Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре ќе престојува во посета на Киев, соопшти портпаролот на Комисијата. Тој истакна дека посетата се совпаѓа со Денот на Европа – 9 мај. „Топло ја поздравуваме најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Денот на Европа во иднина ќе се слави во Украина“, додаде портпаролот. Според него, разговорите меѓу Фон дер Лајен и Зеленски ќе ги опфатат сите прашања од билатерален интерес, вклучително и подготвеноста на Киев да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ. Портпаролот потврди дека Европската комисија во петокот минатата недела им ги предала на земјите од ЕУ…
Претседателот на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) Илиријан Целибаши соопшти дека до Комисијата за жалби и санкции упатил барања за изрекување парични казни за градоначалници, претставници на министерства и директори на училишта, кои во изборната кампања користеле јавни ресурси. „ЦИК бара парична казна за 20 градоначалници бидејќи користеле јавни ресурси за водење изборна кампања. Казни се побарани и за пет генерални секретари во пет министерства како и за двајца директори на училишта“, стои во објавата на веб страната на ЦИК. Според медиумите Комисијата за жалби и санкции ќе одржи седница денеска, но повеќе од јасно е дека ќе даде позитивен…
Зајакнување на системот на контрола во образовните институции, подигнување на степенот на образование и зајакнувањето на стручните служби кои ќе се грижат за менталното здравје на децата, би помогнало многу во процесот да не дојде до состојби за кривична одговорност кај малолетници. Но потребно е и родителите да преземат сериозна одговорност во контролата на децата, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, во рамките на 50. Европска регионална конференција на Интерпол што се одржува во Охрид, за предлозите за намалување на границата за кривична одговорност кај малолетници, по масакрот во Србија, Спасовски рече…
Едно лице загина, а две се повредени во пукање во ноќен клуб во Мајами Бич, јави Си-Би-Ес. Убиениот прво бил пренесен на интензивна нега во болницата Џексон Меморијал, каде подоцна им подлегнал на повредите, се наведува во полициското соопштение. Во болница се пренесени и две повредени жени. Полицијата не го соопшти идентитетот на жртвите. Истрагата е во тек.
Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство. Владините мерки стапуваат на сила, а од утрово распоредени се полицајци во сите 1.800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. На влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“ има четворица полицајци, цвеќе и свеќи што ги оставаат граѓаните. Нема настава, а од денеска ќе се организира продолжен престој за учениците од одделенската настава, од прво до четврто одделение. Наставата за сите ученици…
Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa. Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија . Во рамките на ова фестивалско издание е предвидено да бидат прикажани 40-тина филмови , ќе се одржат 50-тина настани, ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“. Мотото…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја одби неговата последна шанса да сведочи на граѓанско судење во кое колумнистка го обвинува дека ја силувал во соблекувалната во стоковна куќа во 1996 година. На Трамп, републиканскиот кандидат за претседател во 2024 година, американскиот окружен судија Луис Каплан му даде рок до недела во 17 часот по локално време да поднесе барање за сведочење, но тој не го стори тоа. Тоа не е изненадување, бидејќи Трамп не се појави ниту еднаш за време на двонеделното судење во Њујорк, каде што неколку дена сведочеше авторката Е.Џи Карол, повторувајќи ги тврдењата што таа првпат јавно…
Ставот дека доколку СИРИЗА победи на изборите ќе може да формира Влада со третата партија, односно со ПАСОК, го изрази лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за неколку грчки локални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас истакна дека прашањето „што ќе се случи следниот ден по изборите“ е „прашање за една милијарда“, посочи дека оној што ќе биде прв, „ќе има можност да ја одреди играта на постизборните соработки“, но и да формира Влада. „Ако е СИРИЗА прва ќе има можност да формира прогресивна Влада. Првата со третата партија ќе имаат можност да формираат Влада, врз основа…
По страотните трагедии во соседна Србија со масовни убиства во училиштето во Белград и потоа во Младеновац, се шират и лажни пријави за вооружени лица и пукање. Екипите за проверка и евакуација се на терен, додека се утврдува од каде доаѓаат пријавите. По масакрите и бројните жртви, Србија е во тридневна жалост а населението во видна паника ги следи настаните.
АНА ВАСИЛЕВСКА Најголемиот празник на книгата кај нас е пролетниот Саем што годинава од 4 до 10 мај се организира по 35 пат. Оваа манифестација веќе три ипол децении е можност книгоиздателствата да ги изложат своите дела, да се промовираат новите изданија, да се слави литературата во интеркација на читателите со авторите. И токму сега кога со пролетта во Скопје се буди природата, ми се чини дека за некои нешта остануваме трајно заспани. Каков е впечатокот при посета на Саемот за книгољупците? Се упатувате кон Спортската сала „Борис Трајковски“, повеќенаменскиот простор во кој ракометот, одбојката, фудбалот станаа секундарни, наспроти организирани…
Јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина е трајна порака на Коневски и еден вид на аманет, која во денешниот контекст е многу поважен и многу поголем товар за сите нас, а особено за институциите. Ние тоа го сфативме и како политичка агенда бидејќи во сите преговори со ЕУ, во сите преговори конкртетно со Бугарија секогаш клучна црвена линија ни бил македонскиот јазик и никогаш не отстапивме од тоа и немаме намера ниту право да отстапиме од такво нешто. Ова го истакна заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, на панел-дискусијата посветена на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото…
Пишува: Зоран БОЈАРОВСКИ, Фотографија: Ангел АНГЕЛОВСКИ, Камера: Алек РИЗИНСКИ Една по друга паѓаат како неосновани сите тужби и приговори во судот во Лерин, во Република Грција, против Центарот за македонски јазик. Се покажа како исправна одлуката на судските власти во оваа земја, соодветна на 21 век, да го регистрира Центарот за македонски јазик, кој за македонското малцинство во Грција е историска победа. Чин на остварување на аманетот на многу претходни генерации кои на своите наследници им порачаа дека борбата за македонскиот јазик и за правата на Македонците е постојана борба која никогаш не треба да заврши. Три дена во Лерин…