Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот

0
By Ана Василевска on June 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица
Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 27, 2023 11:20

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива.

На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на блиската соработка и партнерство за постојана стабилност и отпорност на Југоисточна Европа.

Тој оцени дека изминатата година ја одбележаа низа позитивни придвижувања на европската агенда, отворањето на преговорите со Скопје и Тирана, доделувањето кандидатски статус на Сараево, Кишињев и неодамна, одобрувањето на визната либерализација за Приштина, пренесува РТЦГ.

„Поставени како сеопфатен приоритет на нашето претседателство, европската интеграција останува главен катализатор за неопходните политички, институционални, економски и безбедносни реформи за аспирантите од нашиот регион и пошироко. Регионот мора да најде консензус за да продолжи напред со заеднички напори и да го забрза процесот на интеграција. Според тоа, членството во Европската Унија не треба да се гледа како еднократен збор, туку како постојан баланс на взаемна одговорност и придобивки“, рече Милатовиќ.

Тој потсети дека Црна Гора неодамна ја прослави шестгодишнината од членството во НАТО и оти влезот во Алијансата може да се смета како увертира за приемот на земјата во ЕУ.

Претседателот на Црна Гора истакна дека е привилегија што на самиот почеток на својот мандат има можност да размени мислења со највисоките претставници на членките на ПСЈИЕ за можностите за натамошен развој на регионалната соработка во рамките на овој важен форум.

– Црна Гора придава големо значење на зајакнувањето на регионалните врски и ја гледа регионалната соработка како предуслов за севкупен развој, стабилност и обезбедување подобар квалитет на живот за сите наши граѓани, рече Милатовиќ.

Тој истакна дека заканите кои произлегуваат од руската инвазија на Украина ја доведоа безбедноста на самиот врв на регионалната и европската политичка агенда и додаде дека членките на ПСЈИЕ се длабоко загрижени за актуелните тензии во регионот и дека очекува одржливи решенија да се постигнат преку мир и дијалог.

ЕУ Јаков Милатовиќ Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.