Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џулијан Асанж „опасно блиску“ до екстрадиција откако ја загуби последната правна жалба

0
By Ана Василевска on June 9, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Стела Асанж, сопруга на затворениот новинар, издавач и основач на Викиликс Џулијан Асанж на митингот за Слободен Асанж во Сиднеј минатиот месец. Семејството на Асанж вели дека австралиската влада треба да стори повеќе откако беше одбиена неговата жалба за екстрадиција. Фотографија: Anadolu Agency/Getty Images
Стела Асанж, сопруга на затворениот новинар, издавач и основач на Викиликс Џулијан Асанж на митингот за Слободен Асанж во Сиднеј минатиот месец. Семејството на Асанж вели дека австралиската влада треба да стори повеќе откако беше одбиена неговата жалба за екстрадиција. Фотографија: Anadolu Agency/Getty Images
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 9, 2023 11:23

Во жалбата на Асанж се тврди дека Пател, како министер за внатрешни работи, погрешила во нејзината одлука да го одобри налогот за екстрадиција бидејќи барањето го прекршило договорот за екстрадиција меѓу САД и Велика Британија во кој се вели дека „екстрадицијата нема да биде одобрена ако делото за кое се бара екстрадиција е политичко дело“.  Неговиот правен тим постојано тврди дека желбата на САД да му се суди на Асанж е политички мотивирана.

Џулијан Асанж е „опасно блиску“ да биде екстрадиран во САД откако ја изгуби својата последна правна жалба, велат неговото семејство и набљудувачите на неговиот долгогодишен правен предизвик.

Неговите адвокати велат дека повторно ќе се жалат до истиот суд, поради зголемените стравувања дека би можел да го помине остатокот од својот живот во затвор поради објавување на илјадници доверливи воени и дипломатски документи.

Животот на Џулијан Асанж „во рацете на австралиската влада“, вели сопругата Стела

Во пресудата на три страници донесена во вторникот, судијата на високиот суд на Обединетото Кралство, судијата Џонатан Свифт ги отфрли сите осум основи на жалбата на Асанж против налогот за екстрадиција на САД, потпишан од тогашниот министер за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател, во јуни минатата година.

Но, сопругата на Асанж, Стела Асанж, рече дека нејзиниот сопруг ќе поднесе „обновено барање за жалба до високиот суд“ следната недела.

Случајот, потоа ќе биде сослушан пред двајца нови судии на јавна расправа, рече Стела Асанж.

„И остануваме оптимисти дека ќе победиме и дека Џулијан нема да биде екстрадиран во Соединетите Држави каде што се соочува со обвиненија кои би можеле да резултираат со тоа да го помине остатокот од својот живот во затвор со максимална безбедност поради објавување вистинити информации кои откриле воени злосторства извршени од американската влада“.

Таткото на Асанж, Џон Шиптон, рече дека основите на неговиот син за дополнително сослушување биле „јасни, цврсти и праведни“.

„Семејството на Џулијан внимава, ужаснато и сите фер луѓе ширум светот гледаат со длабока вознемиреност и тревога“, рече тој.

Во жалбата на Асанж се тврди дека Пател, како министер за внатрешни работи, погрешила во нејзината одлука да го одобри налогот за екстрадиција бидејќи барањето го прекршило договорот за екстрадиција меѓу САД и Велика Британија во кој се вели дека „екстрадицијата нема да биде одобрена ако делото за кое се бара екстрадиција е политичко дело“.  Неговиот правен тим постојано тврди дека желбата на САД да му се суди на Асанж е политички мотивирана.

Апелација, исто така, тврди дека Асанж се гони за заштитен говор и дека самото барање за екстрадиција е злоупотреба на процесот.

Правниот тим на Асанж, исто така, рече дека американската влада постојано погрешно ги претставувала суштинските факти на случајот пред британските судови.

Отфрлањето на жалбената основа од страна на Свифт остава само еден последен чекор во судовите во ОК: одбраната има пет работни дена да поднесе жалба од 20 страници до панел од двајца судии, кои ќе свикаат јавна расправа.

Нема дополнителни можности за жалба на домашно ниво. Асанж сепак може да се бори против екстрадицијата пред Европскиот суд за човекови права, кој минатиот декември потврди дека е примена апликација од Асанж.

Братот на Асанж, Габриел Шиптон, изјави за Гардијан дека отфрлањето на неговата жалба од високиот суд е сериозен развој, „што го остава опасно блиску до екстрадиција“.

Шиптон рече дека моментите на неуспех биле „најтешките“ за неговиот брат.

„Овие времиња се секогаш многу тешки за Џулијан во затворот. Очигледно е фокусиран на оваа следна жалба, но не му оди добро. Оваа сага трае 13 години и го зема данокот на неговото тело и на неговиот ум.

„Но, тој сè уште има борбен дух, само се надеваме дека ќе успее да го помине ова“.

Шиптон рече дека јавните изјави на австралиската влада дека се залага за ослободување на Асанж се недоволни.

„Го слушаме ова „доста е“ повеќе од една година, сега ѕвони шупливо, овие чудни флоскули од владата за „правење претстави“. Што постигна тоа? Ништо не се промени, а австралиската влада сигурно може да направи повеќе“.

Ребека Винсент, директорка на кампањи на „Репортери без граници“ рече дека РСФ е длабоко загрижен од пресудата на високиот суд

„Апсурдно е еден судија да може да донесе одлука на три страници со која Џулијан Асанж би можел да биде затворен до крајот на животот и трајно да влијае на климата за новинарството ширум светот.

„Историската тежина на она што се случува потоа не може да се прецени; време е да се стави крај на ова немилосрдно таргетирање на Асанж и наместо тоа да се дејствува за заштита на новинарството и слободата на печатот. Нашиот повик до претседателот Бајден сега е поитен од кога било: отфрлете ги овие обвиненија, затворете го случајот против Асанж и дозволете негово ослободување без натамошно одлагање.

Асанж се соочува со 18 обвиненија за објавување на доверливи документи од страна на Викиликс, главно резултат на протекување на поранешната американска армиска разузнавачка аналитичарка Челзи Менинг. Менинг беше осудена на 35 години затвор, но беше ослободена откако претседателот Барак Обама и ја ублажи казната во 2017 година.

Доколку биде прогласен за виновен, на Асанж му се заканува вкупна затворска казна до 175 години.

Тој беше задржан, во влошена здравствена состојба, во затворот Белмарш повеќе од четири години, бидејќи ја оспоруваше наредбата за екстрадиција на САД.

Извор: Гардијан

Подготви А. В. 

екстрадиција САД Џулијан Асанж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.