Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ефтимова од Еразмус плус: Ние сме тие кои велиме ДА за европското семејство

0
By Ана Василевска on August 15, 2023 ИНТЕРВЈУ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Благица Ефтимова
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 15, 2023 17:25

Благица Ефтимова, која во моментов работи како проектен асистент за Швајцарската програма за претприемништво со глобален и регионален менаџмент и како проектен координатор за Еразмус плус мобилност што се спроведува преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, вели дека младите од Западен Балкан имаат потенцијал и дека искористувањето на Еразмус програмите нѐ носи во Европа. 

Благица Ефтимова е млада жена која во моментов работи како проектен асистент за Швајцарската програма за претприемништво со глобален и регионален менаџмент и како проектен координатор за Еразмус плус мобилност што се спроведува преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Целта на овие програми е да се работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Северна Македонија.

Корисници на овие програми можат да бидат ученици, студенти, наставници, професори обучувачи и друг персонал кој е вклучен во било кој дел од образовниот процес, како и претпријатија и други правни лица и различни здруженија.

Благица која веќе неколку години работи на промовирање на преку 20 Еразмус плус мобилности во Македонија, како учесник и како организатор и тренер, смета дека програмата отвара големи можности за младите во земјава, нодека истите не се целосно искористени и дека треба да се работи на допоплнтелно промовирање на овие можности.

– Еразмус плус програмата јас ја нарекувам мастер за вештини. Доколку одиме почесто, во текот на годината барем еднаш или два пати на вакви програми и можности, дефинитивно не само што добиваме искуства или знаења во различни области туку и ги зајакнуваме нашите социјални вештини или софт скилс. Треба да гледаме и како другите направиле успешни приказни и како ние можеме да бидеме тие кои што ќе се едуцираме и ќе ги донесеме добрите практики од странство во нашата земја. Дали е тоа од социјален аспект или на професионален или бизнис левел – вели Благица.

Оваа исклучителна млада жена полна со ентузијазам и желба за промени верува во својот потенцијал и во потенцијалот на младите од Западен Балкан.

– Верувам дека потенцијалот на младите од Западен Балкан е можеби и поголем од потенцијалот на останатите земји од Европа, затоа што тука ние сме научени сами да ги бараме можностите. Не ни е дадено ништо така на дланка, туку ние сме тие кои сакаме да успееме. Имаме амбиција, креативност и желба, меѓутоа можеби некогаш ни треба поттик за таа мотивација и поттик за таа желба да испадне на виделина и дополнителна  мотивација за да можеме  да успееме. Затоа се овие Еразмус мобилности и можности за да видиме дека имаме исти можности како останатите во Европа. Прашање е што можеме да направам дополнително за да ги искористиме тие можности – вели Благица.

Прашањето е колку ги користиме овие европските фондови кои ни се достапни? Не доволно, смета нашата соговорничка, особено не во општините низ земјава каде што младите воопшто не знаат што е Еразмус плус програмата. Токму затоа смета таа, би требало да се сконцентрираме на руралните средини и на средните училишта каде од помали години ќе почне со промоција на тоа кои се можностите, каде се аплицира и што добиваат младите со овие програми.

Важен дел се секако и отворените повици за пишување проекти и тоа е она на што треба да се работи  и да им се даде на младите можност и знаење пред се како да го пишуваат проектите, како да ги реализираат и каде да побараат помош  за сите грантови кои се на располагање.

– Треба малку да испаднеме од таа комфорт зона и да бидеме на терен, односно да видиме што можеме да работиме со професорите и со наставниците. Тие да бидат мобилизатори на заедницата. Има можности  со овие програми, но ние сме тие што некогаш треба да ги најдеме тие можности – вели Благица.

Императив за неа, како и за повеќето млади луѓе е Европско семејство и неговите предности. Светот без граници особено кога се во прашање административните граници и за “стартапите” кои се особено актуелни за младите денес. Но како и се друго, така и агендата за европското семејство, вели Благица треба да се одработи.

– Ние сме тие што треба да го направиме реалност. Нема некој друг да дојде и да каже – ајде отворена ви е вратата, влезете. Според мене, Европско семејство ДА. Дефинитивно имаме еден куп можности. Колку ќе бидат тие добронамерно искористени останува да видиме – смета Благица.

Преземено од Трн.мк

Благица Ефтимова Еразмус Младите и ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.