Author: Ана Василевска

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Не е забрането да се поддржува некоја партија, под услов тоа да се прави законски, и по соодветните канали.  Проблемот е дали со таквата поддршка Камчев влијаел (во овој случај во насока на бугарските интереси) на политиките на партијата. Во моментов за тоа постојат само шпекулации – ако тоа се докаже, тоа би имало далекусежни последици за целата политичка сцена, укажува Арсовски за Рацин.мк. Неодамна бугарските медиуми укажаа на одредени врски на биснисменот Орце Камчев со високи бугарски политички претставници, некогашните министри за надворешни работи и за одбрама Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, кои во 2018 достaвија предлог…

Read More

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за ТВ21 кажа дека на дофат е Европската Унија, а во спротивно следува ‘бугаризацијата’. – Во НАТО влеговме, и тогаш не плукаа предавници и слично, влеговме во НАТО. Сега ни е на дофат ЕУ. Сега овој чекор ако не го направиме, тогаш следува бугаризација. Што е бугаризација што ВМРО – ДПМНЕ ја зборува во континуитет. Бугаразација беше додека 11 години ВМРО – ДПМНЕ беше на власт, зошто, затоа што во тие  11 години се извадени рекорден број на бугарски пасоши за македонски граѓани. Зошто, затоа што луѓето во очај си бараат подобра перспектива…

Read More

Без да ги спроведе потребните реформи, Република Северна Македонија реално не може да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, вели бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент и копретседавач на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) Илхан Ќучук. Тој во интервју за БГНЕС подвлекува дека без промена на Уставот, земјава не може да почне да преговара со ЕУ. Воедно, предупреди дека доколку Скопје не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така, Северна Македонија, додава тој, ќе остане во групата со Србија, Косово, Босна и Херцеговина…

Read More

Во студија за состојбите на медиумите во Албанија и Косово, под авторство на Линдита Цамај,  професорка  по новинарство на Факултетот за комуникации на Универзитетот во Хјустон, се наведува дека освен што медиумите во Албанија се еднострани, главните тешкотии  на новинарите е во пристапот до информации и официјални документи. Владата на Косово и таа на Србија се судрија на социјалните мрежи во врска со косовските експонати кои српската држава ги чува 24 години. Додека Министерството за култура на Косово ја продолжува кампањата со барање за враќање на експонатите кои Србија ги држи во заложништво со кршење на меѓународните конвенции, Министерството за…

Read More

Некои научници велат дека кога ќе се уништат 20 до 25 проценти од шумите, врнежите драматично ќе се намалат, трансформирајќи повеќе од половина од прашумите во тропска савана, со огромна загуба на биолошката разновидност. Клучна тема што ги подели нациите во вторник беше нафтата. Имено, левичарскиот колумбиски претседател Густаво Петро повика на прекин на истражувањето на нафта во Амазон – алузија на амбивалентниот пристап на Бразил и другите земји производители на нафта во регионот – и рече дека владите мора да го откријат патот кон „декарбонизиран просперитет“. Осум земји од Амазон ги повикаа индустријализираните земји да сторат повеќе за да…

Read More

По подолг период стапува на сила примената на измените од системскиот Закон за матична евиденција. Oд страна на теренските структури на Ромалитико, вчера беа донесени 112 лица на посебно закажаниот термин пред Управата за водење на матичните книги – матична евиденција за поднесување на барање и добивање на редовен извод, информираат во објава на Фејсбук, Ромалитико. „Благодарение на тимот на теренски соработници од Скопје (правни монитори и мобилизатори на заедницата), советникот на премиерот Елвис Мемети и пратеничката Латифа Шиковска – обезбедивме целосна вклученост на Управата и соработка поврзана со финансиската рамка и логистика која е целосно покриена од Ромалитико и УНХЦР.…

Read More

Со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ја почна посетата на Централна Азија. Во фокус на средбата Османи – Нарбаева, како што соопшти МНР, беше улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, што воедно е и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. -Во таа насока, Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, заедно со Секретаријатот соработува со сите владини институции за спроведување на Националната стратегија за постигнување на родова…

Read More

Додека убијците го напуштаа имотот, Аткинс ја искористи крвта на Тејт за да го напише зборот „свиња“ на влезната врата, очигледно како одговор на барањето на Менсон да „остави знак“. На денешен ден во 1969 година, Шерон Тејт и уште четворица беа убиени од следбениците на култниот водач Чарлс Менсон, што го згрози Холивуд и светот. Во раните утрински часови на 9 август 1969 година, актерката Шерон Тејт од „Долината на куклите“ била во нејзината изнајмена куќа во Лос Анџелес со славниот фризер Џеј Себринг, писателот Војчех Фриковски и неговата девојка Абигејл Фолгер, наследничка на богатството на кафето Фолгерс и…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА За што се работи? Кој тоа и за што е непријатен потсетник? Антиевропските инсталации, лажните неутралци и квази интелектуалци, рашистите, груевистите, радикалите, прикриените и отворените националисти, доминираат во ТВ програмите и во голем дел од интернет и печатените медиуми во земјата. Огромен дел од медиумите се како огласни табли за националистичката опозиција на која ѝ се придружија некои академици и НВО фолиранти. Информативните програми веќе предолго време почнуваат и завршуваат со сѐ поотворена антивладина пропаганда, и не толку (или, не секогаш толку) отворена антизападна пропаганда и/или националистички наративи прикриени зад „борбата против корупцијата“. Во интернет медиумите, пак, националшовинизмот,…

Read More

Од почетокот на судирот во Судан, во април, во земјата има над четири милиони раселени лица, а повеќе од 884.000 лица побегнаа во другите земји, изјави портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер. Според него, поради конфликтот во земјата е влошена и здравствената ситуација, а се повеќе луѓе се неухранети. Спиндлер на новинарите им соопшти дека од средината на мај до средината на јули, УНХЦР забележала повеќе од 300 смртни случаи од сипаници и неухранетост, главно меѓу деца на возраст под пет години. -Хроничниот недостиг на здравствен персонал, како и нападите врз персоналот, како што објави Светската здравствена организација, значително го загрозија…

Read More

Европската унија не може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина бидејќи тоа не е во нејзина надлежност, изјави денеска портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Петер Стано. -Ние не сме безбедносна организација, така што дискусиите за безбедносните гаранции се дискусии за НАТО и за одделни земји, но не и за ЕУ ​​како организација, рече портпаролот на брифинг со новинарите во Брисел. Тој додаде дека ЕУ го поддржува Киев во неколку области, вклучително и воената, што, како што рече, се рефлектира во испраќањето оружје за одбрана на Украина од руската агресија, но дека кога станува збор за безбедносните гаранции,…

Read More

Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ на авторот под шифра: „Обид на македонистот“ е избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ што ја распишува Општина Охрид. Жири-комисијата, составена од проф. д-р Димитар Пандев, м-р Перчо Божиновски, доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, го издои награденото дело поради актуелноста на горливата тема на текстот, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, со што на авторскиот текст му дава постмодернистички сензибилитет. Комисијата го истакна задоволството од високиот степен на квалитет на пристигнатите раскази, особено од мошне развиеното јазично чувство кај повеќето од раскажувачите пријавени…

Read More