн“.

Бујар Османи. Фото: скриншот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е убеден оти процесот за уставните измени во државава ќе заврши успешно во наредните недели и месеци.

– Процесот е започнат, како што гледате целиот свет, и САД и ЕУ, ја поздравија одлуката да го започнеме процесот. Убеден дека овој процес ќе заврши успешно во наредните недели и месеци, изјави Османи на маргините на Бледскиот стратешки форум.

Бојан Маричиќ
Бојан Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјавил дека наша обврска како држава е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива.

– Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ, нагласил Маричиќ.

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по учеството на Бледскиот стратешки форум, во изјава за МИА, истакна дека носењето на одлуки во Собранието, односно гласањето за процесот за евроинтеграции на Северна Македонија беа и во светло на форумот во Блед. Премиерот ја истакна важноста на пораката од претседатетлот на Европскиот совет Шарл Мишел дека 2030 година би можела да биде година на проширување на ЕУ, како и на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стујард Пич.

– Во однос на самиот процес беше јасно кажано дека критериумите за пристапување се тие коишто се практично и наведени во нашата преговарачка рамка. Реформскиот процес е она од што зависи самиот процес на пристапување и дека за нас како земја кандидат за членство остануваат оние обврски коишто ги имаме, а ЕУ исто така да ги исполни своите обврски. Затоа и повиците за носење на одлуки во Собранието, односно за давање глас за европските интеграции стануваат сè поактуелни во светло на она што денес го слушнавме во Блед. Овде се потврди уште една значајна работа, а тоа е дека Северна Македонија има големи пријатели во ЕУ. Северна Македонија има пријател во САД и ако ги погледнете пораките и на високиот претставник на САД кој само пред два дена беше во Скопје и овие пораки коишто денес ги слушнавме и вчера од претседателот на Европскиот совет, се работи за истите пораки коишто практично претставуваат повик за земјите кандидати да го направат она што се однесува на нив во делот на пристапувањето кон ЕУ, изјави премиерот Ковачевски.

Шарл Мишел
Шарл Мишел

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел нагласил дека е убеден и уверен дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ. Мишел оцени дека односите меѓу Северна Македонија и ЕУ се одлични.

– Северна Македонија и ЕУ имаат одлични односи и тука би сакал да му честитам на премиерот за неговата одлука да ги поднесе до Собранието уставните измени. Убеден сум и уверен дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ, изјавил претседателот на Европскиот совет.

Од друга страна српската државна телевизија РТС отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува БГНЕС од Белград.

Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“ РТС, според БГНЕС, сугерира дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците”.

Дестан Јонузи

Извор: Фронтлајн.мк

уставни измени Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.