Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родовата еднаквост не е политички луксуз

0
By Ана Василевска on June 27, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ОПШТЕСТВО
Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 27, 2023 13:45

Унапредувањето на родовата еднаквост во општеството не е задоволување потреба за политички луксуз или за делење незаслужени привилегии на одредени групи, туку стремеж за целосно заживување на идејата дека секој поединец треба да има еднакви права, можности и слободи, независно од полот, родот, етничката, културната, религиозната и социјалната припадност.

Предлог-законот за родова еднаквост кај дел од јавноста предизвика вознемиреност, загриженост и чувство на закана за хомогеноста на општеството и за неговата виталност, затоа што, наводно, политички се привилегираат и се задоволуваат мали групи чии интереси и мотиви се разликуваат од оние кои доминантно се споделуваат од мнозинството. Системското артикулирање на диверзитетот во разликите се препознава како варварски чин што може да го еродира општествениот вредносен консензус врз чија основа егзистира државата.

Критичкиот пристап во дебатата за предложените законски решенија дополнително се отежнува и со мобилизацијата на одредени политичко-конзервативни центри, кои преку својата јавна реторика како да се обидуваат да го затскријат стравот од промени со кои се поткопуваат дел и од институционализираните и од неинституционализираните, а централизирани структури на моќ, кои ги привилегираат и им овозможуваат општествено влијание. Преовладува атмосфера во која гласот на разумот се стишува и повлекува од налетот на молкот и говорот на омраза, а јавната реторика го намалува степенот за прифатливост на разликите.

Притисоците за политички конформизам кон јавни ставови, кои во себе вградуваат стереотипи и предрасуди, може да се релативизираат и да се надминат ако застапувањето одредени позиции, ставови или мислења се засноваат на вредносни позиции, како основа од која произлегува конзистентност во политичкото делување или во креирањето и спроведувањето на националните политики. Во потрагата по изворите на политичката конзистентност и рационалност во делот на родовата еднаквост, социјалдемократијата дава цврста и прогресивна основа.

Унапредувањето на родовата еднаквост во општеството не е задоволување потреба за политички луксуз или за делење незаслужени привилегии на одредени групи, туку стремеж за целосно заживување на идејата дека секој поединец треба да има еднакви права, можности и слободи, независно од полот, родот, етничката, културната, религиозната и социјалната припадност, како и независно од тоа дали се карактеризира со одредена попреченост или сексуална ориентација. Тоа е дел од задоволувањето на универзалните претензии на вредноста на еднаквоста и на нејзината дисперзија во целокупниот општествен простор. Со стремежот за обезбедување на родовата еднаквост се поддржуваат принципите на правичност, недискриминацијата и инклузивност, кои се основниот извор на просперитетот на демократијата. Унапредувањето на родовата еднаквост е унапредување на демократијата.
Социјалдемократите се стремат да создадат инклузивни општества каде што поединците треба да бидат поддржани во ослободувањето од општествените очекувања или од претходно социјално конструирани улоги, како ограничувачки фактори при изборот на нивните цели и аспирации, како и нивното остварување. Постигнувањето родова еднаквост во општеството, не е само прашање на правда и правичност туку и суштинско за градење инклузивно и просперитетно општество.

Кога жените се подеднакво застапени во политичките институции, нивните перспективи, искуства и приоритети се вклучени во локалните и во националните политики, во општеството се негува разновидно и балансирано одлучување, кое ги одразува потребите и интересите на целото население, а не само на негов парцијален дел.

Прифаќањето на остварувањето на родовата еднаквост, како политичка цел, претставува дел од мозаикот на едно општество и на неговата идеја за градење општество на прифаќање, општество што е подеднакво безбедно за сите, ослободено од стравот дека различностите носат социјален хендикеп и исклучување. Врз основа на оваа политичка мотивација, а во духот на социјалдемократија, можеме да направиме секој индивидуален избор, секој живот, независно од тоа дали и колку се разликува од нашиот, во нашата држава да биде доволно вреден за институционално да биде препознаен и заштитен од маргинализирање, дискриминирање и од стигматизирање, а со тоа да живееме покрај различностите.

Политичката свест за потребата од родова еднаквост во општеството е и свест за постоење стерилизиран економски потенцијал потиснат под пластовите на родовите стереотипи и предрасуди во општеството. Задачата на одговорните политичари е овој баласт на економскиот раст и развој на државата да го ослободат. Кога жените имаат еднаков пристап до образование, ресурси, вработување и до економски можности, тоа води до зголемена продуктивност во економската активност и во ослободување иновативен потенцијал. Ова е важно и од аспект на борбата против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, затоа што градењето силна економска улога на жените значи создавање поправедно општество во кое поголем број домаќинства ќе се извлечат од сиромаштијата.

Според податоците на Светска банка, во светот речиси 2,4 милијарди жени на работоспособна возраст сè уште ги немаат истите права како мажите. Според процените, затворањето на родовиот јаз во вработеноста може да го зголеми долгорочниот БДП по глава на жител за речиси 20% во просек низ земјите во светот. Истражувањата проценуваат дека глобалните економски придобивки ќе бидат од 5.000 до 6.000 милијарди долари доколку жените почнат и развијат нови бизниси со иста стапка како и мажите. Светски реномираната консултантската фирма McKinsey@Company проценува дека компаниите кои имаат родово диверзифицирано менаџирање имаат за 21% поголема веројатност да остварат натпросечна профитабилност. Притоа се забележува дека компаниите со поголема застапеност на жените во раководните структури забележале 42% повисок принос на продажба и 66% повисок принос од вложениот капитал споредено со оние во кои доминираат само мажи.

Родовата еднаквост во економската сфера не е само прашање на застапеност, туку и средство за постигнување подобри економски резултати. Овде може да се нагласи и една социјална димензија во која родовата еднаквост придонесува за подобри здравствени резултати, подобрено образование за децата, намалено насилство врз жените и за посилни врски во семејството и во заедницата.
Унапредувањето на родовата еднаквост во целокупното општество бара од политичките актери да ја напуштат улогата на освојувачи на минатото и да се препуштат на улогата на ослободувачи на идните генерации од ограничувачките родови очекувања. Во ова редефинирање на политичките улоги, вредностите и концептите треба да бидат извор на конзистентност, затоа што на тој начин се еродира потребата од политички конформизам кон општоприфатени стереотипи и предрасуди кои родовата еднаквост ја подредуваат под политички луксуз. Еднаквоста не е непотребна, не е излишна, а уште помалку претерана, таа не е луксуз – секој во својата различност заслужува да ја искусува.

(Авторот е вицепремиер за економски прашања)

Колумната е објавена во Слободен печат

родова еднаквост Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.