Author: Ана Василевска

Во овие изминати осум дена, Кинотеката беше свртилиште на вистинските филмољупци, а фестивалот зад себе остави возбудлива енергија и поттик за филозофско естетки размислувања, и нови филмски соништа. Со соопштување на наградите од интернационалното жири и последната проекција од програмата, синоќа во Кинотеката на С. Македонија, во одлична атмосфера, беше затворен годинешниот Филозофски филмски фестивал. Јапонскиот филм „План 75“ (2022)  во режија на Чие Хајакава ја доби наградата „Златен був“ во Официјалната селекција на долгометражен филм на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Освен жирито, овој филм ги освои и гласовите на публиката. „’План 75’, исполнува три услови што го…

Read More

„Задоволен што предметниот јавен обвинител по извршените проверки утврди и докажа дека не постои никакво незаконско работење, ниту пак сторено кривично дело од моја страна, во својство на директор на Управата за финансиска полиција. Одлуките на обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која што јас раководев нема неправилности и незаконитости во периодот на моето директорување.“, вели поранешниот директор на Управата за финансиска полиција. Тој како и претходно тврди дека, нападот кон него бил исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавно обвинителската фунција со цел да му наштети нему на  угледот и угледот на Управата. „Дополнително, ве…

Read More

На Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва ќе ги додефинира наредните чекори со конкретни идеи околу работните групи со опозицијата и во брзо време ќе ги интензивира активностите, вели Бојан Маричиќ за МИА. „. Ние имаме комуникации постојано, меѓутоа официјално ќе се обратиме до опозицијата за да го отвориме овој дијалог“, изјави Маричиќ, прашан дали се разговара со опозицијата за формирање работни групи со цел да се постигне договор околу уставните измени“. „Ние попладнево имаме и Извршен одбор и Централен одбор, ќе ги додефинираме овие наредни чекори и ќе настапиме брзо во една интензивна акција во комуникација со опозицијата…

Read More

Нуклеарна инженерка вработена во Дирекцијата за радијација и нуклеарна безбедност на Србија добила отказ поради објави на Твитер за српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, пишува денеска неделникот „Време“. Како што пренесе Бета, во отказното решение, до кое имаа увид новинарите на порталот „Време“, има цитати од два твита со кои нуклеарната инженерка е „неподобна за работа во државна институција“, кои ги објавила во 2021 година. Решението за отказ го потпишал директорот на Дирекцијата за радијациска и нуклеарна безбедност, Слаѓан Велинов, а неделникот додава дека службата за информирање на Дирекцијата две години ги следела нејзините твитови. Весникот „Време“…

Read More

Амбасадорот на Велика Британија во Албанија, Аластер Кинг-Смит изјави дека е загрижен за тензиите на северот на Косово, додавајќи дека соработуваат за смирување на ситуацијата. Смета дека мора да има решение и сугерира  дека Владата на Косово треба да ги повлече специјалните полициски сили од општинските згради на север, да создаде можност градоначалниците да ги извршуваат своите функции од други локации, како и да распише нови избори и работи на Заедницата на српските општини. „Владата на Косово во моментов има навистина важна улога. Треба да ги повлече специјалните полициски сили од општинските згради и да создаде можност претседателите на општините…

Read More

Официјалните реакции доаѓаат откако министрите за внатрешни работи постигнаа голем договор за обновување на политиката на Европската унија за миграција и азил. Урсула фон дер Лајен, која откако стана претседателка на Европската комисија, која направи ремонт на еден од нејзините приоритети, го нарече договорот „огромна пресвртница“. „Миграцијата е европски предизвик“, напиша Фон дер Лајен на Твитер. „Работејќи заедно, можеме да постигнеме заедничко решение. Чарлс Мишел, претседател на Европскиот совет, институција која беше сведок на безброј дебати за миграцијата во текот на изминатите години, од кои повеќето беа толку поларизирани колку и бесплодни, рече дека договорот претставува „навистина голем чекор“. Фон…

Read More

Штетниот за здравје воздух што ги покри градовите и населените места од североистокот на САД се концентрира во централниот атлантски дел на земјата, додека  димот од шумските пожари што уште беснеат во Канада натера милиони луѓе да се навикнуваат на магливото небо. Прогнозите се во наредните денови димот да се придвижи на југ. Во градот Њујорк на пример небото е портокалово и не се гладе вообичаниот пејзаж на облакадори, исто толку лошо е и во Филаделфија, Балтимор, Вашингтон, и Ричмонд, Вирџинија. Веќе трет ден по ред квалитетот на воздухот е оценет како штетен за здравје во поголем дел од североистокот…

Read More

Во Белград денеска, во 18 часот, ќе се одржи шестиот протест „Србија против насилството“, со нова траса која ќе почне од Народното собрание со правење на прстен овојпат околу Владата, со фокус на протестот на образованието, јави дописникот на МИА од Белград. Проевропската опозиција само технички ги организира овие граѓански протести што почнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција само ги подржува и учествува на нив. На протестот, на кој минатите недели учествуваа и над 50.000 граѓани, по подршката што ја дадоа бројни познати…

Read More

Во жалбата на Асанж се тврди дека Пател, како министер за внатрешни работи, погрешила во нејзината одлука да го одобри налогот за екстрадиција бидејќи барањето го прекршило договорот за екстрадиција меѓу САД и Велика Британија во кој се вели дека „екстрадицијата нема да биде одобрена ако делото за кое се бара екстрадиција е политичко дело“.  Неговиот правен тим постојано тврди дека желбата на САД да му се суди на Асанж е политички мотивирана. Џулијан Асанж е „опасно блиску“ да биде екстрадиран во САД откако ја изгуби својата последна правна жалба, велат неговото семејство и набљудувачите на неговиот долгогодишен правен предизвик.…

Read More

ЕМИЛИЈА  ЦЕЛАКОСКА Демократската Унија за Интеграција спреми фина скара за ВМРО-ДПМНЕ, добро познавајќи им го бизнис бирото: Прво уставни измени, па ќе се тргнеме. Roast! „Никогаш не вели никогаш“ – оваа изрека порано ја користевме како охрабрување, во смисла: Сфати дека сепак можеш да направиш нешто што моментално замислуваш дека не можеш. A не како – „сѐ е можно, иднината не може да се предвиди“. На второво значење му фали контекст, не е целосно, додека, пак, сфатено како охрабрување, има одреденост. Всушност, изреките со внатрешна контрадикција како оваа се наменети за барем уште едно „поминување“, со цел мислата да нѐ…

Read More

Големата сојузна порота го обвини Доналд Трамп за задржување доверливи владини документи и попречување на правдата, изјавија денеска адвокатот на поранешниот американски претседател и друг упатен извор. Тоа е прво федерално обвинение во историјата на САД против поранешен претседател. Обвинението, поднесено од Министерството за правда, претставува уште еден правен предизвик за Трамп, кој сака да се врати во Белата куќа следната година. Тој неодамна беше обвинет во Њујорк по 34 точки од обвинението за прикривање на вонбрачна врска за време на предизборната кампања и е предмет на истраги во Вашингтон и Атланта кои може да резултираат со кривични обвиненија. Трамп…

Read More

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија. Бејли, во интервју за Гласот на Америка на македонски, истакна дека е оптимист оти земјата ќе влезе во ЕУ, но дека не може да каже кога тоа ќе се случи. „Мислам дека САД би биле разочарани ако се случат натамошни постапки од ваква природа. Додека поминувате низ процесот и отворате поглавја, одредени земји ќе сакаат да се уверат дека самите критериуми се исполнети, така…

Read More