Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши 13. издание на ФФФ: Статуетката „Златен був“ за јапонскиот филм „План 75“ на Чие Хајакава

0
By Ана Василевска on June 10, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Од доделувањето на наградите на ФФФ
Од доделувањето на наградите на ФФФ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 10, 2023 13:05

Во овие изминати осум дена, Кинотеката беше свртилиште на вистинските филмољупци, а фестивалот зад себе остави возбудлива енергија и поттик за филозофско естетки размислувања, и нови филмски соништа.

Со соопштување на наградите од интернационалното жири и последната проекција од програмата, синоќа во Кинотеката на С. Македонија, во одлична атмосфера, беше затворен годинешниот Филозофски филмски фестивал.

Јапонскиот филм „План 75“ (2022)  во режија на Чие Хајакава ја доби наградата „Златен був“ во Официјалната селекција на долгометражен филм на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Освен жирито, овој филм ги освои и гласовите на публиката.

Сцена од наградениот „План 75“
Сцена од наградениот „План 75“

„’План 75’, исполнува три услови што го прават многу избалансиран и солиден филм: неговиот кинематографски стил е во дослух со најдобриот јапонски филм, од Јасуџиро Озу до Хироказу Кореда; филозофските проблеми од морална природа што ги поттикнува на соодветен начин, и, нешто многу важно, капацитет да се движи и го оддржува љубопитството; да допре до гледачите, а тоа е крајната цел на филмот, да биде виден и вреднуван од јавноста“, стои во одлуката на жирито во состав: д-р Елизабета Шелева (професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ), д-р Луис Мартин Ариас (професор на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија) и д-р Нил Кенеди (професор на Тринити колеџот во Даблин, Ирска).

Меѓународното жири, пак, во Официјалната селекција на краткометражни филмови, составено од режисерката Ана Јакимска, визуелниот уметник и истражувач Наташа Неделкова и филмскиот критичар од Луксембург, Том Докал, одлучи наградата „Златен Був“ да ја додели на филмот Гробишта на коњи (2022) од Џјанг ‘Шјао’шјуен. Специјалната наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ жирито ја додели на филмот „Те молам, потруди се“ (2022) од Даниел Соариш.

„По визионирањето на извонредниот избор од 15 кратки филмови на ова 13.то издание, нашето жири одлучи особено да ги издвои овие два филма, во однос на нивниот филозофски јазик развиен според нивните соодветни филмски форми и естетика. Филмот „Гробиштата на коњите“на Џјанг ‘Шјао’шјуен на многу разумен и трогателен начин, предизвикува силно филозофско размислување за мајчинството, духовноста и поврзаноста на луѓето со постоечките биолошки, еколошки и метеоролошки системи што ги опкружуваат. Филмот пак „Те молам, потруди се“ е извонредно достигнување на филозофски филм во однос на неговиот социјален аспект, со многу оригинален мизансцен. Тој е силен коментар на современите менаџерски капиталистички логики, каде што работничката е и предмет на експлоатација и непочитување, од страна на нејзиниот шеф тиранин кој не го зема предвид нејзиниот приватен и семеен живот“, стои во одлуката на жирито.

Наградата „Златен Буф“од страна на публиката во оваа конкуренција отиде во рацете на Тепо Ајраксинен и филмот „Ќебенцето“ (2022).

Инаку, Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат се одржа од 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание беа прикажани 40-тина филмови, се одржаа 50-настани, имаше петнаесеттина годти и 24 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.

Во овие изминати седум дена, Кинотеката беше свртилиште на вистинските филмољупци, а фестивалот зад себе остави возбудлива енергија и поттик за филозофско естетки размислувања, и нови филмски соништа. Програмата на фестивалот беше следена со голема возбуда од страна на посетителите, а проекциите беа исполнети како никогаш претходно. Со особена будност и интензивни и долги разговори беа проследени сите Q&A сесии. Незаборавни ќе останат споделувањата на размислувањата на ексклузивните гости режисерот Иво Трајков и Кшиштоф Зануси, чии најнови оставрувања беа прикажани на фестивалот.

Од атмосферата на затворањето на ФФФ
Од атмосферата на затворањето на ФФФ

 Не помалку интерес предизвикаа и проекциите на антологиски остварувања во рамките на ревијалната програма, кои, исто така, беа поттик за претолкување на филмовите од филозофска, естетичка, филмолошка итн., визура.

Фестивалот годинава се одржа под мотото „Сè е филм, во множина“, инспирирано од големиот француски филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготви специјален сегмент „Фокус Годар“ и по прв пат на големиот екран беа  прикажани епизоди од неговите „(И)стории на филмот“.

Традиционално на главниот дел од програмата му претходеше и едукативната програма, поделена во три сегменти: Средношколска видео лектира, Работилници за млади и Фил(м)ософија со деца.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и се одржи со институционална поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура, во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Кинотеката на С. Македонија, Амбасадата на Шпанија во Скопје, Амбасадата на Полска во Скопје, Музејот на современата уметност, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

Филозофскиот Филмски Фестивал е единствениот филмски фестивал во Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата.

 

Кинотека на РСМ Награда „Златен був“ филм Филозофски филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

ВЕСТИ June 25, 2026

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни…

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.