Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Трајаноски: Зошто токму сега се крева лажна паника за родовата еднаквост?

0
By Ана Василевска on June 30, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Жарко Трајановски
Жарко Трајановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 30, 2023 11:55

Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје вчера организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“.

Жарко Трајаноски, од Институтот за медиуми и аналитика ИМА, укажа дека годинава одбележавме десетгодишен јубилеј од донесувањето на Националната стратегија за родова еднаквост, донесена во 2013, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ:

„Сега сме во некоја многу чудна ситуација. Некои луѓе викаат, од каде сега „родова еднаквост“. Пред десет години, луѓе, имаме Национална стратегија за родова еднаквост, каде бевте пред десет години да креирате паника дека некој сака да го загрозува семејството?“ – праша Трајаноски.

Трајаноски укажа дека се крева паника и за изразот „родов идентитет“, кој одамна е во законите: „Сега некој креира паника дека некој сака да вметне во законите, замислете, родов идентитет. Или, пласира дезинформации во јавноста дека родовиот идентитет го немаме во законите, дека правно не е признаен. Апсолутна дезинформација. Каде се тука новинарите да ја препознаат таа дезинформација и да ја информираат јавноста дека тоа не е вистина? Затоа што родовиот идентитет, го имаме во законите веќе. Родовиот идентитет го имаме дури и во Кривичниот законик [во дефиницијата на „дело од омраза“]. Го имаме родовиот идентитет и во член 407-а, каде што се санкционира оправдување на геноцид [„Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“, и по пат на информационен систем]. Значи, некој пласира намерно дезинформации дека во законите нема родов идентитет, а го имаме во многу закони – не само во Законот за спречување на дискриминација, туку и во повеќе други закони, Законот за социјална заштита, итн. Родовиот идентитет го имаме и во законот за АВМУ, во измените од законот кои што беа со указ потпишани од страна на Ѓорге Иванов. Зошто тогаш никој не креваше паника за родовиот идентитет?“ – праша Трајаноски.

Трајаноски потенцираше дека родовиот идентитет е дел од правниот систем години наназад: „Оттаму, се поставува прашањето, зошто сега некому му текна да крева паника и да пласира дезинформации во врска со овие правни термини, што се дел од постоечкиот правен поредок – родова еднаквост, родов идентитет, па и родова перспектива имаме во законите.  А „сексуална ориентација“ имаме многу одамна. „Сексуална ориентација“ го имаме дури и во Законот за семејство од 2014 година, се спомнува сексуалната ориентација, и тоа баш во контекст на деца. И никој тогаш, кога беше на власт ВМРО-ДПМНЕ, не креваше паника зошто сексуалната ориентација е дел од законот за семејство. Тука имаме некоја политичка интенција и тенденција да се крева некаква паника, да се прават некакви кампањи кои се насочени кон некого“, констатираше Трајаноски.

Трајаноски потсети дека медиумите и новинарите исто така имаат должност да не шират говор на омраза и да не објавуваат дезинформации: „Ние како медиумски работници, и медиумите и новинарите, исто така имаме должност. Клучна должност, прво е да не шират говор на омраза. Потоа, второ, имаат и должност да се борат против говорот на омраза. Имаат должност да не објавуваат дезинформации, туку да ги проверуваат информациите кои што ги објавуваат.“

Трајаноски потсети и на одговорноста и должностите што ги имаат он-лајн медиумите за спречување на говор на омраза во коментарите, а кои не се извршуваат: „Четири прајдови имавме последниве неколку години, на секој прајд гледаме дека се објавуваат видеа во живо, каде што одат стотици, во некои случаи и илјадници коментари преполни со говор на омраза… Медиумите се одговорни, имаат должност да не ги објавуваат тие коментари со говор на омраза, меѓутоа, тие послужија како платформи токму за тоа…“.

Трајаноски илустрираше екстремни коментари на говор на омраза за последниот прајд, кои сеуште не се отстранети, коментари во кои се спомнуваат гасни комори, Аушвиц, во кои се глорификува Хитлер и се повикува Путин да пушти атомска бомба или друго оружје за масовно уништување: „Ова се директни повици не за обично насилство, туку за геноцид. Притоа, се оправдува геноцидот на Хитлер. Хитлер во овие коментари се глорификува, што е кривично дело, според членот од КЗ кој го спомнавме. Тука укажуваме на најекстремни форми на насилство, кои што се глорификуваат, а да не зборуваме за другите форми на насилство во коментарите…“

Трајаноски укажа дека и новинарите имаат должност да спречат ваков вид на говор на омраза, во случај доколку се јави од некои учесници во јавната дебата и да го осудат, а и институциите и невладините организации имаат должност да се борат против говорот на омраза.

Преземено: СМК
Жарко Трајановски Измени на закон за матична евиденција МПЦ родова еднаквост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.