Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Трибина на тема: „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“ во организација на Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во соработка со Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со наградата најдобар долгометражен филм на фестивалот „In the Palace“ викендов во Софија. Ова беше воедно и премиера на филмот на Цветановски, а режисерот во Бугарија пристигна заедно со дел од екипата. Јубилејното 20. издание на „In the Palace“ годинава се одржуваше паралелно во четири града во Бугарија – Софија, Перник, Пловдив и Варна. „Бизнисот на задоволството“ по проекциите наиде на одлични реакции и голем интерес. -Многу ме радува тоа што наградата ја додели публиката. На крајот на краиштата, секое филмско дело постои токму за гледачите. Неизмерно се радувам за ваквиот светол…
За формирање криминална организација за трговија со илегални мигранти, предизвикување бродолом од небрежност и за загрозување на животи се товарат уапсените деветтемина Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица, а денеска ќе бидат изведени пред истражен судија во грчкиот град Каламата, јави дописничката на МИА од Атина. Уапсените се осомничени дека се криумчари и дека се одговорни за бродоломот во кој загинаа најмалку 78 лица, а стотици се исчезнати. Од грчката крајбрежна служба синоќа соопштија дека продолжува големата операцијата за потрага и спасување во меѓународните води во морската област на 47 наутички милји југозападно од местото Пилос на Пелопонез. Потсетуваат…
Сенатот на Австралија денеска гласаше за одржување референдум за промена на Уставот на земјата за признавање на домородните народи, Абориџините и жителите на островите на Торес Стрејт, јави ДПА. Референдумот ќе се одржи пред крајот на 2023. Според локалните медиуми, гласањето најверојатно ќе се одржи во октомври. -Заедно можеме да направиме историја со признавањето и внесувањето во Уставот на Абориџините и жителите на островот Торес, напиша австралискиот премиер Ентони Албанезе на Твитер. Министерката на домородните Австралијци Линда Барни денеска на прес-конференција изјави оти ова е еден чекор поблиску до давање глас на потребите и аспирациите на домородните Австралијци.
На отворањето ќе биде доделена и наградата за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, која годинава ја добива Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. „Приказните зад музиката“ кои веќе деветта година во метрополата ги носи фестивалот Скопје синема сити, почнуваат вечерва во 19 часот во Кинотеката на С. Македонија. Почетокот на фестивалскиот викенд (17 и 18 јуни) ќе го означи изложбата на фотографии „5×10“,која што вклучува фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Во 20 часот следува проекција на филмот „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002).…
Под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на С. Македонија, викендов (17 и 18 јуни), ќе биде одржано 9. издание на Скопје Синема Сити, единствениот филмски фестивал кај нас, посветен на музичките документарни филмови. Фестивалот. кој по деветти пат и оддава почит на синергијата меѓу музиката и филмот, годинава во својата програма вклучува изложба и три исклучителни документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“. Овој фестивал е производ на ентузијазмот и минатиот труд на музичкиот новинар, автор на неколку книги со музички интервјуа, Ненад Георгиевски. Веќе…
Се наоѓаме во едно проблематично време, но со основниот договор со Србија за којшто се согласивме за нормализација којашто е фактички фокусирана на заемно и меѓусебно признавање, се надевам дека ќе можеме да ги нормализираме односите и да ја деескалираме ситуацијата на терен, порача денеска од Струга во рамки на Преспа форумот косовскиот премиер Албин Курти. Во врска со ситуацијата на северот на Косово со четирите општини со мнозинско српско население, Курти рече дека се потребни предвремени избори. „Давам великодушна понуда четирите градоначалници на север нема да мора да го завршат својот двогодишен мандат до 2025 година, можеме порано да…
САД и Велика Британија бараат итно намалување на тензиите на Косово и пуштање на уапсените полицајци
САД и Велика Британија бараат итни чекори за деескалација на состојбата на северно Косово и ослободување на трите уапсени косовски полицајци, јави дописникот на МИА од Белград. „САД очекуваат Приштина и Белград да преземат итни чекори за деескалација на тензиите и да го следат планот од три точки претставен од Европска Унија“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. Според него, како дел од ова, Приштина мора да обезбеди градоначалниците Албанци да ги извршуваат своите преодни должности од алтернативни локации, како и да ги повлече полициските сили од северот. Стејт департментот очекува и „безусловно ослободување на тројцата косовски полицајци уапсени…
Црна Гора е подготвена да биде домаќин на следната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, изјави денеска премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ, по средбата со косовскиот премиер Албин Курти. „Само што имав важен разговор со премиерот Албин Курти на маргините на Преспа форумот за дијалог. Црна Гора, како пријателска земја на Србија и Косово, но и на сите други во регионот, е подготвена со вклучување на европски и американски претставници, да биде домаќин на следната рунда од дијалогот Белград-Приштина“, напиша Абазовиќ на Твитер. По средбата со Курти на маргините на Форумот во Струга, Абазовиќ изјави дека „промовирањето на…
Годинешниот „Преспа форум“ е особено важен, бидејќи се означува петтата годишнина од потпишување на Преспанскиот договор, којшто значи траен мир, стабилност и добрососедски односи во Југоисточна Европа, порача во видео обраќањето претседателката на европскиот Парламент, Роберта Мецола. Забележа дека овој договор е единствена политичка платформа, кадешто се бараат решенија и се разменуваат идеи со цел изнаоѓање на заеднички одговори. „Политиката за проширување на ЕУ е една од најголемите и трансформативни успеси на ЕУ, многу европејци имаат извлечено корист и придобивки од тоа“, потенцираше Мецола. Забележа дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, а токму како што вели,…
Претставата „My Name is Medeja“ на Народниот театар од Битола ја доби наградата за уметничко остварување во целина на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Меѓународно жири во состав: Јанко Љумовиќ од Црна Гора, претседател и Милош Љумовиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, членови доделија 15 награди. Не се додели наградата за текст. Наградите ќе им бидат врачени на лауреатите вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а во нивна чист, Српското народно позориште од Нови Сад ќе ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски. Уметничкиот директор Љумовиќ истакна…
Политичка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ, бидејќи местото на сите држави од Западен Балкан е во Европската унија, а регионалните иницијативи се едни од начините на подобра соработка на патот на полноправно членство во унијата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ во рамките на „Преспа форумот“, кој втор ден се одржува во Струга. Посочи дека сите држави од Западен Балкан одат во таа насока и на тој пат бидејќи, како што рече, регионот денеска го има потребниот лидерски потенцијал за носење на такви одлуки. Смета дека треба да…