Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју, Димитар Оровчанец, филмски режисер: Си го знам сензибилитетот и не планирам да бегам од тоа што го сакам

0
By Ана Василевска on September 27, 2024 ВЕСТИ, ИЗБОР, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2024 15:28

„Убиј ги прво децата“ е акциона комедија, која наместа, со бруталноста и духовитоста суптилно коментира некои скапани аспекти на социјалната средина. Филмот умешно ве вовлекува во интригите на протагонистите, развива динамична атмосфера која го одржува вниманието, и останува верен на драматуршката поставеност и жанрот. За пофалба е кастингот , музиката, камерата и севкупната режисерска композиција. ( во прилог на интервјуто, фотографии од снимањето и трејлерот на филмот) 

Разговараше: Ана Василевска

Со македонската премиера на дебитанскиот филм на Димитар Оровачанец „ Убиј ги прво децата“, вечерва во Битола се затвора 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Иако дебитантско долгометражно остварување, „Убиј ги прво децата“ е зрело филмско дело, кое прави значајна позитивна отстапка, од тоа што вообичаено го гледаме во македонскиот филм, и во тематска и во жанровска смисла. Неизбежен е впечатокот дека Оровчанец, вложил многу акумулирано креативно искуство кое буквално, експлодирало во неговото долгометражно првенче. Чувството на гордост предизвикува фактот, дека гледате можеби еден Тарантино или Родригез на македонски јазик, филм од кој ќе се прераскажуваат реплики меѓу помладата публика, и кој сигурно ќе го сврти вниманието во насока дека нашиот, македонски  филм, може да биде модерен, допадлив и да се бара билет повеќе на кино благајните, без оптовареност за арт калкулации. Актерската екипа е на висина на задачата во овој колаж од карактери, херои и антихерои,

„Убиј ги прво децата“ е акциона комедија, која наместа, со бруталноста и духовитоста суптилно коментира некои скапани аспекти на социјалната средина. Филмот умешно ве вовлекува во интригите на протагонистите, развива атмосфера која го одржува вниманието, и останува верен на драматуршката поставеност и жанрот. За пофалба е кастингот , музиката, камерата и севкупната режисерска композиција. Ако се земе во предвид вечно горчливиот проблем на нашата продукција- мали буџети, во „Убиј ги прво децата“, продуцентите  го извлекле максимумот со добри продукциски решенија.

Во пресрет на вечерашната македонска премиера, разговаравме со режисерот Димитар Оровчанец. 

Димитар Оровчанец

НоваТВ: По успешната светска премиера на Сараево филм фест, „Убиј ги прво децата“, ќе имаме можност вечерва да го гледаме на македонска премиера на ИФФК „Браќа Манаки“ во рамките на официјалната селекција за „Златна камера 300“. Станува збор за ваше дебитантско долгометражно остварување кое жанровски го дефинирате како акциона комедија. Од каде инспирацијата за ова сценарио?

Оровчанец: Идејата за филмот се спои спонтано, наеднаш, се поклопија коцките кога видов една балерина во костим, за време на пауза,  како плаче и зборува на телефон додека пуши цигара. Таа слика ја затвори идејата која понатаму стана приказната за филмот. Таа слика од балерината ја нема во филмот, но ја има балерината, и беше доволно инспиративна за да спои еден куп ликови и ситуации што сум ги видел или просведочил низ годините. Анегдоти, карактери, монолозии, муабети, приказни за лихвари, корумпирани џандари, локални „нинџи“ и маалски тинејџери кои одат со глава низ ѕид… Ете, така некако, како хаотичен колаж од сé и сешто, сето тоа се склопи во приказна по мој ќеиф.

Миа Жиро
Миа Жиро

НоваТВ: Приказната следи интриги во кои протагонистите се млади луѓе, кои случајно ќе се сплеткаат со криминалното подземје. Дали одбравте комичен наратив кој истовремено може да проговори/коментира  некои социјални и општествени аномалии?

Оровчанец: Низ годините имам напишано и снимено доволно приказни за да сега веќе, на овие години, не се лажам себе си. Си го знам сензибилитетот и не планирам да бегам од тоа што го сакам, а тоа е комичната страна на секојдневието, па макар била и на најтрагичните нешта во животот. Сакам јас и длабоки теми, сакам и ангажирани приказни, но тоа што ми се допаѓа мора да дојде од срце. Инаку, дали и ако филмот коментира било што, тогаш тоа е помеѓу филмот и публиката. Јас нема да си го коментирам филмот, тој сега веќе треба да зборува сам за себе.

НоваТВ: Колку сте задоволни од соработката со кинематограферот Влатко Самоиловски,  дали заеднички ја поставивте визуелната форма на филмот?

