Author: Ана Василевска

Истражувачката анализа на порталот Фактор.бг од Софија, со наслов „Орце Камчев – темно петно на лицето на Бугарија“, објавена денеска, тргнува од констатацијата дека решението на Министерството за финансии на САД да го стави на црниот список за санкции најбогатиот македонски бизнисмен отвора многу прашања не само во Северна Македонија, туку у во Бугарија којашто е членка на ЕУ. Првата конекција на Камчев со Бугарија, порталот за гледа во предлогот што во 2019 година беше доставен до македонските власти Орце Камчев да биде почесен конзул на Бугаријаод тогашната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, силно поткрепен од тогашниот министер за…

Read More

“Да си ја сакаш државата, значи да се бориш и да се избориш за нејзините перспективите и за перспективите на граѓаните. Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет. Обединети ја добивме битката за членство во НАТО. Обединети можеме да ја добиеме и следната битка, полноправното членство во Европската Унија” рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање за 2 Август на споменикот на слободата “Сила, слава и победа” на тврдина Кале во Скопје. Тој додаде дека потребна е одлучност, а не страв бидејќи одлучноста не е отсуство на внимателност…

Read More

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска во резиденцијата во Цетиње ги продолжи консултациите за мандатот за формирање нова влада со претставници на Граѓанското движење УРА, Социјалдемократите, Социјалистичката народна партија и Хрватската граѓанска иницијатива, јави МИНА. Милатовиќ вчера ги започна мандатните консултации за нова влада со разговор со претставници на движењето „Европа сега“. Движењето по средбата со претседателот соопшти дека има мнозинство за формирање нова влада, но тоа ќе биде официјално објавено откако претседателот ќе ги заврши консултациите. „Европа сега“ им се заблагодари на демократите и на Бошњачката партија, кои, според нивните зборови, го искажаа својот принципиелен демократски став дека…

Read More

Одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944, но и цврстата верба, истрајноста и упорноста со кои е создадено Огништето на нашата татковина, денес се нашиот патоказ кон иднината, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на Скопската тврдина Кале по повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката. – Заложбите за автономна држава, што започнале со создавањето на Крушевската Република, ги реализирале хероите во Народно-ослободителната борба. Со Илинденското востание во 1903-та година е кренат гласот за слобода и правдини. Но, со НОБ и Првото заседание на АСНОМ во 1944-та, македонскиот народ ја извојува својата национална слобода и…

Read More

Разговараше: Ана Василевска „Од еден општествен аспект го отвора прашањето на прерано пораснатите деца, прашњето за бегалците и нивните „привремени“ животи, а од човечки аспек, или подобро да речам детски (протагонистот во филмот е дете) ја отвора темата за првото и прерано соочување со концептот на смртта која „демне“ над бегалскиот камп. Сето она што за огромна жал е сеприсутно околу нас во моментов.“ Краткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, премиерно ќе биде прикажан на утревечер во 20.30 часот во МКЦ парк, во рамки на 22. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. Сижето во филмот е околу главниот…

Read More

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ „Крибе во нашиот телефонски разговор за НОВА вели дека тоа е очекувано да се случи бидејќи потоа следат европските избори во 2024 кој носат и ризик од засилување на популистичките и екстремно десничарските политички партии“. „Во таа дебата нужно би било да се вклучиме и ние како држава и општество заедно со сите други од регионот за да станеме погласни и повидливи. ЕУ на Балканот направи многу грешки кои резултираа со бројни последици насекаде во регионот. Македонија е посебна приказна.“ Во Европа и светот се случува драматичен геополитички земјотрес по кој ќе се воспостави нов поредок.…

Read More

Пишува: Давид Тасевски Што ни е важно при медиумското известување, поврзано со говорот на омраза и дезинформациите? Квир центарот досега доби 8 мислења за прекршување на етичкиот кодекс на новинарите при известување на ЛГБТИ теми, а по претставки поднесени до Советот за етика во медиумите. Неретко забележуваме сензационализам во новинарските текстови и наслови кои се вознемирувачки, и имаме реченици или прашања кои го поттикнуваат или поддржуваат говорот на омраза. Гледаме дебати и интервјуа каде новинарите не се непристрасни, туку го напаѓаат гостинот, според нивните лични убедувања без воопшто да ги проверат фактите, туку застануваат на страната на дезинформациите и ја…

Read More

Саат-кулата во Битола ја добива највисоката верификација и се вбројува во редот на културни добра со најголема културно-општествена важност на градот. Владата, на седницата одржана на 11 јули, донесе одлука за прогласување на Саат-кулата за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Градскиот часовник, со својата висина од 33 метри, доминацијата во просторот и саатниот механизам, претставува еден од најзначајните симболи на Битола. Објектот e изграден во 1830 година, а се наоѓа во Градскиот парк, во срцето на Битола, на просторот меѓу црквата Св. Димитрија и Јени-џамијата. Со својата архитектонска, градежничка, историска, социолошка и документарна вредност, Саат-кулата во Битола…

Read More

Налогот за апсење на Пригожин за велепредавство веќе е влезен во системите на ФСБ и Министерството за внатрешни работи на Русија., објави на Твитер Игор Сушко од непрофитната истражувачка тинк-тенк организација Wind of Change, според неименувани извори од руската служба за безбедност: ФСБ нареди да го приведе Ј. В. Пригожин во случај да се обиде да го користи својот фалсификуван пасош, се вели во Твитер објавата. Сушко објави и видео порака од Командантот на Вагнер, Берсерк кој навестува дека батаљонот Ахмат на Кадиров е на страната на Пригожин и дека сите тие само се загреваат. Барсерк, кој кажа дека…

Read More

Минатава седмица Советот на јавни обвинители на РСМ изврши избор на јавни обвинители во неколку јавни обвинителства, а се спроведоа и избори на два членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите. Блупринт групата за реформи во правосудството ги следеше двата процеса и за жал повторно ги забележавме хроничните системски слабости кои постојано ја поткопуваат довербата на граѓаните во овие две клучни тела на правосудството во државата. Сметаме дека е неопходно да укажеме на овие проблеми и да побараме од членовите на овие тела како и од сите клучни чинители да преземат мерки за нивно надминување. 1. Отсуството…

Read More

Извесен Хасан Селмановски (од Охрид, со живеалиште во Дурен, Германија) на својот Фејсбук профил објави лаги, дезинформации, говор на омраза и потикнување дела од омраза кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Со неговите тенденциозни објави на Фејсбук очигледно сака да му наштети на честа и угледот на Дерала, но истовремено и на организацијата ЦИВИЛ. Не е првпат, напротив, ова е само уште еден од илјадниците објави од овој тип, со кои и личната безбедност на Дерала е под сериозна закана. Јасно е дека со овие напади (Дерала не единствениот таргет) се насочени, колку лично (ад хоминем), толку и против организацијата…

Read More

Кураторката Клаудија Паецолд и групата уметници Кристина Пулејкова, Нина Жељковиќ и Дриант Зенели внесоа нов живот во заедничкото културно ткиво на балканскиот регион преку нивната револуционерна изложба „Супстрати“. Домаќин беше Културниот центар на Србија во Париз. Оваа експресивна турнеја, како што соопшти Министерството за култура, го имаше своето големо деби синоќа, привлекувајќи го вниманието на јавните личности, дипломатските претставници и претставници од амбасадите на Северна Македонија, Албанија и на Србија. – „Супстрати“, извонреден доказ за уметничката моќ што цвета на Балканот, ги илустрира централните начела на иницијативата „Отворен Балкан“ во визуелен формат. Со неверојатна афирмација на колективните цели за интеграција…

Read More