Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Германската регионална медиумска групација „Рајнише пост“ денеска отпечати вонредни изданија на своите весници по кибер нападот врз нејзиниот внатрешен давател на ИТ услуги, што се случи на 16 јуни, јави ДПА. Печатените и дигиталните изданија на регионалните весници во Западна Германија не можат да се нудат во нивната вообичаена форма, објави „Рајнише пост“, додавајќи оти поради нападот биле исклучени неколку технички системи и интернетот. Според медиумската групација, очигледно не биле украдени никакви податоци, вклучувајќи ги и податоците за клиентите. Новинските портали на погодените весници денеска беа достапни само во ограничена мера. Реагиравме навреме, деноноќно работиме на решавање на проблемите и…
Премиерот Димитар Ковачевски повтори дека на прес-конференцијата по одржаната лидерска средба јасно биле искажани позициите и од негова страна, како и од страна на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „Сметам дека таа лидерска средба даде неколку важни пораки. Прво, дека ВМРО – ДПМНЕ не е против промена на Уставот, второ дека не е против вклучување на делови од други народи во Преамбулата на нашиот Устав, вклучително и на деловите од бугарскиот народ. Трето, дека овој парламентарен состав има легитимитет тоа да го направи, бидејќи пред тоа ВМРО – ДПМНЕ кажуваше дека нема. Четврто, дека оваа Влада има легитимитет,…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека лидерите на Северноатлантската алијанса нема официјално да ја поканат Украина да стане нивна членка, на самитот во Вилнус, Литванија, на 11 и 12 јули. „На самитот во Вилнус, но и за време на подготовките за самитот, нема да разговараме за официјалната покана, изјави Столтенберг по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин“, пренесуваат британските медиуми. Тој додаде дека лидерите ќе разговараат како Украина да се приближи до членството во НАТО. Генералниот секретар предупреди дека е против прифаќање на статусот на замрзнат конфликт во Украина. „Сакаме крај на војната, но мирот…
Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни. „Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот“, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна. Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како…
Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно реагираше на тензичната ситуација на северот на Косово, испраќајќи порака до премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ Тој предупреди на нарушувањето на односите Албанија-Србија, доколку тројцата косовски полицајци не бидат ослободени, а го објави и повикот на американскиот Стејт департмент до Србија, барајќи нивно ослободување. „Колку подолго се држат овие тројца мажи во Србија, дури и ако ја поминале граничната линија, не сториле никакво кривично дело, толку помалку ќе биде можно нашите билатерални односи да не направат многу чекори назад! Ова ќе биде недела на враќање на мразот меѓу…
Тоа што се случи во Судски совет сите не загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија, за кои разговарам и со политичките партии и со власта, е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело, изјави министерот за правда Кренар Лога. Повеќе информации, посочи Лога, ќе добиеме во следните денови, откако ќе разговарам и со опозицијата во Собранието. „Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите кои што може ние да ги имаме…
Мнозинството Полјаци, за разлика од полските власти, го поддржуваат предлогот за реформа на азилот во Европската Унија и обезбедување солидарна помош за најпогодените земји, додека 42 отсто од граѓаните очекуваат ЕУ да им помогне во грижата за Украинците, што Брисел инаку веќе го прави. „Предлогот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, на кој властите во Варшава сакаат да распишат референдум, нарекувајќи го диктат од Брисел, го поддржуваат 55,6 отсто од Полјаците во новата анкета на агенцијата ИБРИС за полскиот весник „Жечпосполита“. Во исто време, 42,9 отсто од анкетираните сакаат Полска да побара од ЕУ средства за помош на украинските…
Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук. Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека за да се добијат нови дози, земјата мора да ослободи простор во ладилниците. „Уништувањето ќе се случи во најскоро време, објасни министерот“.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се состана со највисоките дипломати во Пекинг додека ја продолжува својата дводневна мисија да се обиде да ги смири тензиите меѓу САД и Кина. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделникот го започна вториот и последен ден на критични состаноци со високи кинески претставници. Двете страни изразија подготвеност да разговараат, но покажаа мала склоност да се наведнуваат на зацврстените позиции кои ги зголемија тензиите. Блинкен се состана со главниот кинески дипломат Ванг Ји околу три часа, според американски официјален претставник, но сè уште не е потврдено дали Блинкен ќе се сретне со претседателот Кси Џинпинг…
Клучна порака од Преспа форумот е дека со дијалог се решаваат најтешките прашања, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на утринското гостување на МТВ. „Имавме панел посветен на миграција како предизвик, кој исто како тероризмот, кибер криминалот, и друго, ќе бидат долготрајни борби. Процесот, односно проблемот со миграцијата, кој имаше експанзија во 2016 година, не застанува и денес, а секако ќе продолжи понатаму. Тоа бара заеднички политики и стратегии за тоа како да пристапиме сите. Нема решение на вакви глобални предизвици ако самостојно градите политики. Тоа мора да биде на регионално и глобално ниво да се справуваме со миграцијата“,…
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар денеска потврди дека украинските сили ослободиле осум населени места во последните две недели во нивните офанзивни операции, вклучувајќи го и селото Пијатикатки. -Во текот на двенеделните офанзивни операции на правците на Бердијанск и Мелитопоље, беа ослободени осум населени места, изјави Малиар во апликацијата за пораки Телеграм. Официјален претставник во Русија претходно изјави дека Украина повторно го зазела Пиатикатки, село во јужниот регион Запорожје.
По разговори со НАТО, претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, најави дека ќе отпатува во Вашингтон за да разговара за ситуацијата на северот на Косово, а косовската полиција соопшти дека уапсила осомничен за нападот врз новинарите во Лепосавиќ на 16 јуни… Ова се само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО РЕЛ: Лајчак најави разговори во САД за ситуацијата во Косово „Претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, најави дека ќе отпатува во Вашингтон за да разговара за ситуацијата на северот на Косово. „Ќе…