Влатко Самоиловски на снимањето на „Убиј ги прво децата“
Влатко Самоиловски на снимањето на „Убиј ги прво децата“

Оровчанец: Ова не ни е прва соработка со Влатко и не е ни случајно што заедно го снимивме и овој мој прв долгометражен игран филм. Инаку да, заедно ја склопивме визуелната форма. Влатко нема некој свој стил на кој инсистира. Влатко знае дека треба да снима така како што е најсоодветно за да се раскаже приказната. Само погледнете му го опусот и нема да можете да кажете дека не му одат сите форми, бои (или недостиг на исти!), работа со камера и светло (или отсуство на исто!) композиција… И секогаш најсоодветно на приказната.  Исто така, Влатко снима брзо, прецизно и едноставно. Не ретко знае да изненади и да даде подобро решение од зацртаното. Не можам да избројам во колку наврати, за време на ова снимање, ме спаси од самиот себе. Не можев да посакам да работам со подобар, помудар и толку професионален кинематографер, секако еден од најдобрите во македонската кинематографија и пошироко.

НоваТВ: Овој жанр не е чест во домашната кинематографија, поточно може да се каже дека не снимаме често жанровски филмови. Сметате ли дека имаме капацитет за продукција во која би имало место и за хорор, акциони, комедии, трилер филмови?

Оровчанец: Каде има воља – таму има и начин. Она што ни треба се добри приказни, биле тие жанровски или не. Повеќе сакам да гледам добар хорор отколку претенциозен филм со наметната порака (а такви ги имаме тука колку сакаш).

НоваТВ:Зад себе имате прилична бројка на потпишани краткометражни филмови, работите видео, марекетинг итн. Колку беше различно, (потешко или полесно) да се реализира долгометражен филм, продукциски, кретивно?

Оровчанец: Јас уживам во целиот процес на реализација, од идеја го готов производ. А кога сакаш да снимаш, тогаш секој ден на сет или во монтажа е уживање. Уживам во проби, во бирање локации. Ги сакам дури и оние 15 минути пред зајдисонце и пред  да снема бленда, а треба да се покријат уште три кадри.

Миа Жиро, Стефан Спасов (од снимањето на филмот)
Миа Жиро, Стефан Спасов (од снимањето на филмот)

НоваТВ:„Убиј ги прво децата“ ќе си го продолжи својот фестивалски живот, како и дистрибуција во кино сали. Подготвувате ли ново сценарио?

Оровчанец: Веќе имам две готови сценарија. Ќе видиме со кое ќе се обидам следно, но секако се подготвувам да се ставам во акција што поскоро.

НоваТВ:Во некои претходни интервјуа, нагласувате дека успехот на филмските автори дома, и нивната можност да добијат поддршка за снимање, за жал е условена од тоа колку признание ќе добијат надвор, па потоа го добиваат вниманието тука. Дали е во прашање некаква матрица, менталитет  да го вреднуваме повеќе туѓото од своето, или пак нешто друго е во прашање?

Оровчанец: Никогаш не сум тврдел нешто такво. Имам кажано дека успехот надвор е битен но не и пресуден.  За жал, ова наше поднебје не се почитува самото себе колку што го почитува тоа што ќе му кажат другите. Како селската убавица и грдиот принц (не знам од која книга беше)… Тоа е синдромот на “малечките луѓе“ кои не веруваат во себе. Имаме ние што да раскажеме, и тоа како, па им се допаѓало тоа на другите или не е помалку важно.

НоваТВ: Кои  филмски автори Ви се референтни, која кинематографија би ја издвоиле моментално како водечка во Европа?

Оровченец: Тоа е како да ме прашувате кое дете си го сакам повеќе. Но ајде, во последиве години едвај чекам да го видам секој следен филм на Андреј Звjагинцев, на Матео Гароне, Али Абаси, Паоло Сорентино, Серебреников, Павел Павликовски, Шон Бејкер… ги има многу и сите ги сакам.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.

Продуценти се Атанас Георгиев, Дејан Илиев, Илија Циривири и Корнелија Ристовска. Музиката за филмот ја направи Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска.

Димитар Оровчанец има искуство како сценарист и режисер на краткометражни и долгометражни филмови. Има работено на голем број ТВ реклами, кампањи, музички спотови, документарни филмови, телевизиски документарни филмови и ТВ емисии. Освен со режија и сценарио, Димитар има и долгогодишно искуство со фотографија кое вклучува ангажмани како директор на фотографија на еден игран филм, на повеќето од своите кратки филмови како и на на својот долгометражен документарен филм „Олга”. Покрај искуство во филмската, видео, ТВ
и радио продукција, повеќето од својата кариера ја има поминато работејќи како креативен ум и режисер за неколку продукциски и адвертајзинг куќи и како и режисер на неколку театарски претстави.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

 

Агенција за филм на РСМ Димитар Оровчанец ИФФК Браќа Манаки 2024 Македонски филмови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.