Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово прогласи две српски организации за терористички; САД реагира за некоординираност; Курти излезе со осум предлози за надминување на ситуацијата

0
By Ана Василевска on June 30, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 30, 2023 13:34

Владата на Република Косово прогласи две српски организации за терористички, поради вршење акции со терористички елементи како што беа нападите врз косовските полицајци и  војниците на КФОР. Од САД се огласија дека оваа одлука на косовската влада не е во координација со Стејт департментот, иако тие ги осудија насилствата на северот на Косово.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Клан: Косово прогласи  две српски организации за терористички

„Северна бригада“ и „Цивилна одбрана“ се прогласени за терористички организации од косовската влада.

Според косовскиот премиер Курти, овие две организации извршиле акции „со терористички елементи“, како што се: вооружени напади врз припадници на косовската полиција, членови на Мисијата на Европската унија за владеење на правото – ЕУЛЕКС и војници на мисијата на НАТО на Косово, КФОР, пренесе Клан.

Радио Европа е Лире – САД: Прогласувањето на две организации на север за терористички е некоординирана одлука

Американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа изјави дека Владата на Косово не се координирала со Вашингтон во врска со прогласувањето на „Цивилна одбрана“ и „Северна бригада“ за терористички организации.

„Одлуката на Владата на Косово да ги прогласи овие групи за терористички организации не беше координирана со САД и другите меѓународни партнери. Оваа одлука треба да биде координирана со најблиските меѓународни партнери на Косово, вклучувајќи ги и оние кои имаат примарна одговорност да ја обезбедат стабилноста на Косово. Повторно го повикуваме Косово да се воздржи од еднострани чекори додека работиме со сите страни за решавање на актуелната криза“, изјави портпаролот на Стејт департментот,  за Радио Слободна Европа.

Коха: Осумте чекори  на Курти за надминување на состојбите и идејата за меѓународна конференција

Косовскиот премиер, Албин Курти, пред неколку дена и презентираше неколку  точки на Владата на Косово за надминување на ситуацијата, а побара и други да се пополнат од  страна на Србија.

Чекорите предложени од Курти кои Владата на Косово е подготвена да ги преземе, се:

*Намалување на присуството на косовската полиција во општинските згради и нивната околина, постепено и пропорционално со намалување на насилството;

*Целосен пристап до судските процеси на сторителите на насилство и следење на процесите од страна на ЕУЛЕКС и заинтересираните невладини организации за човекови права;

*Во четирите северни општини да се активираат предвремени избори со петиција за отповикување поддржана од најмалку 20 отсто од гласачкото тело, како што е предвидено во косовското законодавство. Откако ќе се потврди дека се исполнети условите за повлекување, претседателот го објавува датумот на изборите;

*Актуелните четворица градоначалници ќе добијат инструкции да ги предадат своите овластувања на новите градоначалници по овластувањето од ЦИК во согласност со косовското законодавство.

Курти посочи  дека очекува од Србија да се исполнат следниве точки:

*Отстранување на насилните демонстранти од општинските згради и нивната околина;

*Посветеност на соработка во притворот и судските постапки на сторителите од страна на Косово, со мониторинг од ЕУЛЕКС и целосни гаранции за правично судење;

*Намалување на подготвеноста на вооружените сили на ниско ниво, нема нови движења на војници, отстранување на 48 напредни оперативни бази лоцирани долж границата.

*Србија не треба да го попречува или да се меша во правото на граѓаните од српската припадност на Косово и на сите политички партии да учествуваат слободно, без никакво заплашување, принуда или коруптивно влијание, во процесот на локалните избори во Косово, пренесува Коха.

Сури.нет: ЕК ја поддржува идејата за меѓународна конференција за Косово и Србија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја поддржа идејата за меѓународна конференција за Косово и Србија, со цел да се намалат тензиите меѓу нив.

„Сакам да кажам дека ја поддржуваме и идејата за организирање, што поскоро, конференција – заедно со неколку земји-членки на ЕУ“, рече Мишел, нагласувајќи ја потребата од координација со САД, пренесува Сури.нет.

АЛБАНИЈА

Панорама: Систем со 4 изборни единици во Албанија и отворени листи – Помалите партии бараат промена на изборниот систем

„Иницијативата „Турје“, поддржана од неколку други опозициски партии, вчера започна кампања за промена на изборниот систем во Албанија.

Шефот на ЛЖК, Дашамир Шехи, на прес-конференција заедно со „Иницијативата Турје“, Републиканската партија и Аграрната еколошка партија, рече дека останува единствената шанса да се урне доминацијата на СП-ПД на изборите. Се бара да се одржи референдум на кој граѓаните ќе бидат прашани за промена на изборниот систем со предлозите на иницијативата Турје и другите опозициски партии. Шехи рече дека оваа иницијатива ќе биде во центарот на политичкото делување до следните парламентарни избори.“, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Зошто нашата демократија произведува хумор?!

„Во пресрет на изборите јавноста најчесто слуша за демократската „култура“ на кандидатите, но повеќе од тоа, се дави  во ветувања. Кандидатите даваат речиси „допирлива“ благосостојба, од покачување на платите, нови фабрики, поефикасни услуги, пензии и се друго што може да му дојде на ум на граѓанинот.“, пишува авторот Бен Андони во колумната „Зошто нашата демократија произведува хумор?!, објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири

Извор Цивил Медиа

ЕК Избор од албански медиуми Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.