Author: Ана Василевска

Претседателот Бајрам Бегај (не) ги послуша студентите по медицина, кои, од него побараа да не го потпишува законот, со кој тие задолжително треба да работат пет години по завршувањето на студиите, по што би ги добиле дипломите. Рокот до кој требаше да го потпише законот измина синоќа на полноќ. Тој не го потпиша законот, ниту го врати на повторно разгледување во албанскиот парламент. Па така премолченмо законот стапува во сила по објавувањето во службен весник. Истиот начин Бегај го ” примени” и за законот за “производство на марихуна за медицински цели” и двата изгласани на 20 минатиот месец само од…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјава за „Канал 5“ телевизија, рече дека очекува одговори од општините во врска со иницијативата за поставување споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила, и порача дека од овој настан не сака да прави медиумска атракција ниту да го користи за популистички цели. – Ако кој било од градоначалниците сметаат дека иницијативата е неправилно поднесена, се разбира може во писмена форма да одговорат, а јас како министерка добро знам која ќе биде следната фаза за реализацијата на оваа идеја, истакна министерката. Таа дополни дека ги чека одговорите од надлежните општини, согласно…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Истражувачката видео сторија „Убиство во Тетово“ ја изгледав по вториот обид. Првиот обид ми беше неуспешен, се откажав, бидејќи ме потресе самиот почеток и видео инсертите од трагедијата со модуларната болница во Тетово, на 8 септември 2021 година. Но утредента ѝ се вратив на сторија, со внимание ја гледав од почеток до крај. Се работи за вистински добро изработена истражувачка сторија, со одлична реализација и во драматуршка и продукциска смисла. И не ме остави рамнодушен. Уредничката Сашка Цветковска и нејзиниот истражувачки новинарски тим влегле во суштината на настаните поврзани со трагедијата и сѐ што следи по неа, со евидентен елан…

Read More

Република Северна Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколку сака да започне преговори за влез во Европската унија, изјави заменик-претседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е потпретседател на Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи (2017-2021). Повод за нејзиниот коментар, како што пренесува БГНЕС, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија. што е едно од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“ што Скопје треба да го спроведе пред да започнат пристапните преговори со ЕУ. Захариева ги повика, како…

Read More

Земјава е меѓу првите 40 од вкупно 163 рангирани на листата на Глобалниот индекс за мир 2023 и има  исклучителен скок од 94. место во 2016 на 38. место во 2023 година, посочува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на фејсбук. -Во изминативе шест години, откако го преземав раководењето со МВР, тргнувајќи од премисата дека нужното менување на МВР мора да биде втемелено на реални проценки, капацитети и можности, посветено работевме на спроведување на квалитетни реформи со цел да ги поттикнеме и поддржиме севкупните промени на безбедносниот сектор во државата. И, конечно воспоставивме норми и утврдивме концепт „МВР…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се заблагодари на Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за поддршката за Украина и приклучувањето кон Декларацијата на Г7. Благодарен сум на Северна Македонија што се приклучи кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и што стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји Украина и Северна Наледонија, напиша Зеленски на Твитер. Во зедничката декларација ма лидерите на Г7 се наведува дека денеска ќе започнат преговорите со Киев за официјализирање на постојаната поддршка на членките на Г7…

Read More

 Владата на денешната седница ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, соопштија од владината прес-служба. Претходно, Ахмети на својата страница на Фејсбук информираше дека си поднел оставка. – Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на оваа функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша Ахмети. Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор…

Read More

Благица Ефтимова, која во моментов работи како проектен асистент за Швајцарската програма за претприемништво со глобален и регионален менаџмент и како проектен координатор за Еразмус плус мобилност што се спроведува преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, вели дека младите од Западен Балкан имаат потенцијал и дека искористувањето на Еразмус програмите нѐ носи во Европа.  Благица Ефтимова е млада жена која во моментов работи како проектен асистент за Швајцарската програма за претприемништво со глобален и регионален менаџмент и како проектен координатор за Еразмус плус мобилност што се спроведува преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Целта…

Read More

Турските власти покренаа истрага за модна фотосесија во џамијата Коџаитепе во Анкара, јави турската приватна телевизија НТВ. Генералното обвинителство на Анкара соопшти дека во рамките на истрагата се приведени две лица, директорот Б.К. и моделот Е.Ј. Владата на Анкара, исто така, започна административна проверка и истрага. Фотографиите се направени и внатре и надвор од џамијата. Сесијата беше наречена „Магијата на спротивставените“. Режисерот сподели фотографии на социјалните мрежи кои предизвикаа реакции во јавноста, вклучително и поради облеката на манекенката. Истрагата од страна на главниот обвинител на Анкара е покрената поради „јавно понижување на верските вредности прифатени од дел од општеството“, соопшти…

Read More

ЗОРАН  БОЈАРОВСКИ Интеграцијата, наместо изолацијата, е начинот за егзистенција и благосостојбата на луѓето според европски стандарди. Во заедница во која отворените граници и можности за соработка со европските сојузници конечно ќе ги обедини сите Македонци кои се сега во соседните земји. Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да учествува во донесувањето на уставните амандмани за внесување на Бугарите и другите во Уставот, ќе го уништи сонот „Сите Македонци во една држава“, односно во Европската Унија. Наместо да се оствари тој сон, ВМРО-ДПМНЕ и партиската лидерска врхушка ја буткаат Македонија во изолација на која ќе и претходи драматична националистичка кампања во предизборието и за…

Read More

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека реакциите во Северна Македонија на случувањата на собирите во Чаир и Тетово, за време на посетата на премиерот Албин Курти, минатиот петок, се последица на недоразбирања, за кои изрази уверување дека двете соседни држави бргу ќе ги надминат, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава пред новинарите за време на посетата на општина Драгаш, Османи рече дека појавата на знаме на „Етничка Албанија“ меѓу поддржувачите на Курти во Тетово е само „потез на одреден граѓанин, а не нешто организирано“. Таа ги повика македонските институции, „доколку ги загрижува нешто“, истото да го адресираат…

Read More

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен се извини поради нападите врз муслиманската света книга Куран извршени пред амбасадите на некои исламски земји во Копенхаген, главниот град на Данска. Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Алжир, данскиот министер за надворешни работи Расмусен телефонски разговарал со својот алжирски колега Ахмед Атаф. За време на разговорот Расмусен изрази жалење и се извини за палењето на копии од Куранот пред амбасадите на некои исламски земји, вклучително и амбасадата на Алжир во Копенхаген, пренесува Анадолија. Истакнувајќи дека ваквите постапки се неприфатливи, Расмусен посочи дека станува збор за напади кои целосно ја…

Read More