Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рубин: Северна Македонија е прва земја со која САД потпишаа меморандум за взаемно разбирање во борбата со дезинформациите, следуваат Бугарија и Словачка

0
By Ана Василевска on June 7, 2023 ВЕСТИ, Медиуми
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 7, 2023 13:26

Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман при американскиот Стејт департмент во интервју за Гласот на Америка на руски јазик изјави дека Северна Македонија е првата земја со која САД потпишаа меморандум за взаемно разбирање во борбата против дезинформациите и дека планираат такви меморандуми да склучат и со други земји, вклучувајќи ги Бугарија и Словачка.

„Манипулација на информацијата е сериозен проблем за САД. Тоа е проблем во целиот свет. Ние откривме дека во многу случаи Кина на некои медиуми ја дава бесплатно својата новинска служба под услов да не смеат да користат други новински служби ако сакаат нивната да ја користат бесплатно. Ние се обидувама да го спречиме тоа“, изјави Рубин.

Во врска со потпишаниот меморандум за разбирање со Северна Македонија, Рубин истакна дека САД увиделе дека руските државни медиуми Раша Тудеј и Спутник се уште работат во Србија и тие се употребувале „за поткопување на Северна Македонија“.

„Затоа склучивме меморандум со Северна Макдеонија и таквите договори ја формализираат желбата на другата страна кон тој проблем да се однесува со таква сериозност како и ние. Тоа не е решение на проблемот, туку демонстрација на волја“, изјави Рубин.

Додаде дека претстои работа со Владата на Северна Македонија „за да им се даде средство за следење на чистотата на информацискиот простор, да им се покаже како сокриената рака на Русија се вмешува во нивото информациско пространство“.

„Да се обидеме да им дадеме инструменти за анализа на труењето на нивниот информациски простор. Тоа значи размена на напредно искуство со работа на слободни медиуми, проверка на факти, засилување на отпорноста“, вели тој.

Рубин изјави дека партнерите на САД во Северна Македонија и од другите региони на Балканот како Бугарија, но и од Словачка истакнале дека тие признаваат дека тоа е ужасен проблем со кој се судираат.

„Ние сакаме да работиме со нив за да го постигнеме тоа кога Русија или Кина се мешаат во нивниот информациски простор тоа да биде транспарентно, да биде посочено, за скриената рака да стане видлива. Нема ништо лошо во тоа кога земјите ја прикажуваат нивната точка не гледање, но таа не треба да биде скриена. Тоа треба да биде транспранетна“, изјави Рубин.

Во интервјуто тој зборуваше и за проблемите со дезинформациите во Црна Гора, каде се говори на српски јазик.

„Србија е единственото место на Балканот каде РТ и Спутник се уште емитуваат. Затоа ако вие сте во Црна Гора можете да ја читате руската дезинформација на српски јазик која слободно поминува преку Србија. Така што работата не е толку во надворешната вмешаност во изборите колку во тоа што ние треба да успееме во тоа РТ и Спутник да не нанесуваат толку многу штета во Црна Гори и Северна Македонија“.

Акциски план за борба против дезинформации руска пропаганда Џејмс Рубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

ВЕСТИ August 1, 2026

Девет луѓе загинаа во нов ноќен напад со балистички ракети врз Киев, додека Русија ги…

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.