Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српската опозиција поднесе барање до Владата за оставки на Гашиќ и Вулин и за утре најави протест и блокади

0
By Ана Василевска on May 11, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 11, 2023 14:23

Народните пратеници на проевропската опозиција денеска пред Владата на Србија ги повикаа „сите граѓани, организации и здруженија“ да им се придружат утре во 18 часот на протест на кој ќе го блокираат и мостот Газела, за кој најавија дека е само „блокада за предупредување“ доколку не ги исполнат барањата и доставија до Владата подготвен текст на оставки, кои треба да го потпишат министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и шефот на БИА, Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Белград.

„Утре во 18 часот ги повикавме сите граѓани, сите организации, здруженија да дојдат пред Народното собрание, каде по собирот ќе се упатиме кон Газела. Планот е да се блокира Газела два часа како прв знак за предупредување додека не се исполнат барањата“, изјави пред насобраните Александар Јовановиќ Чута, пратеник на коалицијата Мораме-Заедно.

Тие ги поканија и оние граѓани кои не можат да дојдат во Белград да ги блокираат улиците и плоштадите во нивните градови.

„Србија мора да застане додека не се исполнат овие барања. Утре е протест за блокада за предупредување, потоа ќе повикаме на повторни блокади, само што тие ќе бидат подолги“, рече Јовановиќ.

Обраќањето на опозицијата почна со говорот на Јовановиќ, кој ги повтори барањата на опозицијата, меѓу другото, разрешување на министерот за внатрешни работи Братислава Гашиќ и првиот човек на БИА Александар Вулин.

„Бараме од Братислав Гашиќ и Александар Вулин да го направат единственото нешто што можат, а тоа е веднаш да се повлечат од своите позиции. Во име на сите мои колеги зад мене, им порачувам дека е подобро тоа да го направат сами отколку народот да ги смени на улица“, рече Јовановиќ.

Тие ова барање го доставија до писарницата на Владата на Србија.

Од проевропската опозиција бараат и да знаат зошто претседателот на Народното собрание, Владимир Орлиќ, не сакал да ги прими пратениците и да разговара со нив за барањето да се одржи седница на српскиот Парламент, на која, како што претходно најавија, ќе се разговара за одговорноста и безбедноста во земјата.

„Затоа, како што велат, доколку владините претставници не сакаат да разговараат во Собранието, утре ќе разговараат на Газела“, изјави Јовановиќ Чута.

Тие ги повторија своите барања од понеделникот кога побараа смена на раководството на РЕМ, како и суспендирање на националните фреквенции на ТВ Пинк и ТВ Хепи за кршење на законот за, како што велат, „запирање на труењето“ на граѓаните.

Белград протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.