Author: Ана Василевска
Му благодарам на оној кој и покрај, во најмала рака неетичкото однесување, ја објави електронската преписка која ја имав со дел од раководниот тим на Филхармонија, и ја направи видлива пораката во која напишав: „ќе биде како што сме се договориле“. И еве, како што гледате, јас зборот го одржав.нагласи Костадиновска- Стојчевска. Новоформираната Национална установа Џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса – во зграда бр.1, влез 1, на бул.„Гоце Делчев“ бр.4, на Катастарска парцела бр. 9505/1, Катастарска општина Центар 1, со Имотен лист бр. 40986. Ова денеска на прес конференција го соопшти министерката за култира…
Потребно е да се придржуваме до Патоказот на меѓународната заедница за деескалација, со потсетување дека Силите на НАТО во Косово (КФОР) имаат задача да овозможат безбедно и сигурно опкружување во северните косовски општини, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на Твитер. „Во својство на министер за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ разговарав со шефовите на дипломатиите на Србија и Косово. Го повторив мојот повик за итна деескалација во северните општини во Косово“, наведе Османи во твитот. Според него, од клучно значење е Србија да овозможи итен пристап приведените косовски полицајци и да ги ослободи. – Клучно е сите страни…
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека неговиот предлог да се провери имотната состојба на царинските службеници, ќе придонесе во зголемување на транспарентноста и општествениот кредибилитет на институцијата. Проверката на имотната состојба, како што посочи, може да се направи преку интерни постапки и не значи ветинг. „Мислам дека ако тоа се примени во Царина, ќе се зголеми нивната транспарентост, ќе добијат на тежина и на општествен кредибилитет, бидејќи ако некој нема што да крие, нема ни потреба да не поддржи еден таков процес, изјави денеска Ковачевски“, одговарајќи на новинарски прашања. Ковачевски вчера во одговор на новинарско прашање поврзано со барањата на вработените…
Албанската државна полиција денеска соопшти дека започнала оперативна контрола во кампот на муџахедините „Ашраф“ во Манез, кај Драч, каде се сместени над три илјади лица. Според соопштението на Државната полиција, контролата доаѓа во рамките на одлуката на Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал. „Во спроведување на одлуката на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал и налогот за извршување на Обвинителството при овој суд, за контрола на сите простории и канцеларии во кои живеат лицата од хуманитарни цели, државната полиција во рамки на оперативен план, започна контрола на сите простории и канцеларии во кампот на МЕК, во…
ЦИВИЛ – Центар за слобода организира комеморација за Крешник Ајдини, интелектуалец, новинар и општествен деец, кој почина на 16 јуни 2023 година, на 55 годишна возраст. Комеморацијата за нашиот другар, колега и почесен член на ЦИВИЛ, Крешник Ајдини, ќе се одржи утре (среда), на 21ви јуни, во 13 часот, во Албански театар, Скопје. „Ве покануваме заедно да искажеме последна благодарност и љубов кон нашиот другар и колега и да ја спомнеме неговата големина преку нашите сеќавања за него“, велат од ЦИВИЛ. Крешник Ајдини е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа…
Претставниците на владите на Германија и на Кина предводени од канцеларот Олаф Шолц и кинескиот премиер Ли Кечијанг денеска во Берлин се очекува да разговараат за натамошната соработка меѓу двете земји. Главна тема ќе биде борбата против климатските промени и поврзаното реструктуирање на економијата, но разговорите најверојатно ќе се фокусираат и на трговските односи и руската војна против Украина, за чиј крај Кина се обидува да посредува. Германската Влада редовно свикува консултации со особено важни партнери или земји кои се од големо значење за Берлин. Од кинеска страна во консултациите ќе учествуваат десет владини претставници, а од германска страна девет.…
Во среда, 21 јуни, со почеток од 21 часот, Биг Бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, ќе одржи целовечерен концерт насловен “Jazz & Roll,” на платото пред Филхармонија Кафе Бар. Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а влезот е бесплатен. „Светскиот ден на музиката се слави секоја година на 21 јуни. Овој датум е избран да се совпадне со летната долгоденица, ден кој ја симболизира совршената рамнотежа на светлината и темнината и служи како метафора за хармонијата и единството што музиката ги носи во нашите животи, надминувајќи ги разликите и поттикнувајќи чувство…
Претседателот Стево Пендаровски утрово го посетил активистот Суад Мисини, кој во текот на вчерашниот ден почна штрајк со жед, со цел да им помогне на граѓаните кои имаат проблем со личните документи. Како што информираше Пендаровски на својот фејсбук профил, во разговорот го информирал Мисини дека го потпишал Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните. „Со овие измени им се овозможува на над 600 наши граѓани да ги решат нивните проблеми и да добијат лични документи. Исто така со измените ќе се реши и проблемот со бездржавјанството и на секое дете кое ќе биде…
Пишува: Борјан Јовановски Од 2007-та по приемот на Бугарија и Романија, ЕУ и Балканот ја играат играта која во бриселскиот еврократски жаргон се опишува како „ние се преправаме дека се прошируваме, а тие се преправаат дека се реформираат“ . Оваа сцена на театарот на апсурдот почна да боде очи со бруталниот руски упад во Украина и порастот на руските апетити кон Балканот. Новата геополтичка реалност ги разбуди лидерите на европските држави кои конечно почнаа да размислуваат за модалитетите на реанимација на процесот на проширувањето. На чело на ова мисија застана Германија со нејзината социјал – демократска влада и нивните зелени…
Наводно, Оушн Гејт наплаќа 230.000 евра по патник за патувањето до потонатиот брод Титаник, кое трае осум дена и се спушта на длабочина од 3.800 метри. Спасувачките екипи очајно трагаат по пловилото што во неделата исчезна во Атлантскиот Океан. Тимовите за пребарување се борат со времето за да ја пронајдат туристичка подморница која исчезна за време на посетата на остатоците од Титаник. Наводно, во подморницата имало пет лица, вклучително и француски и британски државјани. Ним им останало кислород за најмногу четири дена, броејќи од понеделникот попладне. Заедничкиот координативен центар за спасување во Халифакс, Нова Шкотска соопшти дека бродот бил пријавен…
Предлог-иницијативата за уставни измени која од минатата недела е во владина постапка најверојатно денеска ќе биде разгледана и усвоена на седница на Владата, најави министерот за правда, Кренар Лога. Премиерот Димитар Ковачевски вчера повторно го повика ВМРО-ДПМНЕ да опстои на искажаното на прес-конференцијата по лидерската средба одржана на 7 јуни и заеднички да ги донесат одлуките што се значајни за иднината на државата, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, исто така повтори дека нема да прифатат уставни измени под бугарски диктат. За Ковачевски, она што е постигнато на лидерската средба е добра основа да се продолжи понатаму, да се направи…
Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува утре со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а потоа следи гостување на 22 јуни во Тирана и на 24 јуни во Скопје, со што ќе се означи почетокот на соработката на оваа иницијатива на полето на културата, јави дописникот на МИА од Белград. Во неделата што претстои, иницијативата Отворен Балкан (ОБ) ќе ја открие и својата културна димензија. Помирување и културна толеранција, отворањето нови канали за комуникација за независните културни организации, нудење можност за регионално вмрежување,…
