Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ризикува да биде жртва на цунамито кое ќе го предизвика големиот геополитички земјотрес

0
By Ана Василевска on July 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 16, 2023 10:38

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

„Крибе во нашиот телефонски разговор за НОВА вели дека тоа е очекувано да се случи бидејќи потоа следат европските избори во 2024 кој носат и ризик од засилување на популистичките и екстремно десничарските политички партии“.

„Во таа дебата нужно би било да се вклучиме и ние како држава и општество заедно со сите други од регионот за да станеме погласни и повидливи. ЕУ на Балканот направи многу грешки кои резултираа со бројни последици насекаде во регионот. Македонија е посебна приказна.“

 

Во Европа и светот се случува драматичен геополитички земјотрес по кој ќе се воспостави нов поредок. Како и каков? Во овој момент никој ја нема Кристалната топка  во која би можело да се ѕирне во таа не така далечна иднина. Разбирлив е провинцијализмот на едно мало општество какво што е нашето. Во таа смисла не се подобри ни другите од слични пропорции. Па сепак делува ретардирано да се нема политичко па и интелектуално љубопитство да се ѕирне надвор од трлото.

Руската агресија на Украина е само една од скалите кон кулминацијата на овие промени кои започнаа уште со економската криза во 2009 година. Вистинската кулминација и расплетот допрва ќе следат и какви и да се,  мала држава каква што е нашата се става во сериозен ризик доколку си дозволи да биде вон главните текови на континентот кој станува се посвесен за фактот дека само обединет може да излезе жив од овој земјотрес.

Случувањата во Украина повеќе од јасно е дека го вклучија алармот во ЕУ која конечно сфати дека процесот на проширувањето во неговата последна фаза кон Западниот Балкан мора да се случи.

Оваа тема после речиси две децении повторно се најде на масата на шефовите на држави и влади. Десет земји членки на ЕУ на највисоко ниво , меѓу кои беа и оние кои се безрезервно „За“,  но и оние кои се скептични кон интеграцијата на Балканот. Украина го обнови консензусот од потребата за нов голем бран на проширувањето кон Украина, Молдавија и Западниот Балкан. Се разбира клучниот голем залак е Украина а ние покрај нив ја добиваме историската шанса да се пробиеме во гужвата и тоа пред се поради упорноста на Германија, Балканот да не биде заборавен.

Шефовите на држави и влади на неформалниот состанок во Брисел се согласиле дека интеграцијата на овие региони во Европа е нужност во актуелните геополитички констелации. На масата за разговор на оваа тема беше документ од 6 страници изготвен од тројца високо кфалификувани аналитичари. Еден од нив е Ханс Крибе.

Во разговор со него тој не ми ја откри интегралната содржина на документот но ми рече дека војната во Украина проширувањето како политика е вратено на голема врата во европските институции. Шефовите на држави и влади разговарале за повеќе сценарија за тоа како и колку брзо треба да се случи интеграцијата. Во овој момент никој го нема одговорот на овие прашања, изјави Крибе во телефонскиот разговор.

Она што е јасно е дека ЕУ треба да ја забрза динамиката на внатрешните реформи особен во делот на носењето на одлуки. Како ургентно се наложува и прашањето за буџетот на ЕУ кој ќе треба да одвои добар дел за реализацијата на овој процес. Земјоделската заедничка политика и нејзиниот буџет се сензитивни прашања. Поделбата на овој значаен колач може да предизвика сериозни потреси внатре во Европа во која популизмот зема се поголем замаф.

Еден од предизвиците кои е тема на дискусиите е и тоа како ЕУ да стане повидлива во секојдневието на граѓаните на земјите кандидати кои заморени од чекање стануваат се поеуроскептични и поподложни на популистичките и националистички политички опции.

Крибе вели дека едно од сценаријата е и интегрирање во фази или како во која област земја преговарач станува подготвена така да се интегрира во таа иста област во европските институции. Какво прва фаза се споменува Европскиот економска заедница. Во оптек се и предлозите за постепено отворање на европските фондови кои сега се наменети ексклузивно за земјите членки на ЕУ.

Големо прашање на кое нема одговор е и дали да се одреди датум за членство каков што беше 1 Мај 2004 зацртан како рок до кога земјите од Источна и Централна Европа ќе станата земји членки. Некои сега ја споменуваат 2030,  но има и такви како Полска која смета дека геополитичката состојба е толку алармантна што на пример Украина би требало да ја направи земја членка за само две години по почетокот на преговорите. Се разбира овој рок би важел и за помалите залаци како што сме ние на Балканот.

Ханс Крибе вели дека овие дискусии ќе се интензивираат и следната треба да се одржи уште овој месец во Гренада во организација на шпанското претседателство. Според Крибе, во декември нештата ќе бидат многу појасни. Голема е веројатноста тогаш да биде донесена одлука за старт на преговори со Украина по што целата композиција би добила силна динамика.

Крибе во нашиот телефонски разговор вели дека тоа е очекувано да се случи бидејќи потоа следат европските избори во 2024 кој носат и ризик од засилување на популистичките и екстремно десничарските политички партии. Мојот соговорник исто така вели дека како илустрација на силната политичка волја за проширувањето во новиот состав на ЕК како комесар за проширување не исклучено свој човек да номинираат Франција, Германија или друга повлијателна земја членка каков што беше случајот со преговарачкиот процес на големиот бран на проширувањето во 2004 кога на таа функција беше Германецот, Ферхојген.

Новиот бран на проширувањето е јасно дека ќе се случи. Како ќе изгледа и како ќе функционира таа ЕУ со потенцијални седум нови земји членки тешко е да се претпостави во овој момент. Дебатата ја доби потребната политичка платформа и до крајот на годината нештата ќе станат многу појасни.

Во таа дебата нужно би било да се вклучиме и ние како држава и општество заедно со сите други од регионот за да станеме погласни и повидливи. ЕУ на Балканот направи многу грешки кои резултираа со бројни последици насекаде во регионот. Македонија е посебна приказна. Изневерувањето по ратификацијата на Преспанскиот договор со француското вето и упадот на бугарскиот атавизам во интеграцискиот процес  им нанесе жестока штета на проевропските политики. Голем дел од граѓаните се со право разочарани и скептични кон ЕУ. Па, сепак ако се земе во предвид драматичноста на геополитичките состојби, политичките елити, доколку се навистина тоа, би требало да се обединат во барањето да се добие 2030 како конечен датум за зачленување и се разбира во ставот дека нема да дозволат преговарачкиот процес да биде успоруван од бугарски историски наративи. Кредибилитетот  на овој став ќе биде поголем доколку биде пласиран во пакет со другите земји од регионот кои се во преговарачкиот процес и се разбира со прифаќање на уставните измени.

 

Седење настрана, купување време, пазарења, бакалски муабети за неправди…се само трошење време кое го нема во изобилство кога се случуваат вака динамични геополитички промени. Чучење крај брегот во страв да се влезе во вода за да се исплива до другата страна на брегот е слепило од кое не можете да го видите првиот голем удар на цунамито кое ќе го земе брегот заедно со се вас така уплашени.

Западен Балкан Проширувасње на Европската Унија Членство на РСМ во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.