Author: Ана Василевска

Државната изборна комисија на денешната седница донесе заклучок за конечност на разултати за избор на претседател на Република Северна Македонија, прв круг. Според заклучокот, за изборите одржани на 24.4.2024 година, вкупен број на избирачи запишани во избирачки список имало 1 814 317 гласачи од кои гласале 905 622. Неупотребени гласачки ливчиња биле 908 720, важечки ливчиња 881 040, а неважечки ливчиња 24 560. Конечните резултати покажуваат дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски добил 180 499, Гордана Силјановска Давкова 363 085, Стевчо Јакимовски 8 121, Бујар Османи 120 811, Билјана Ванковска 41 331, Арбен Таравари 83 337 и Максим Димитревски 83…

Read More

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни. И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон од 26 до 28 мај ќе престојува во државна посета на Германија која ќе биде во контекст на европската соработка, со планирани посети на Берлин, Дрезден и Минстер, соопшти денеска германското претседателство. Посетата, која е прва на француски претседател во последните 24 години, ќе се реализира непосредно пред изборите за Европскиот парламент (6 до 9 јуни) и почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија, кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, и Олимписките игри во Париз кои следат веднаш потоа. Францускиот претседател редовно се среќава со германскиот канцелар Олаф Шолц во Париз или…

Read More

Собранието на Србија вечерва ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград. За новата влада од 250 пратеници колку што има српското собрание, за владата гласаа 152 од 213 присутни пратеници, а 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници. Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои пет се министри без ресор. Новата влада има третина од новите имиња во однос на претходната Влада на Србија предводена од Ана Брнабиќ. Премиерот на новата српска влада Милош Вучевиќ во експозето на собраниската седница вчера најави дека…

Read More

На членовите на филмската екипа на иранскиот режисер Мохамед Расулоф, чиј филм беше избран за натпреварувачката програма на Канскиот фестивал, им е забрането да ја напуштат земјата, јави Еуроњуз Калчр (Euronews Culture). – Продуцентите на новиот филм на Расулоф „Семето на светата смоква“ беа испрашани откако филмот беше избран за натпреварувачката програма на овогодишниот фестивал во Кан. По сослушувањето, на членовите на филмската екипа им беше забрането да ја напуштат земјата, се вели во соопштението. Адвокатот Бабак Пакнија со објава на социјалната мрежа Х ја потврди оваа информација.

Read More

Украина веќе целосно го реализираше својот дел од обврските за да ги почне преговорите за влез во Европската унија во јуни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Како и во секоја претходна фаза на интеграција со Европската унија, многу зависи од нашата активност, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање. Според него, Украина веќе целосно го исполнила својот дел од обврските за почеток на пристапните преговори во јуни.

Read More

На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот,  сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена  кинотечна награда „Златен објектив“. -Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на седмата уметност и филмското образование, соопшти Кинотеката. Ќе бидат прикажани неговите документарни филмови „Оган“, „Дае“, „Австралија, Австралија“ и играните „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „До Балчак“. Покрај филмови од Попов, мајската програма на…

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека требало да се слушаат што зборуваат земјите од Централна Европа за Русија и порано да се преземат „одлучни акции“. – Мислам дека требаше подобро да ги слушаме земјите од Централна Европа. Тие имаат многу повеќе искуство со соседството на Русија. Можеби требаше да направиме нешто порано, како што предложија некои централноевропски земји. Денеска можеме да бидеме благодарни и задоволни што имаме толку силна Европа, која може да даде толку силен одговор на Русија, рече таа на прес-конференција во Брисел на прашањето што научи ЕУ од Полска во изминатите 20…

Read More

Албанските синдикати се обединија во заеднички протест пред владата во Тирана со барање за „достоинствени плати и услови за работа“. На работниците од различни професии, рудари, просветни работници, здравствени лица, им се придружија и невработени граѓани и пензионери. Во меѓувреме премиерот Еди Рама од Елбасан каде што денеска беше во посета на компанијата за фероникел „Албкром“ го честиташе Меѓународниот ден на трудот Први мај. – Честитката ја упатувам до секој работник, со желби за верба, добро здравје и само успеси. Ништо не е невозможно во нашата убава земја, порача Рама.

Read More

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај Д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде испрати порака дека работничкиот труд, солидарност и истрајност треба високо да се ценат. Како носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина Филипче потсети на најтешките времиња и најголемите кризи кога во прашање беше здравјето на граѓаните и егзистенцијата на семејствата. „Влогот на работниците нивниот труд, солидарност и истрајност најмногу го почувствувавме во најтешките времиња. И не го заборавивме. Го вреднуваме и унапредуваме. СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и…

Read More

Оваа ексклузивна група ќе учествува во прилагодена програма за поттикнување меѓународни копродукции, интензивирање на размената на искуства и помош за создавање нови професионални мрежи, која ќе се одржи пред и за време на Канскиот филмски фестивал (14-25 мај). Продуцентката Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е селектирана меѓу 20-те најдобри европски продуценти во развој за 2024 година. Изборот на продуцентите во развој (PRODUCERS ON THE MOVE) што се одржува пред и за време на Канскиот фестивал (14-25 мај 2024) денеска го објави пан-европската мрежа European Film Promotion (EFP) и нејзините членки. Двесете од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во…

Read More

Европскиот парламент од денеска започнува кампања за поттикнување на граѓаните на ЕУ да учествуваат на Евроизборите закажани за од 6 до 9 јуни годинава, чија примарна цел е да се зголеми одѕивот на гласачите. Идејата на кампањата е да се пренесе пораката: „Користете го вашиот глас, не дозволувајте толку лесно да ви биде одземена демократијата. Таа е дадена, вие треба да ја браните“. Почнувајќи од првите директни избори за европратеници во 1979 година кога одѕивот беше 61,99 отсто, тој беше во опаѓање на секое следно гласање, паѓајќи под 50 проценти на сите избори по 1999 година, за да ја достигне…

Read More