Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангела Несторовска од „Сектор филм“ се вброи меѓу дваесет најдобри европски продуценти во подем за 2024 година

0
By Ана Василевска on April 30, 2024 КУЛТУРА, УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 30, 2024 20:06

Оваа ексклузивна група ќе учествува во прилагодена програма за поттикнување меѓународни копродукции, интензивирање на размената на искуства и помош за создавање нови професионални мрежи, која ќе се одржи пред и за време на Канскиот филмски фестивал (14-25 мај).

Продуцентката Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е селектирана меѓу 20-те најдобри европски продуценти во развој за 2024 година. Изборот на продуцентите во развој (PRODUCERS ON THE MOVE) што се одржува пред и за време на Канскиот фестивал (14-25 мај 2024) денеска го објави пан-европската мрежа European Film Promotion (EFP) и нејзините членки.

Двесете од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на EFP, која не само што ја слави својата 25-годишнина, туку и ќе го сврти вниманието кон бројните соработки што се развија помеѓу близу 500 учесници од 37 европски земји, во текот на овој четвртина век.

Како што стои забележано во oбјавата за изборот на Ангела Несторовска, таа е дел од „Сектор Филм“ од  2005 година, и има продуцирано филмови, како што се краткометражниот игран филм „Почва“ на Алекс Цветков, долгометражниот игран филм „Насоки“ на Стефан Командарев, селектиран во канската програма Извесен поглед (Un Certain Regard) во 2017 година, и копродуцентка е на проектот, „Via Carpatia“ долгометражен игран филм на режисерите Клара Кочанска и Каспер Бајон, кои се натпреваруваа во Карлови Вари. Неодамна во 2022 година,  беше во копродукција на дебитантскиот долгометражен игран филм на Асимина Проедроу, „Behind the Haystacks“  а моментално е во постпродукција на долгометражниот игран филм „Момчето со светло сини очи“ на Танасис Неофотистос. Покрај тоа, Несторовска работи на предпродукција на филмот„Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ и го развива „Мечка за другарот Ким“ на Ангел Апостолски, и двата дебитантски долгометражни играни филмови.

Ангела Несторовска

Инаку програмата на PRODUCERS ON THE MOVE, е дизајнирана како платформа за поттикнување на европските филмски копродукции и за развој и афирмација на европските продуценти. Учесниците добиваат можност да го претстават својот проект, да земат учество во предавања, работилници, индивидуални состаноци со филмски експерти како и можност за промоција во печатените и електронските публикации на меѓународната филмска индустрија.

Програмата е наменета за 20 продуценти од 20 европски земји, кои задолжително мора да имаат учествувано барем во една меѓународна копродукција. Учесниците се номинираат од страна на земјата-членка. Нашата земја е членка на мрежата ЕФП од 2009 година.

Останатите избрани продуценти за оваа година се : Катарина Пош (Австрија), Елиса Хене (Белгија / Фландрија), Калин Калинов (Бугарија), Тибор Кесер (Хрватска), Тониа Мишиали (Кипар), Кристина Михалек Кветова (Чешка), Лина Флинт (Данска), Делфин Шмит (Франција), Фабијан Дрихорст (Германија), Марија Контоџани (Грција), Сара Насим (Исланд), Еван Хоран (Ирска), Гидре Жиките (Литванија), Катаржина Озга (Луксембург), Анита Рехофвеј Ларсен (Н. ), Изабел Мачадо (Португалија), Драгана Јововиќ (Србија), Ванда Адамик Хрицова (Словачка), Ева Акергрен (Шведска).

Оваа ексклузивна група ќе учествува во прилагодена програма за поттикнување меѓународни копродукции, интензивирање на размената на искуства и помош за создавање нови професионални мрежи. Претфестивалската онлајн-програма, која започнува денес и трае до 3 мај, вклучува состаноци за брзина 1:1, тркалезни маси и сесии за пичинг. Продуцентите потоа ќе се сретнат лично за време на фестивалот во Кан од 16 до 20 мај и ќе учествуваат во петдневна програма.

А.Василевска

 

Агенција за филм на РСМ Европски продуценти кански филмски фестивал Сектор филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.