Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информира за средбите и разговорите со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, во рамки на состанокот на Северноатлантскиот совет. Притоа, како што соопшти МО, Петровска посочи дека една од главните теми на состанокот во текот на вчерашниот ден, а и денеска е потребата за одвојување на минимум два отсто од бруто-домашниот производ за одбрана, одлука која треба да биде донесена на Самитот на НАТО во Вилнус идниот месец. -Финансиските импликации врз буџетот во делот на одбраната не треба да се гледаат како трошење, туку напротив како инвестиција во одбраната, заради тоа што…
Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Ристовски и Владимир Атанасовски за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите за случајот и добиеното мислење на Јавниот обвинител, донел одлука дека со која барањето се отфрла како неосновано. – Се одбива како неосновано барањето за амнестија, бидејќи не се исполнети условите од член 1, став 2, алинеја еден и два од Закон за амнестија, изјави судијата…
Кафе-барот „Бруталиск“ во соработка со „Арт Бригада“ и познати музички и ди-џеј имиња ова лето организира Летна школа за диџејство. Со тоа, на младите во Скопје им се нуди прилика – низ забава да учат за музичко-забавните клубови и диџејството, што ќе опфаќа обука за користење ди-џеј опрема и софтвер, како и изведување и продуцирање електронска музика и хип-хоп. Школата има за цел стекнување на едукативно, практично знаење за диџејството преку интерактивна, практична настава и сеопфатен пристап кон разработка на предвидените теми. Конципирана е во 10 работни средби во две недели, со фиксен термин од 14:00 до 17:00 часот секој…
Со 290 гласови „за“, 95 „против“ и ниту еден воздржан избрана е новата Влада на Романија. Прво гласаа пратениците, а потоа сенаторите. Гласањето беше тајно. „Во следниот период ќе има големи напади против нас. Ќе бидеме обвинети. Ќе има обиди сојузот да ни биде уништен. Но, како што се случувало и друг пат во историјата, се надевам дека ќе најдеме баланс“, изјави од собраниската говорница непосредно пред гласањето, новиот романски премиер Марчел Чолаку. Тој изрази надеж дека иако Демократскиот сојуз на Унгарците ја напуштил коалицијата, „тие ќе останат тим во Парламентот за важните закони“.
Потребна е јасна визија на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан. Нема време процесот на проширување да се одолговлекува, со оглед на новите геополитички околности во Европа, како што е руската инвазија врз Украина, беше истакнато на денешната сесија „Проширувањето на ЕУ во променливата геополитичка динамика“, во рамки на Преспа форумот. „Руската инвазија врз Украина го одложи процесот на проширување кон ЕУ. Ние треба да функцонираме на начин што ќе ги најдеме вистинските луѓе, ќе ги процениме вистинските потреби за создавање стратешки позиции и да гледаме како ЕУ ќе му помогне на Западен Балкан да ги појасни процесите кои…
Папата Франциск му нареди на надбискупот Георг Гаенсвајн, приватен секретар и долгогодишен помошник на починатиот папа Бенедикт, да се врати во родната Германија до крајот на месецот без нова задача, соопшти денеска Ватикан. Ватикан со тоа стави крај на шпекулациите за тоа каква улога ќе има Гаенсвајн во црквата, кој беше моќна фигура во Ватикан повеќе од една деценија додека папата Франциск не го маргинализираше по личен конфликт. Гаенсвејн има 66 години и многу е невообичаено некој толку релативно млад и високо рангиран да не добие некоја задача, како да е избркан. Во соопштението се вели дека на Гаенсвајн му…
Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на прес-конференцијата, зборувајќи за апсењето на припадниците на косовската полиција повтори дека никогаш не се случило припадници на српската војска или полиција да ја преминале административната граница со Косово, јави дописникот на МИА од Белград. „Ако го прашате КФОР, тие ќе кажат дека статистички Србија никогаш не го направила тоа, од друга страна, има неколку работи кои се многу важни што мора да ги знаете, да сметате дека Курти сè што кажал е вистина, дека тој самиот призна да тие ги прекршиле сите норми на меѓународното право. Тој…
Бугарија не може да постави нови услови, бидејќи преговарачката рамка е затворена. Таа не може да се отвори ниту на барање на нашата опозиција, ниту на барање на бугарската опозиција, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција на првиот ден од третото издание на Преспа форумот за дијалог, во врска со делот од германската резолуцијата, во кој има повик Бугарија да се воздржи од поставување нови услови за евроинтеграциите на Северна Македонија. „Да ја затвориме темата, дека утре може некоја бугарска Влада да каже имаме нов услов. Нема нов услов. Преговарачката рамка е затворена.…
Албанскиот претседател Бајрам Бегај укажа на опасноста од регионална дестабилизација по апсењето на тројцата косовски полицајци, за кои Приштина тврди дека биле киднапирани од српските сили во близина на границата со Србија. Бегај ова го оцени како сериозен провокативен настан кој има за цел да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион. „Најостро го осудувам овој чин и апелирам до српските власти да ги ослободат косовските војници. Ги повикувам и меѓународните партнери да интервенираат и да обесхрабрат други слични акции, пишува Бегај во реакцијата објавена на Фејсбук“. Шефот на албанската држава го повика Косово да не потпаѓа на…
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е изненаден од толеранцијата и молкот на меѓународната заедница во однос на „акциите“ на Србија, еден ден откако српската полиција приведе тројца припадници на специјалната единица на косовската полиција. За време на прес-конференцијата, по седницата на Советот за безбедност на Косово, Курти ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград „Ја повикуваме меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград и да повика на ослободување на полицајците… Она што не изненадува е толеранцијата и молкот на меѓународната заедница кон дејствија на Србија, која постојано бара дестабилизација“, рече Курти. Тој додаде дека е изненаден што…
Во 2022 година, 95,3 милиони луѓе во Европската Унија (22% од вкупното население) биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, односно живееле во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и живеење во семејства со многу ниска вработеност, објави Евростат. Најмногу луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост има во Романија (34%), во Бугарија (32%), Грција и Шпанија (по 26%). Од друга страна, пак, најмалку сиромашни и население во социјален ризик се регистрирани во Чешка (12%), Словенија (13%) и Полска (16%).
Во Србија, поради излевање на реки, прогласена е вонредна состојба во 32 града и општини, а додека се отстрануваат последиците од поплавите се очекува нов бран излевања поради обилни врнежи, изјави рече претставникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Милош Миленковиќ. Миленковиќ за РТС изјави дека од 26 мај до денеска биле евакуирани 76 лица, а припадниците на МВР на Србија имале околу 500 интервенции. Тој додаде дека најмногу ангажмани на припадниците на Секторот за вонредни состојби имало во Нови Пазар, Алексинац и Косјериќ.