Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Курти сам призна дека ги прекршиле нормите на меѓународното право, Пирц: Дијалог, дијалог, само дијалог

0
By Ана Василевска on June 15, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 15, 2023 13:58

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на прес-конференцијата, зборувајќи за апсењето на припадниците на косовската полиција повтори дека никогаш не се случило припадници на српската војска или полиција да ја преминале административната граница со Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ако го прашате КФОР, тие ќе кажат дека статистички Србија никогаш не го направила тоа, од друга страна, има неколку работи кои се многу важни што мора да ги знаете, да сметате дека Курти сè што кажал е вистина, дека тој самиот призна да тие ги прекршиле сите норми на меѓународното право. Тој рече дека тие биле 300 метри во административната територија во рамките на Косово, но дали вие знаете дека тие немаат право да бидат таму. Кога ќе дојдат на километар мора 36 часа претходно да се пријават во КФОР, тие немаат право воопшто да бидат таму, не смеат според воено-техничкиот договор“, рече Вучиќ.

Кога станува збор за средбата со амбасадорите на Квинта, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да даде целосен увид во евиденцијата.

„Понудив не само да ги погледнат сите снимки, спремни сме да дадам целосен увид, докази, сè да се види и полицијата и војската. Им ги понудивме нашите лицата кои апсеа, да донесат вештачење, да донесат свои полиграфи и да им поставиме две прашања, дали сте учествувале во апсењето на овие лица и дали сте ги уапсиле на територијата на централна Србија или на АП на Косово и Метохија. И сите лица се подготвени да одговорат на тие прашања“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ситуацијата на Косово е ужасно тешка и дека се обидува да го зачува мирот по секоја цена, но има работа со луѓе кои по секоја цена не сакаат мир и дека се надева дека ЕУ и САД ќе имаат доволно сила да ги вразумат оние кои се однесуваат ирационално.

Претседателката на Словенија на прес конференцијата изјави дека би сакала да ја види имплементацијата на ЗСО, дека не гледа причина зошто тоа да не се спроведува.

„Во овие тешки моменти за Белград и Приштина, апелирам дека дијалогот е единственото решение за смирување на ситуацијата, не сакаме конфликти во регионот на Западен Балкан, Косово мора да го направи својот дел од работата“, рече таа и апелираше дијалогот да мора да продолжи, за ситуацијата да се смири.

„Косово мора да го направи својот дел. Во октомври ќе отпатувам за Приштина, каде на овие теми ќе разговарам со Вјоса Османи. Дијалог, дијалог и само дијалог – не сакаме конфликти на Западен Балкан, мислам дека зацртаниот пат треба да биди јасен“, истакна Наташа Пирц Мусар.

Александар Вучиќ Вјоса Османи Србија. Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.