Author: Ана Василевска

Националниот џез оркестар утревечер (1 октомври) на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на Битлси, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ, ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.  Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар, што ќе се одржи утревечер, на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“-МНТ со почеток во 21 часот. Нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и незаборавна вечер со композиции на ливерпулската четворка која ја смени рокенрол музичката историја. Како…

Read More

„Убиј ги прво децата“ е акциона комедија, која наместа, со бруталноста и духовитоста суптилно коментира некои скапани аспекти на социјалната средина. Филмот умешно ве вовлекува во интригите на протагонистите, развива динамична атмосфера која го одржува вниманието, и останува верен на драматуршката поставеност и жанрот. За пофалба е кастингот , музиката, камерата и севкупната режисерска композиција. ( во прилог на интервјуто, фотографии од снимањето и трејлерот на филмот)  Разговараше: Ана Василевска Со македонската премиера на дебитанскиот филм на Димитар Оровачанец „ Убиј ги прво децата“, вечерва во Битола се затвора 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Иако…

Read More

„Состојба на умот“, штотуку го започна своето фестивалско патување, досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Душан Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил. Краткометражниот филм „Состојба на умот“ („Frame of Mind”), ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Манаки“, како дел официјалната краткометражна  програма во компетиција за наградата „Златна камера 300“. „Состојба на умот“, штотуку го започна своето фестивалско патување, досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Душан Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил. „Чест е да се има ова дело на токму ваков…

Read More

На ѕвездената патека посветена на лауреатите на фестивалот „Браќа Манаки“, денеска во 15 часот на Широк сокак беа отворени и ѕвездите на Бруно Делбонел, Питер Бижу и Роби Милер. Главната шетачка улица – Широк Сокак – засвети уште посјајно! Компанијата „Божиновски часовници и накит“ во соработка со Фестивалот „Браќа Манаки“ го прославува богатото наследство на светската кинематографија со проектот за поставување ѕвезди кои ќе ги обележат имињата на сите досегашни добитници на престижната награда „Златна камера 300“. Компанијата заедно со организаторите на фестивалот „Браќа Манаки“ секоја година преку бројни проекти се трудат да направат исчекор чија цел е Битола да…

Read More

“Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Приказни за облеките, каде што главните протагонисти се маичката Лефти и панталоните Рајти. Во новата сликовница која се очекува да биде следна во низата, го запознаваме џемперчето Воли, скратено од Волненко. Оваа сликовница ја напиша Наташа Дукоска која вели: “Отсекогаш сум имала посебен однос кон џемперите, кои нè топлат и ги носиме за секој случај, а Воли е едно прекрасно џемперче, кое е секогаш подготвено да се најде во ладно и во топло”. Илустрациите и овој пат се на Хари Дудески, а издавач е „Чудна шума“. Сликовницата се…

Read More

Битола, до сабота продолжува да биде епицентар на филмските настани кај нас, особено во духот на најстариот фестивал кој ја слави работата на кинематограферите, оние, на кои паѓа товарот на тешката а истовремени нежна работа да ја „центрираат“ камерата, светлото и сета визуелна поставеност на филмската магија. Од Битола: Ана Василевска „Девојката со иглата“ и „Зона на интерес“, се насловите на двата филма кои синоќа се прикажаа како дел од официјалната компетиција за „Златна камера 300“ на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, двата епохални, работени во црно-бела фотографија. Едниот, временски сместен по првата светска војна, а вториот во периодот…

Read More

Сега се обидувам да му го дадам на киното она што киното ми го даде мене, рече годинешниот лауреат Бруно Делбонел, познат на пошироката публика по работата на филмот „Амели Пулен“. Денеска го славиме филмот, рече Грбевски и додаде: а филмот е Манаки, филмот се филмските работници кои го содадоа македонскиот филм, донесувајќи многу награди. Да им посакаме на младите да го следат патот на филмските дејци. Да живее филмот!, рече Грбевски заблагодарувајќи се на ДФРМ кое го нарече столб на македонската кинематографија. Битола, наскоро ќе добие и споменик и на Јанаки Манаки, на кого фестивалот годинава му додели Златна…

Read More

Фотографиите претставуваат уникатен приказ на културната и музичката сцена во земјата, каде што емоциите, енергијата и атмосферата на настапите се доловени преку објективите на овие фотографи. Со цел да се прикаже нивната посветеност и уметнички стилови, изложбата ќе ѝ овозможи на публиката увид во разновидните моменти кои ја одбележале македонската музичка сцена. Во градот Утрехт, Холандија, на 21 септември ќе биде отворена изложбата „5х10“, која ќе ги обедини делата на пет реномирани македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од…

Read More

Нивното „писмо со благодарност”, испиша бајковита нотна новела која публиката ја водеше низ сочен саунд на легендарните композиции од светската Биг Бенд традиција, со сомотни аранжмани на  едни од најдобрите светски аранжери како: Џек Волрот, Тед Џоунс, Волтер Фулер, Џон Федхок, Дон Менза, Мајк Камуф итн. Главната состојка на овој добро  зачинет концерт, секако беше солистичкото гостување на Мартин Ѓаконовски-Шпато, кој на контрабас беспоштедно и енергично ги везеше композициите и го распосла сето свое светско искуство, и генетско музичко наследство. Пациото на Битолскиот Музеј, беше местото кое минатата недела (четврток, 5 септември), се преоблече во светска џез сцена како домаќин…

Read More

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус. Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА открива детали за патеката, која ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој, како што вели, најстар и втор по големина, и во моментов многу значаен фестивал во светот. – Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат…

Read More

Велосипедот е совршен еко, урбан транспорт, но покрај дизајн, предуслов е инфраструктура, безбедност и култура “Неделата на дизајн во Скопје” ги започна активностите со тоа што го објави првиот повик за дизајн, тематски насочен кон безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и сите пропратни елементи поврзани со унапредување на истото. Велосипедот спаѓа во едно од најупотребуваните превозни средства во градовите низ Европа и Азија, додека кај нас сè уште возењето велосипед важи за недоволно безбедно урбано превозно средство. Поради тоа, иако е во подем и добива институционална поддршка, употребата на велосипедот за транспорт во Скопје и другите поголеми градови во Македонија…

Read More

Друштвото на филмските работници на Македонија испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“ (Film Industry Watch) во врска со нивната објава/текст каде што го опишуваат случајот на македонскиот режисер Милчо Манчевски „како случај на политички прогонет“, и појаснуваат дека станува збор за законска истрага поради индиции за финансиски злоупотребиа не политички прогон, како што Манчевски ги информирал.  „Сигурни сме дека длабоко ги почитувате етичките, моралните и правните начела врз кои се темели работата на продуцентите насекаде во светот, особено кога станува збор за пари кои се насочуваат во филмската уметност од страна на државната каса.“, се вели меѓудругото во…

Read More