Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лога: Едно од можните решенија е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет

0
By Ана Василевска on June 19, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 19, 2023 12:51

Тоа што се случи во Судски совет сите не загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија, за кои разговарам и со политичките партии и со власта, е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело, изјави министерот за правда Кренар Лога.

Повеќе информации, посочи Лога, ќе добиеме во следните денови, откако ќе разговарам и со опозицијата во Собранието.

„Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите кои што може ние да ги имаме како решение“, појасни Лога.

Одговарајќи на новинарски прашања за резултатите од анкетата на ОБСЕ за негативните оценки за судскиот систем, Лога посочи дека при крај е Стратегијата за 2023-2027 година, во чија работна група се дел од институциите, истакнати професори, академци, кои, како што посочи, ќе кажат како да се справиме со овој голем предизвик во судството.

„Загрижен сум за истите бројки и податоци, кои ги кажува не само извештајот на ОБСЕ, туку и сите други институции во државата и меѓународната заедница, изјави Лога“, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на канцеларија за бесплатна правна помош во општина Шуто Оризари.

Прашан дали ги добил сите записници од седниците на Судскиот совет, Лога рече дека се уште го немаат добиено записникот кој го барале, како и дека не добиле ниту објаснување за тоа.

„За жал записникот што ние го бараме, до ден денеска не е доставен до Министерството“, изјави Лога.

Кренар Лога ОБСЕ Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.