Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК: Нема системски надзор во спроведувањето на законите, изразена корупција и во управувањето со државниот имот

0
By Ана Василевска on August 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 4, 2023 13:07

Надзорот во спроведувањето на законите не е системски уреден, а тоа во пракса доведува до неефикасно спроведување на законите. Неопходно е да се ревидира организацијата и функционирањето на инспекциските служби, како и на останатите видови надзор, контрола и супервизија за да се гарантира доследно спроведување на законите, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Како што беше речено на денешната 90. седница на ДКСК, инспекцискиот надзор е најважниот механизам за контрола на спроведувањето на законите, но во некои закони, покрај инспекцискиот надзор се предвидуваат и други видови надзори, контроли, ревизии и супервизии кои не се јасно и прецизно уредени.

Поради ова, но и поради други недоследости на кои беше укажано, ДКСК во рамки на седницата донесе Одлука за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Еден од новите сектори (области) кои се предлагаат во Стратегијата, е токму „Надзор на спроведување на законите“.

-Инспекцискиот надзор е најважниот механизам за контрола на спроведување на законите, но во некои закони, покрај инспекцискиот надзор се предвидуваат и други видови надзори, контроли, ревизии и супервизии кои не се јасно и прецизно уредени. Сетоа ова доведува до недоволен надзор во практиката, а со тоа и до неефикасно спроведување на законите. Неопходно е да се ревидира организацијата и функционирањето на инспекциските служби, како и на останатите видови надзор, контрола и супервизија за да се гарантира доследно спроведување на законите. Истовремено, од суштинско значење е да се зајакнат и кадровските и техничките капацитети на инспекциските служби, зашто во моментов, дури и во оние области каде има по две различни инспекциски служби, на централно и на локално ниво, сепак во практиката отсуствува суштински и системски инспекцики надзор зашто ниту една од овие служби немаа доволен капацитет, истакна членот на ДКСК и координатор при изготвувањето на Стратегијата, Владимир Георгиев.

Според него, во секторот „Надзор на спроведување на законите“ се утврдени три приоритетни проблеми кои генерираат ризици од корупција во оваа област за чие надминување се предвидени три мерки и 10 активности.

Втората нова област која ДКСК предлага да се опфати посебно во Националната стратегија, е „Имот во државна сопственост“.

-Заради превенција на корупцијата која е особено изразена при управувањето и располагањето со имотот во државна сопственост, од исклучително значење е да се воспостави транспарентен систем на користење, управување и располагање со имотот во државна сопственост, а за таа цел, итно мора да се воспостави уредна евиденција на овој имот која ќе биде јавно достапна и која ќе овозможи јавно да се следи секоја промена во имотот на државната сопственост, објасни Георгиев.

Во овој сектор, дополни, утврдени се два прироитетни проблема кои генерираат ризици од корупција за чие надминување се предвидени две мерки и осум активности.

Како што информира Георгиев, со Одлуката, освен што би се вовеле овие две нови области, во Стратегијата би се измениле и дел од постојните активности, но и би се додале вкупно 102 нови активности кои ги вклучуваат и 18-те активности од двете нови области – „Надзор на спроведување на законите“ и „Имот во државна сопственост“.

Најмногу од новите активности се додадени во областа „Јавни набавки“, како и во секторите „Урбанизам и просторно планирање“ и „Животна средина“, за кои ДКСК утврди дека е потребно да се зајакнат со дополнителни мерки.

Георгиев претходно, образложувајќи ја потребата од изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, рече дека во 2021 година, од вкупно предвидените 111 активности целосно се реализирани 22 или 20 отсто, во тек на спроведување биле 27 проценти, а 53 отсто од активностите воопшто не почнале да се реализираат. Во 2022 година, пак, од вкупно 165 планирани активности во кои биле опфатени и нереализираните од 2021 година, спроведени се само 17 или 10 отсто, нереализирани се 55 отсто, додека во тек на имплементација биле 35 проценти.

ДКСК ја донесе Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 ДКСК на 10 декември 2020 година, а Собранието ја усвои, како што посочи Георгиев, со одредено задоцнување, на 18 април 2021 година.

ДКСК изготвува годишни извештаи за спроведување на Стратегијата и секоја година до 31 март ги доставува до Парламентот.

На денешната седница која се одвива преку зум платформата, ДКСК ја избра Софка Пејовска Дојчиновска за нов заменик-претседател, а постапува и по конкретни предмети, како и по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.

ДКСК закони Инспекциски надзор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.