Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Абазовиќ: Црна Гора е подготвена да биде домаќина на Дијалогот Белград – Приштина

0
By Ана Василевска on June 16, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Дритан Абазовиќ
Дритан Абазовиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 16, 2023 14:30

Црна Гора е подготвена да биде домаќин на следната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, изјави денеска премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ, по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.

„Само што имав важен разговор со премиерот Албин Курти на маргините на Преспа форумот за дијалог. Црна Гора, како пријателска земја на Србија и Косово, но и на сите други во регионот, е подготвена со вклучување на европски и американски претставници, да биде домаќин на следната рунда од дијалогот Белград-Приштина“, напиша Абазовиќ на Твитер.

По средбата со Курти на маргините на Форумот во Струга, Абазовиќ изјави дека „промовирањето на мирот, стабилноста и регионалната соработка се една од главните надворешнополитички цели на Црна Гора“.

„Наш заеднички интерес е во отворен разговор да најдеме решение прифатливо за сите страни“, посочи Абазовиќ.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, ги покани лидерите на Србија и Косово на разговори во Брисел следната недела, поради влошената ситуација на теренот.

Белград-Приштина Дритан Абазовиќ Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.