Author: Ана Василевска

Соединетите Американски Држави и ЕУ разгледуваат две фази на мерки против Косово доколку тоа не ги исполни своите обврски и не ја деескалира ситуацијата на северот. Во првата фаза од санкциите ќе бидат замрзнати средствата на ЕУ, процесот на визна либерализација, процесот на членство во Советот на Европа, американските фондови и други проекти финансирани од Запад. Во втората фаза, сојузниците на Косово ќе заземат пасивен став кон кампањата на Србија за депризнавање на Косово, реорганизација на меѓународното воено присуство и сериозно намалување на американскиот контингент и исклучување на Косово од одредени меѓународни организации. Тој, исто така, предвидува индивидуални санкции против…

Read More

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ, денеска на панелот „Градење доверба: Србија, Отворен Балкан и ЕУ“ во рамки на Конференцијата „Отворен Балкан – Форум 2“ изјави дека еден од политичките приоритети на Србија е натамошниот развој на иницијатива „Отворе Балкан“ и подлабока економска интеграција на Србија, Албанија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Од јули очекуваме дополнителна либерализација на пазарот на труд, кога работниците од која било од овие три земји со идентификациони броеви на „Отворен Балкан“ ќе можат да се вработат во овие земји без дополнителни административни бариери, подвлече Момировиќ, се наведува…

Read More

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Час поскоро треба да има релаксирање на општеството, а единствен начин за тоа се предвремени избори. Кој може да истресе ваква глупост? Релаксирање на општеството на предвремени избори. Пакетот на Ковачевски е, како да кажам, врвен израз на државничко однесување, на чувството за одговорност за општите работи, на добра волја и подадена рака, на не мала саможртва во името на европските перспективи и националните афирмации на Македонија. Значи, уставни измени, па влез на вмро во владата со ист број ресори како и сдсм, отпочнување на преговорите со затворање на неколку поглавја, па предвремени избори. Злосторникот со скинатите синапси…

Read More

Албанската Влада ќе издаде нова еврообврзница, со која ќе се задолжи со 600 милиони евра. Министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај,  денеска,  во изјава за медиумите,  по владината седница, изјави дека постапката се уште не е затворена. „Се очекува таа да се затвори во текот на оваа недела, а потоа ќе ги детализираме и елементите на емисијата на еврообврзницата на пазарите на капитал. Имаше поголема вредност од она што беше предвидено во законот. Но, законот предвидува и зголемување на вредноста. Оценивме дека состојбата на ликвидноста на пазарите на капитал, во согласност со потребата од ликвидност што ја има земјата,…

Read More

ТВ-серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин и ќе биде прикажана во рамките на 60. Рацинови средби, кои ќе се одржат од 9 до 15 јуни, откако беше соопштено дека Општина Велес ги обезбедила авторските права. Прикажувањето на серијата ќе се одвива од понеделник до 14 јуни на отворено во вечерните часови. Серијата е во продукција на „Сектор филм’“ сценариото е на Сашко Насев, режијата на Никола Поповски. Прикажувањето ќе биде во амфитеатарот во Младинскиот парк и е бесплатно и достапно за сите граѓани“, соопшти Александра Андреева, претставничка на локалната власт на Велес. Серијата „Црвениот поет“ е снимена во 2016…

Read More

Ваков демократски дијалог треба да има на сите нивоа. Добро е што ставот утрово искажан од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски практично е променет и различен од ова што го слушнав на денешната средба, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени во државата, тоа е заеднички заклучок и клучна порака од оваа средба, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната негова средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ковачевски вели дека ваквите одлуки се одлуки на сите политички партии, на целото општество, бидејќи, како што рече, ова не е процес на еден човек и една политичка партија, на…

Read More

Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман при американскиот Стејт департмент во интервју за Гласот на Америка на руски јазик изјави дека Северна Македонија е првата земја со која САД потпишаа меморандум за взаемно разбирање во борбата против дезинформациите и дека планираат такви меморандуми да склучат и со други земји, вклучувајќи ги Бугарија и Словачка. „Манипулација на информацијата е сериозен проблем за САД. Тоа е проблем во целиот свет. Ние откривме дека во многу случаи Кина на некои медиуми ја дава бесплатно својата новинска служба под услов да не смеат да користат други новински служби ако…

Read More

Филмот „Совршен број“ на еден од најголемите европски режисери и сценаристи на денешнината – Кшиштоф Зануси од Полска ќе биде прикажан на 8 јуни во Кинотеката, во рамките на Филозофскиот филмски фестивал. Легендарниот режисер, добитник на „Златен лав“ во Венеција во 1984 година, наградуван на Кан, Локарно, Берлин, Монтреал, Токио – Зануси, пристигнува утре во Скопје како  гостин на фестивалот. Тој е еден од 40 основачки членови на Европската филмска академија, предводени од Ингмар Бергман. Филозофскиот филмски фестивал во Скопје е еден од ретките фестивали во светот кој, освен филмската естетика, ја негува врската меѓу филмот и филозофијата преку изобилство…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доаѓа со план и три конкретни предлози, брифираат владини извори за МИА. На средбата во Клубот на пратеници предвидено е тема на разговор на средбата да бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на државата, како и за пристапот на институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи. По завршувањето на средбата планирани се изјави на кои ќе бидат соопштени детали околу разговорот помеѓу двајцата лидери. Пред лидерската средба се одржа состанок на ИК…

Read More

Папата Франциско денеска е пренесен во болница на операција на неговото црево, две години откако му беа отстранети 33 сантиметри од дебелото црево поради воспаление и стеснување. Ватикан соопшти дека Франциск (86) ќе биде ставен под општа анестезија и хоспитализиран неколку дена. Новинари работат на оваа приказна и ќе ја ажурираат штом ќе бидат достапни повеќе информации. Извор:  Еуроњус

Read More

Обединетите нации денеска предупредија на „тешки и далекусежни последици за илјадници лица“ по делумното уривање на браната Каховка во јужна Украина. Би-Би-Си јавува дека официјалниот претставник за хуманитарни прашања на ОН, Мартин Грифитс, изјави дека размерите на катастрофата кај браната ќе станат јасни дури во наредните денови. Илјадници луѓе ги напуштија своите поплавени домови во областите околу браната. Се стравува дека нивото на водата може дополнително да се зголеми. Украина и Русија меѓусебно се обвинија за вчерашното делумно кревање на горниот дел од браната во воздух. Украинските власти синоќа соопштија дека во тек е евакуација на „повеќе од 17.000“ цивили…

Read More

Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, ја отфрли можноста за коалиција со ПАСОК или со било која друга од малите десничарски партии, во случај на изборите на 25 јуни да не го добие потребното парламентарно мнозинство за еднопартиска Влада, со што земјата би одела на трети избори во август, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за државната телевизија ЕРТ, Мицотакис посочи дека потребно е земјата да добие силна и стабилна еднопартиска Влада за да може да ги спроведе, како што рече, големите промени. Во случај Нова демократија да не ги добие потребните 151 пратеник за еднопартиска Влада, според Мицотакис…

Read More