Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Маестрална црно-бела филмска ноќ ни ги растера розовите облаци

0
By Ана Василевска on September 23, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Сцена од „Девојката со иглата“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2024 16:42

Битола, до сабота продолжува да биде епицентар на филмските настани кај нас, особено во духот на најстариот фестивал кој ја слави работата на кинематограферите, оние, на кои паѓа товарот на тешката а истовремени нежна работа да ја „центрираат“ камерата, светлото и сета визуелна поставеност на филмската магија.

Од Битола: Ана Василевска

„Девојката со иглата“ и „Зона на интерес“, се насловите на двата филма кои синоќа се прикажаа како дел од официјалната компетиција за „Златна камера 300“ на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, двата епохални, работени во црно-бела фотографија. Едниот, временски сместен по првата светска војна, а вториот во периодот и по втората светска воена катастрофа. Веројатно не е случајно, што публиката сведочеше на ваква програмски осмислена ноќ, која како ретко кога ја наполни салата на Центарот за култура во Битола. Силните впечатоци од двете најнови ремек дела на европската кинематографија (едниот кандидат за Оскар, другиот добитник на Оскар за странски филм) , беа уште долго дебатирани денеска по битолските кафулиња, а новинарите имаа можност да дознаат нешто повеќе за „Девојката со иглата“ на прес конференцијата со младиот кинематографер Михал Димек, гостин на фестивалот. Димек, одмерено и скромно одговараше на новинарските прашања, иако навистина „голема енигма“ остана тоа како ова изненадувачко, зачудувачко ремек дело е снимено за само 27 дена.

Сцена од „Девојката со иглата“

„Филмот не беше едноставен за работа, снимавме исклучително емотивни сцени, целата екипа едноставно беше соединета во желбата да се извади целината која ја замисли режисерот Магнус фон Хорн. Имавме долго истражување на епохата која требаше да се сними, стотици фотографии ни минаа низ раце. И секако, кога работите црно-бела техника, потребна ви е сивата нијанса, која искрено јас не можев да ја одберам, туку ја најдов низ самиот процес. На крајот, драго ми е што публиката, критиката, ја препозна нашата исцрпувачка работа и го евидентираше филмот како автентично дело“, рече Димек на прес конференцијата.

И навистина, данскиот кандидат за наградата Оскар, „Девојката со иглата“, си го најде вистинското место за компетиција на нашиот фестивал, кој освен што е целовито несекојдневно филмско дело, со кинематограферскиот влог, засега се пласира во во самиот врв за наградата „Златна камера 300“.

На денешната прес конференција говореше и кинематограферката Јоланта Дилевска која нагласи дека своето искуство со задоволство го пренесува на новите генерации, особено охрабрувајќи ги жените кинематограферки. Таа нагласи дека никогаш не се согласила да „влезе“ во проект во кој режисерот/ката, не ја почитува комплетно работата на кинематограферите.

„Да се биде дел од создавањето на филмското дело како кинематографер е многу важен авторски влог. Никогаш не се согласувам да работам на филм ако немам разбирање и почит со режисерот, а ова е и мој клучен совет за помладите генерации„, рече Дилевска.

По прес конференцијата следуваше презентација во киното „Манаки“ насловена Зад сцената на „Зона на интерес“ со 10 SONY Venice камери, на која присуствуваа бројни професионалците и љубопитни гости.

Да потсетиме дека, првиот фестивалски ден на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ започна со прес конференции на Бруно Делбонел годинашниот лауреат на Златна камера 300 за животен опус, Дариа Д’Антонио, кинематограферката на „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино – филм со кој синоќа се отвори Фестивалот, Димитар Грбевски, филмски и телевизиски монтажер кој годинава ја доби наградата на ДФРМ, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и претставување на членовите на жиријата.

Битола, до сабота продолжува да биде епицентар на филмските настани кај нас, особено во духот на најстариот фестивал кој ја слави работата на кинематограферите, оние,  на кои паѓа товарот на тешката а истовремени нежна работа да ја „центрираат“ камерата, светлото и сета визуелна поставеност на филмската магија.

Битола Браќа Манаки филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.