Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Уставниот суд на Црна Гора на денешната седница едногласно ги укина измените на Законот за претседател што беа донесени во декември минатата година, соопшти судот, од каде уште најавија дека денешната одлука ќе биде објавена во „Службен весник на Црна Гора“. Измените на Законот за претседател, што се однесуваат на процедурата за избор на мандатар за формирање влада, беа усвоени во декември минатата година, откако поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, одби да му го даде мандатот за формирање на нова влада на Миодраг Лекиќ, кој беше предложен од парламентарното мнозинство. Бидејќи парламентарното мнозинство предводено од Лекиќ не можеше…
На самитот на Алијансата што следниот месец ќе се одржи во главниот град на Литванија, Вилнус, Украина треба да добие политичка покана за членство, посакува украинскиот претседател, Володимир Зеленски. „Има многу причини да се упати политичка покана до Украина да се приклучи на Алијансата“, напиша тој денеска на каналот Телеграм. Украинскиот претседател побара и безбедносни гаранции од НАТО доколку неговата земја во блиска иднина не стане членка на Алијансата. Зеленски призна дека има целосно разбирање за безбедносните гаранции за Украина до моментот на пристапување во Алијансата, но не даде дополнителни детали. Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, минатата недела изјави…
Лидерот на босанските Срби Милорад Додик денеска грубо го нападна Уставниот суд на Босна и Херцеговина, прибегнувајќи кон шовинистички навреди против судиите поради нивната националност, јави Хина. Додик дојде на седницата на Парламентот на Република Српска во Бања Лука за да ги убеди претставниците да усвојат закони според кои одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина нема да се спроведуваат во тој ентитет, како и дека властите на РС ќе ги заштитат од гонење оние кои одбиваат да ги спроведат овие одлуки и на кои поради тоа им се заканува казна затвор до пет години. Во долгиот говор пред…
Набљудувачката мисија на Обединети нации во Украина денеска соопшти дека Русија привела повеќе од 800 цивили од почетокот на конфликтот во февруари минатата година, од кои 77 биле егзекутирани. Во извештајот на Мисијата на ОН се наведува дека и Украина исто така го прекршила меѓународното право со произволно приведување цивили, но во многу помал обем. Идентификувани се модели на однесување што резултираа со произволно притворање, како и дополнителни прекршувања на човековите права, вклучително тортура, малтретирање и присилно исчезнување, се наведува во извештајот. Во документот на ОН се посочува и дека руските притвори се случиле во двете земји.
Годинава се одбележуваат седум децении од постоењето на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Во рамките на отворените денови на Институтот се организираат неколку настани, излагања и научни конференции. Од утре почнува дводневна научна комуникација меѓу учесниците и професорите за да се видат новите сознанија како во македонистиката така и воопштво во лингвистиката. „Во рамките на отворените денови веќе осма година организираме меѓународна научна конференција Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања. Годинава централна тема заради јубилејот се разбира е 120 години од излегувањето на книгата „За макдонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков и се поканети…
Уредникот и новинар Џабир Дерала очекува сериозно да се разгледа случајот со првостепената неправосилна пресуда во полза на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за клевета, бидејќи, како што вели, политичарот ја злоупотребува пресудата во остварувањето на цели насочени против слободата на говорот и демократијата. Според новинарот, нападот на Мицкоски има карактер на лична пресметка, но целта е да се дискредитираат и заплашат неистомислениците, а особено носителите на прогресивните идеи и ставови. „Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат. На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој…
Унапредувањето на родовата еднаквост во општеството не е задоволување потреба за политички луксуз или за делење незаслужени привилегии на одредени групи, туку стремеж за целосно заживување на идејата дека секој поединец треба да има еднакви права, можности и слободи, независно од полот, родот, етничката, културната, религиозната и социјалната припадност. Предлог-законот за родова еднаквост кај дел од јавноста предизвика вознемиреност, загриженост и чувство на закана за хомогеноста на општеството и за неговата виталност, затоа што, наводно, политички се привилегираат и се задоволуваат мали групи чии интереси и мотиви се разликуваат од оние кои доминантно се споделуваат од мнозинството. Системското артикулирање на…
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во рамки на работната посета на Стразбур присуствуваше и се обрати на седмиот пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија. Како што информира Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Република Северна Македонија иако по територија е мала држава, таа е дом на многубројни етнички заедници. „Ромите се народ кој е признат и впишан во македонскиот Устав, имаат своја општина, свој градоначалник, своја локална самоуправа, единствена во Европа. Но, не значи дека предрасудите автоматски исчезнаа. Долготрајни беа напорите и на институциите, но уште повеќе на невладиниот сектор, најнапред да се направи разлика меѓу…
Собранието на Република Северна Македонија во секој момент е подготвено да ја почне постапката за уставни измени, изјави денеска претседателот на Парламентот Талат Џафери на брифинг со новинарите. Од моментот кога тие ќе бидат доставени до Собранието од предлагачот до моментот на утврдување на потребата за промена на Уставот потребни се 30 дена. Засега, како што вели, нема најава кога уставните измени би можеле да влезат во собраниска процедура. -Собранието секако е подготвено во секој момент како ќе постапат овластените предлагачи, надлежните институции ние сме подготвени да постапиме според процедурите и роковите во Деловникот, изјави Џафери по средбата со новинарите.…
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива. На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на блиската соработка и партнерство за постојана стабилност и отпорност на Југоисточна Европа. Тој оцени дека изминатата година ја одбележаа низа позитивни придвижувања на европската агенда, отворањето на преговорите со Скопје и Тирана, доделувањето кандидатски статус на Сараево, Кишињев и неодамна, одобрувањето на визната либерализација за…
Жива, пестициди, пластификатори, па дури и ретки елементи – овој коктел може да се најде во косите на француските сенатори, јавија француските медиуми. Тоа се нагласува во резултати од анализата на косата на 26 француски сенатори. Во јули минатата година, тие истрижаа прамен од косата и го доставија на анализа во приватната и независна лабораторија „TocSeek“, што детектира во основа траги од присуство на 1.800 загадувачи и 49 метали. Резултатите од анализите на косата на сенаторите беа објавени денеска. Во оваа прилика, сенаторката Анжел Превил рече: „Ова е сигнал за тревога што го добиваме. Ако се најдат такви работи во…
Парите се наменети за агрокомплексот и за сите потенцијални инвеститори во земјоделското производство, руралниот туризам, бизниси што се водат како услуги на рурално население во кои влегуваат градинки, фризерски салони, спортски објекти, ветеринарни амбуланти, изградба на старски домови и многу други семејни бизниси Земјоделците, но и преработувачите, како и оние што сакаат да се занимаваат со рурален туризам, пред себе имаат голем предизвик – да искористат неповратни пари што доаѓаат од Европската Унија преку програмата ИПАР 3. Но, за да се стигне до тие пари, патот не е лесен. Во наредниот период се очекуваат и повици за аплицирање. „Слободен печат“…