Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со награда за најдобар долгометражен филм во Софија

0
By Ана Василевска on June 19, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Плакат „Бизнисот на задоволството“
Плакат „Бизнисот на задоволството“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 19, 2023 10:10

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со наградата најдобар долгометражен филм на фестивалот „In the Palace“ викендов во Софија. Ова беше воедно и премиера на филмот на Цветановски, а режисерот во Бугарија пристигна заедно со дел од екипата.

Јубилејното 20. издание на „In the Palace“ годинава се одржуваше паралелно во четири града во Бугарија – Софија, Перник, Пловдив и Варна. „Бизнисот на задоволството“ по проекциите наиде на одлични реакции и голем интерес.

-Многу ме радува тоа што наградата ја додели публиката. На крајот на краиштата, секое филмско дело постои токму за гледачите. Неизмерно се радувам за ваквиот светол почеток за фестивалската кариера на филмот, изјави авторот Цветановски.

Фестивалот „In the Palace“ е еден од најголемите фестивали во Европа за краток филм, а победникот во оваа категорија влегува директно во кратката листа на кандидати за Оскар. Последните години фестивалот ја воведе и селекцијата долгометражни филмови каде што, според зборовите на организаторот, пристигнуваат одлични европски наслови.

„Бизнисот на задоволството“ е политички трилер – драма. Опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие мрежата за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“ за првпат се потпишува како кинематографер на долгометражен игран филм.

„Бизнисот на задоволството“ е снимен со поддршка на Агенцијата за филм. Цветановски на македонската публика ѝ е познат преку серијалот „Светот на Биби“, а подолго време работи и на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“.

Гоце Цветановски Софија филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.