Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен Балкан на културно поле почнува со Гала-концерт на Зубин Мехта и Филхармонијата во Белград

0
By Ана Василевска on June 19, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Зубин Мехта
Зубин Мехта
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 19, 2023 14:47

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува утре со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а потоа следи гостување на 22 јуни во Тирана и на 24 јуни во Скопје, со што ќе се означи почетокот на соработката на оваа иницијатива на полето на културата, јави дописникот на МИА од Белград.

Во неделата што претстои, иницијативата Отворен Балкан (ОБ) ќе ја открие и својата културна димензија. Помирување и културна толеранција, отворањето нови канали за комуникација за независните културни организации, нудење можност за регионално вмрежување, ќе биде нов чекор и задача во соработката на земјите од регионот.

Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ, најавувајќи го почетокот на реализација на Отворен Балкан на културно поле, за РТС изјави дека иницијативата ОБ беше создадена најпрвин како платформа важна за економска соработка на земјите од ОБ или на оние кои ќе се приклучат во иднина, но на самитот во Охрид на министрите за култура се роди идејата, таа дефинитивно да се прошири и на културниот сегмент.

„По тој повод во Охрид ние тројцата како министри за култура на Србија, Северна Македонија и Албанија потпишавме меморандум за соработка во сите сегменти на културата“, рече Гојковиќ.

„Сега веќе имаме соработка во областа на националниот театар што го почна Светислав Гонциќ, потпишаа и договори, три претстави, опери, балети, а се договоривме иницијативата Отворен Балкан во областа на културата да започне токму со прославата на стогодишнината на Белградската филхармонија, каде Зубин Мехта предложи да се одржат три концерти, првиот е во Белград, утрешниот Гала-концерт во присуство на министерката за култура на Северна Македонија, а потоа ќе се оди во Скопје и Тирана, со што ќе го означиме почетокот на нашата голема соработка во областа на културата, рече таа.

Гојковиќ најави и дека уметници од сите три земји на 13 јули во Културниот центар на Србија во Париз со голема премиера заеднички ќе имаат изложба „што е значајно за креативност на овие земји да се претстават во странство и ќе покажеме што ги обединува овие три земји во областа на културното и природното наследство“.

„Кустосот е личност која е многу позната во меѓународните кругови, како некој што е значаен за уметничкото творештво, таа избра тројца автори од трите земји, а Србија ја претставува Нина Кнежевиќ. Сите тројца уметници добија задача да го проучуваат она што не обединува на Балканот и во областа на заштитата на животната средина, културното наследство и сите тројца уметници ќе одговорат токму на таа тема“, рече Гојковиќ.

Таа додаде дека наредната година во КИЦ на Србија во Париз, за време на Олимпијадата, уметниците од Отворен Балкан ќе имаат шест месеци настап и презентација.

Диригентот Зубин Мехта со својот успешен настап во Белград ја започнува својата регионална турнеја како дел од иницијативата Отворен Балкан, а ќе ја предводи Филхармонијата на концертите во Тирана на 22 јуни и во Скопје на 24 јуни.

На програмата на сите три концерти се Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз.

„Многу сум среќен што ќе свириме во Северна Македонија и Албанија. Прв пат ќе настапам во Тирана, а по втор пат ќе бидам во Скопје. Бев во Скопје во 1963 година по разорниот земјотрес … Сигурен сум дека и во Скопје и во Тирана ќе имаме одлични концерти со Белградската филхармонија“, изјави Мехта.

Белградска филхармонија Зубин Мехта Министертсво за култура отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.