Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Министерството за образование и наука подготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство. Основа на процесот се заклучоците што произлегоа од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата, каде заедно со наставниот кадар и стручните служби се анализира безбедносната состојба, соопштија од МОН. „По финализирањето на препораките, истите ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојуваат на следната седница. Во меѓувреме, секој конструктивен предлог е добредојден и може да биде дел од планот за…
И покрај тоа што 17 земји-членки на ЕУ покажаа апсолутен пораст на населението, седум земји го следеа спротивниот тренд, вклучително и значително намалување во Италија, Полска, Грција и Хрватска. Извештајот на Евростат за демографијата на Европа документира различни фактори кои влијаат на животите на десетици милиони луѓе. Популацијата на Европската унија е намалена за повеќе од половина милион во однос на 2020 година, покажуваат најновите демографски статистички податоци објавени од Евростат. Извештајот го откри негативниот ефект на жртвите од Ковид-19 врз населението во ЕУ, прекинувајќи го годишниот раст забележан до 2020 година. И покрај тоа што 17 земји-членки на ЕУ…
По веста дека албанските власти го уапсиле кандидатот за градоначалник на Химара од партијата на грчкото малцинство КЕАД Дионисис Фреди Белерис, Министерството за надворешни работи на Грција ќе упати демарш до албанското МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР соопштија дека по упатствата од министерот за надворешни работи Никос Дендиас, амбасадорката на Грција во Тирана Константина Камици, денеска ќе го упати демаршот. Според грчките медиуми, Белери и неговите соработници синоќа биле уапсени пред ресторан, без конкретна причина.
По 30 години ансамблот на НУ Народен театар-Битола настапи на сцената Artturbina на Народниот театар во Тирана со изведба на претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани и беше поздравен со долг аплауз и овации од публиката во преполната сала. „Претставата „Артуро Уи” е една од најфамозните на 20-от век, поставувана во многу светски театри, а сега на мое задоволство и во Битола. Цела претстава ја изработивме според „методот” на Брехт и верувам дека публиката ќе ужива во улогите на актерите во претставата“, рече режисерот Ријани. Како за режисерот така и за актери работењето на една…
Пишува: Ана Василевска Можеби посетителите, според организаторот на Саемот на книгата и нивниот завршен текст испорачан на медиумите, ја докажале љубовта кон книгите, но останува впечатокот дека тие испорачаа малку, или речиси воопшто љубов кон ова саемско издание. Изразено во бројки, и квантитативни но не и квалитативни толкувања, да, Саемот имаше и бројни издавачи, промоции и посетители. Особено посетители како оние ученици, донесени и буквално истоварени со автобуси пред арената „Борис Трајковски“. Неорганизирани, и без компас втурнати меѓу штандовите, само направија гужва и допринесоа да се влоши и онака задушливиот воздух во спортската сала. И наместо навистина да заминат од…
Од вчерашната дебата, произлезе една ретка вест, Мицотакис за првпат јавно призна дека постои скандал со прислушувањето и дека немаше никаква национална причина за следењата, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас и истакна дека само со прогресивна Влада виновниците ќе сносат одговорност, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на синоќешниот ТВ дуел рече дека лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис не претставува „апсолутно никаква опасност за безбедноста на земјата и никогаш не требаше да биде следен“, но и дека „според Економист земјата во изминатата година има направено значаен напредок и покрај скандалот со прислушувањата“. Ципрас…
Народните пратеници на проевропската опозиција денеска пред Владата на Србија ги повикаа „сите граѓани, организации и здруженија“ да им се придружат утре во 18 часот на протест на кој ќе го блокираат и мостот Газела, за кој најавија дека е само „блокада за предупредување“ доколку не ги исполнат барањата и доставија до Владата подготвен текст на оставки, кои треба да го потпишат министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и шефот на БИА, Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Белград. „Утре во 18 часот ги повикавме сите граѓани, сите организации, здруженија да дојдат пред Народното собрание, каде по собирот ќе…
Обвинителот на Шведска, Ларс Хендвал денеска изјави дека е обвинет 50-годишен маж поради незаконско распространување на класифицирани информации за голем број одбранбени објекти во земјата. Ова е грубо прекршување, бидејќи информациите се однесуваат на прашања од големо значење за одбраната на земјата. Секое откривање информации на странска сила може сериозно да ја оштети одбраната на скандинавската земја и да ја намали нејзината способност да се брани во случај на војна, истакна Хендвал. Идентитетот на обвинетиот не е соопштен.
Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир. Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска…
Со оглед на тоа дека овие, како и низа други закони беа блокирани во Собранието, а имаат за цел унапредување на различни делови во нашето општество, беше одлучено да одат на Комисијата за европски прашања, која обезбедува нивно побрзо усвојување и побрзо работење на терен. На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на прашањето за означувањето со европско знаменце на законските измени поврзани со коридорите 8 и 10д. Како што напомена, станува збор за стратешки и европски поврзани коридори, и затоа Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на…
Разговараше: Ана Василевска Теодор Богоевски, советник на претседателот на Владата за лица со попреченост, својата повеќегодишна заложба за креирање на стратегии и политики за општествено унапредување и интегрирање на лицата со попреченост го сублимираше во книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“. делото ќе биде промовирано на 18 мај во 12 часот во „Музејот на современа уметност“. Овој сеопфатен труд во книгата е систематизиран темелно, од неговата лична засегнатост со проблематиката, до истражувањата кои преку востановена методологија можат да доведат до конкретни решенија. Во интервјуто за НоваТВ, со Богоевски разговаравме за мотивот за делување во оваа насока, активизмот, проблемите со…
Во фокусот на медиумите во Албанија денеска покрај предизборната кампања, се наоѓа и најавата од поранешен кандидат за американскиот Сенат дека ќе објави докази против поранешниот шеф на контраразузнавањето на ФБИ, Чарлс Мекгонигал. Денеска во Република Косово престојува Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, кој имаше средба со косовскиот премиер Курти. Во продолжение е изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Сури: Се проширува аферата Мекгонигал / Американски политичар: Ќе објавам нови докази за предавство и корупција „Еверет Стерн, поранешен кандидат за американскиот Сенат и директор…