Author: Ана Василевска

Владата на Србија ги обнови таканаречените привремени тела во општините на Косово, вклучително и северните, во кои е предупредено дека по летото ќе има нови избори, акција која е кршење на Бриселскиот договор, пишуваат меѓу другото косовските медиуми. Во Албанија, ЦИК ги затвори локалните избори што се одржаа на 14 мај. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО Газета Експрес: Белград ги обновува илегалците на Косово, оваа акција се смета за кршење на бриселскиот договор „Владата на Србија ги обнови таканаречените привремени тела во општините…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вестите на Сител зборуваше за неодамнешното видео во кое ги ојбаснуваше патоказите и преговарачката рамка, како и процесите за интегација низ кои мора да помине Северна Македонија. „За Член 5 нема да има писмен извештај, нема да има гласање во ЕУ. Оваа е клучната пораката која се обидувам да им ја кажам на граѓаните. Се разбира дека добрососедските односи ќе се ценат. Ние ако сме во лоши односи со еден сосед, членка на ЕУ се разбира тоа е пречка за напредокот, меѓутоа нема да има точка на дневен ред во ЕУ во којшто…

Read More

Француската министерка за прашања на Европската унија Лоренс Бун изјави дека подемот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е закана за стабилноста на Европа. -АфД води политика на исцрпување во Европа, рече Бун. Коментирајќи дека „општо познато е дека АфД има проруска позиција“, Бун рече дека оваа ситуација е загрижувачка и додаде дека „подемот на оваа партија е закана за стабилноста на Европа“. Бун додаде дека екстремно десничарските партии на континентот се отворени за уништување на Европската унија со напуштање на блокот, тврдејќи дека тоа не е она што тие го сакаат. АфД претходно ја прогласи Европската унија…

Read More

СДСМ како државотворна партија е предводник на концептот за европска иднина. Во оваа насока СДСМ, заедно со политичките партии од коалицијата  дава силна поддршка на Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ. Овој Манифест е на линија на политиките на СДСМ, тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ. Затоа, време  е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој…

Read More

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот профил на социјалната мрежа Фесбук објави видео со статистистички податоци од криминалитетот годинава споредено со минатата година. Како што се забележува годинава, во првите шест месеци, криминалитетот е намален за 12,9 % во споредба со минатата година. „Во првите шест месеци од 2023 година бележиме намалување на криминалитетот за 12.9% за разлика од истиот период лани. Безбедносната состојба е генерално стабилна на целата територија, без регистрирани инциденти од поширок размер, при што стапката на вкупниот криминалитет изнесува 536 пресметано на 100.000 жители и истата е намалена во споредба со истиот период од минатата…

Read More

ВМРО – ДПМНЕ зборува за државни интереси, но повеќе се приклонува кон партиски“, вели во изјава за „Фронтлајн“, новинарот и политички коментатор – Урим Салиу, говореќи за одбивањето на опозициската ВМРО- ДПМНЕ да гласа за уставните измени, дури и во ситуација кога парламентарното мнозинство ги исполни сите нејзини барања за да го направи големиот политички чекор и земјата непречено да се движи на патот кон ЕУ, додека ВМРО-ДПМНЕ да не се изолира политички. – ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека кај Албанците не може да најде противници, тие се најчесто оние кои ги пренесуваат пораките за градење на европската иднина, додека најголемата…

Read More

За Северна Македонија од страна на Европската комисија веќе е објавен и доставен нацрт скрининг Извештајот за Кластер 1, „Фундаментални вредности“. Како што соопшти СЕП, оценката на Комисијата во Извештајот се заснова на информациите добиени за време на скринингот како и на дијалогот што се води во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и годишните Извештаи на Европската комисија кои се дел од пакетот за проширување. -Ова е само нацрт Извештај кој допрва ќе се дискутира од страна на земјите членки на ЕУ и доаѓа во вистинско време кога интензивно работиме на изработка на Патоказите, вели вицепремиерот Маричиќ.…

Read More

„Албанија и Северна Македонија имаат одлично заедничко патување кон европскиот сон за кој долго време сонуваа двата наши народи“. Ова го вели во изјава за Фронтлајн аналитичарката за европски прашања од Тирана, Дориана Метолари, говорејќи за евентуалното разделување на патувањето кон Брисел на Тирана од Скопје, поради одбивањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени. „Албанија и Северна Македонија имаат одлично заедничко патување кон европскиот сон за кој долго време сонуваа двата наши народи. Солидарноста меѓу нашите земји е видлива. Ги имаме сите можности заедно да ја постигнеме оваа цел, бидејќи волјата и интересите на двете наши земји силно ги…

Read More

Покрај недостигот од „трикафта“ за лицата со цистична фиброза, веќе неколку месеци пациентите се оставени и без лекот „креон“ кој помага полесно да се апсорбира храната во телото. МИА контактираше неколку аптеки кои потврдија дека лекот го нема веќе подолго време, а стапи во контакт и со увозникот на лекот, од каде информираа дека лекот го нема од јуни и дека не знаат кога ќе стигне. МИА побара став и од Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека веќе од понеделник лекот ќе биде достапен во аптеките. – Согласно информацијата од дистрибутерот на лекот „креон 25.000“, во тек е дистрибуцијата во…

Read More

Врховниот суд на Индија денеска ја суспендираше пресудата со која лидерот на опозицијата Раул Ганди беше осуден за клевета. Со тоа на Ганди му е овозможено да се врати во Парламентот и да учествува на изборите следната година. Ганди во март беше осуден на две години затвор во март во случај што го подигна пратеник на владејачката индиска народна партија во западната држава Гуџарат поради коментарите што ги даде во 2019 година за презимето на Моди, кои беа оценети како навредливи за премиерот Нарендра Моди и други луѓе со тоа презиме. На Ганди му беше одземено и пратеничкото место, но…

Read More

Надзорот во спроведувањето на законите не е системски уреден, а тоа во пракса доведува до неефикасно спроведување на законите. Неопходно е да се ревидира организацијата и функционирањето на инспекциските служби, како и на останатите видови надзор, контрола и супервизија за да се гарантира доследно спроведување на законите, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што беше речено на денешната 90. седница на ДКСК, инспекцискиот надзор е најважниот механизам за контрола на спроведувањето на законите, но во некои закони, покрај инспекцискиот надзор се предвидуваат и други видови надзори, контроли, ревизии и супервизии кои не се јасно и прецизно уредени.…

Read More

ДРАГАН МИШЕВ Кривичната истрага која што со години наназад се водеше за сопствениците на „Медиа Принт Македонија“, Орце Камчев, кого САД го ставија на црната листа за корупција, поткуп, перење пари, како и за неговиот долгогодишен соработник, Срѓан Керим, некогашниот косопственик и директор на МПМ, кој пак се сомничи за три кривични дела, иако финишираше некаде кон крајот на април минатата година,  македонската јавност се уште не виде ниту обвиненија, ниту рочишта, а уште помалку пресуди. По означувањето на Јордан „Орце“ Камчев на црната листа на САД од страна на американското Министерство за финансии, и пораките упатени од амбасадорката на САД…

Read More