Author: Ана Василевска

Министераството за финансии го објави проспектот за граѓанската обврзница. Аукцијата е закажана за 13-ти јули, но граѓаните ќе можат уште од понеделник да уплатуваат средства за нејзино купување. Обврзницата е со доспевање на 20-ти јули 2025 година и годишна каматна стапка од 5%. Износот на кој се издава е 10 милиони евра. Проспектот може да се погледне на https://finance.gov.mk/wp-content/uploads/2023/06/DO2023_12_0725_mk.pdf

Read More

Полицијата на Германија, Полска и Велика Британија со поддршка на Европол го уапсила шефот на криминалната мрежа одговорна за измама на стотици постари граѓани, соопшти денеска Европол. Како што се наведува, осомничениот шеф на групата е приведен во близина на Лондон, од каде управувал со мрежа на измамници кои главно биле насочени кон германски и полски граѓани. Во исто време, германската полиција изврши претреси на пет локации и заплени повеќе од 160.000 евра во готовина, златни прачки и накит.

Read More

Владата на Република Косово прогласи две српски организации за терористички, поради вршење акции со терористички елементи како што беа нападите врз косовските полицајци и  војниците на КФОР. Од САД се огласија дека оваа одлука на косовската влада не е во координација со Стејт департментот, иако тие ги осудија насилствата на северот на Косово. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Клан: Косово прогласи  две српски организации за терористички „Северна бригада“ и „Цивилна одбрана“ се прогласени за терористички организации од косовската влада. Според косовскиот премиер…

Read More

Продукцијата Банана филм Скопје сеуште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“, соопштуваат од Агенцијата за филм. „Агенцијата за филм на РСМ ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон предвидена постапка, да се проверат наводите по сите поднесени кривични пријави, со единствена цел утврдување на фактичката состојба и заштита на буџетски средства, јавниот интерес и угледот на Агенцијата за филм на РСМ.“, стои во соопштението. Од таму велат дека поднесените…

Read More

Протестите избија откако полицијата застрела 17-годишно момче во вторникот, потхранувајќи ја длабоката загриженост за полициското насилство и системскиот расизам во земјата. Повеќе од 600 луѓе се уапсени во Франција, по уште една ноќ на протести. Ноќта  беше обележана со грабежи, пожари и оштетувања на јавниот имот, предизвикани од убиството на тинејџер од страна на полицијата на почетокот на неделата. Францускиот претседател Емануел Макрон треба ќе да претседава со кризен состанок попладне, а протестите сега се во третата ноќ. Тој го осуди насилството, кое зафати неколку градови, меѓу кои Марсеј, Бордо, Лион, Гренобл, Анеси, Тулуз и Сент Етјен, како „неоправдано“. Протестите…

Read More

Од суштинско значење за регионот на Западен Балкан е поврзување на платежните инфраструктури со оние во рамки на Единствената европска платежна област (СЕПА), е една од главните пораки од првиот ден на 15. конференција за плаќања и пазарна инфраструктура што во организација на Народната банка и Централната банка на Холандија се одржува во Охрид. Преку прифаќање на принципите и стандардите на СЕПА, како што беше посочено, ќе се подобри ефикасноста кај плаќањата, ќе се намалат трошоците и ќе се олеснат трговијата и инвестициите во и надвор од нашите граници. На првата панел- дискусија, претставници од централните банки на Албанија, Босна…

Read More

Потпретседателката на руската Локо Банка, Кристина Бајкова на 23 јуни беше пронајдена мртва откако наводно паднала од прозорецот на нејзиниот стан на 11-ти кат во Москва, објавија денеска британските медиуми, посочувајќи оти тоа е уште една мистериозна смрт во Русија. Бајкова (28) на 23 јуни паднала од прозорецот и била прогласена за мртва на местото на несреќата. Таа во моментот на падот била со 34-годишен пријател Андреј. Нејзината смрт сè уште е под истрага. Бајкова е последната во низата руски директори кои загинаа паѓајќи од прозорец. Ден Рапопорт, познат критичар на Владимир Путин, кој беше протеран од Русија, беше пронајден…

Read More

Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје вчера организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“. Жарко Трајаноски, од Институтот за медиуми и аналитика ИМА, укажа дека годинава одбележавме десетгодишен јубилеј од донесувањето на Националната стратегија за родова еднаквост, донесена во 2013, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ: „Сега сме во некоја многу чудна ситуација. Некои луѓе викаат, од каде сега „родова еднаквост“. Пред десет години, луѓе, имаме Национална стратегија за родова еднаквост, каде бевте пред десет години да креирате паника дека некој сака да го загрозува семејството?“ – праша Трајаноски.…

Read More

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта не се согласува со плановите на Европска комисија за доделување на дополнителни средства на Украина. Тој истакна дека Унгарија не е подготвена да обезбеди дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, посочи Орбан. – Едно е јасно, ние Унгарците повеќе нема да и даваме пари на Украина додека таа не објасни каде отидоа претходните 70 милијарди евра. И оценуваме дека е крајно смешно и апсурдно што треба дополнително да ги финансираме трошоците за отплата на кредитот од кој сè уште не сме добиле средства, а…

Read More

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека Вашингтон е многу загрижен поради фактот дека косовската Влада не презема конкретни чекори за деескалација на состојбите на северот на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Клан Косово, Ховениер рече дека косовскиот премиер Албин Курти треба да започне со спроведување на планот од три точки, предложен од Европската унија, за излез од напнатата ситуација во косовскиот север, населен со мнозинско српско население. – Пријателите на Косово, земјите и институциите кои одиграле најголема улога во поддршката на Косово на неговиот пат, сите тие бараат…

Read More

Бугарското МНР и претседателот Радев со идентични пораки се огласија околу дебатите во Скопје, дека Софија во текот на преговарачкиот процес може постојано да и` поставува нови услови на РСМ. „Ние не поставуваме никакви нови услови. Единствено сакаме да се исполнат веќе преземените обврски, кои се вградени во Преговарачката рамка, која многу јасно опишува што треба да се прави“, изјавил бугарскиот претседател. Ова тој го истакнал во неговиот говор на синоќешната промоција на книгата на Спас Ташев „Борбата на македонските Бугари за права и самостојност – 68 случаи од периодот 1944-1994 година“. Како што соопшти прес-центарот на бугарскиот претседател, Радев го посочил занемарувањето…

Read More

Пишува:  БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Преспа ја доживува својата ренесанса која како аманет и ја има оставено генијалниот создател на ангелот од Курбиново. Останува најтешкото. Да се напушти цинизмот и дефетизмот во кој е заробено она малку население кое е останото во Преспа а како резултат на една општа депресија во македонското општество и отстуство на љубов и иницијатива да се направи било што како нов квалитет кој би се надоградил на нашето огромно природно и духовно богатство кое ни скока во очи и покрај нашите напори да седиме во скутот на самосожалувањето. Преспа ја знам од многу мал. Во 70 години…

Read More