Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Ова е повторен масовен злосторнички напад по нападот врз нашите деца- напад врз нашата земја, ова е терористички чин, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста по убиствата во Младеновац. Воедно, тој најави нови мерки за носење оружје, зајакнување на безбедноста во училиштата и поостри казни, јави дописникот на МИА од Белград. „Синоќешниот напад е терористички чин во кој нашите единици имаа задача да уапсат и неутрализираат терорист. Негативецот е уапсен и повеќе нема да ја види светлината на денот. Нема да излезе од затвор. Толку многу семејства ги обвитка во црно“, изјави Вучиќ. Тој додаде дека…
Европскиот парламент следната недела ќе расправа и ќе гласа за одлуката да му се дозволи на Советот на ЕУ да го заврши процесот на ратификација на Истанбулската конвенција. „Шест години откако ЕУ ја потпиша конвенцијата – првиот правно обврзувачки меѓународен начин за спречување и борба против насилството врз жените и девојчињата – и покрај бројните повици од мнозинството европратеници, документот сè уште не е ратификуван поради одбивањето на неколку земји“, се наведува во соопштението од ЕП. Судот на ЕУ од 6 октомври 2021 година потврди дека ЕУ може да ја ратификува конвенцијата, дури и без согласност на сите земји од…
По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво, најавија од Министерството за Култура. Во Скопје синоќа на зградата од македонскиот Парламент се забележани стихови од „Кога ја љубев Дениција” на Петре М. Андреевски. И поговорката од народната ризница на Марко Цепенков „Јазико коски нема, коски кршит“ блесна на зградата на Парламентот. На тврдините на Скопското кале синоќа осамнаа стиховите „Јас и ти сме браќа стари, таква љубов чини пари…“ од култната нумера „Скопје“ на Леб и сол. Надлежните институции денеска организираат дебати…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска по повод „уште едно масовно убиство во Србија каде беа убиени невини луѓе“ изјави дека „ЕУ е со Србија во овие тешки моменти“. „Уште едно масовно убиство во Србија каде беа убиени невини луѓе. Ова е шокантна и страшна трагедија – ја чувствуваме болката и стоиме со народот на Србија во овие тешки моменти. ЕУ е со Србија“, напиша Борел во пораката на Твитер. На крајот од пораката на англиски јазик, на српски пишува „ЕУ е со Србија“, како и во пораката со сочувство на шефот на Делегацијата…
На денот на чествување на македонскиот јазик, во продолжение потсетуваме на важните информации и неколку интересни факти за македонска азбука — официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус на територијата на Република Македонија, донесена на 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија. Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои правописни знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности…
На овој ден кога го празнуваме македонскиот јазик, оддавам должна почит на сите создаватели на македонскиот литературен јазик, наведува премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај. „Со гордост можам да кажам дека ја исполнуваме мисијата и визијата на нашите предци. Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, тој е вграден во европското законодавство. Ќе продолжиме и понатаму да се грижиме за македонскиот јазик бидејќи „се додека го чуваме и негуваме јазикот наш македонски“, како што вели нашиот великан Блаже Конески, „ќе…
Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон Де Сантис ќе го потпише предлог-законот што му го испрати локалниот државен парламент, со кој им се забранува на лекарите да препишуваат медикаменти и да вршат процедури на малолетници кои сакаат да го променат полот. Предлог-законот, исто така, забранува користење на државните средства за промена на полот и воведува нови ограничувања за возрасните кои бараат лекарска помош за тоа. Тоа е уште еден нацрт-закон против ЛГБТ усвоен од Законодавниот дом на Флорида додека републиканскиот гувернер Де Сантис се подготвува да ја објави својата претседателска кандидатура во 2024 година. Нацрт-законот беше испратен до Де…
„Ако го погледнеме Извештајот за слободата на медиумите, ќе видиме дека на триесет годишнината откако е воспоставен Светскиот ден на слободата на медиумите ние немаме многу причини за славење. Ако ги погледнеме кои се бројките во 2022 година со речиси 70 потврдени убиства на новинарки и новинари и медиумски работници во светот, што е двојно повеќе од претходните години“, истакна Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на панелот „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права“. Дерала истакна дека не треба да се заборават и над 600 заробени новинари во светот од различни диктаторски режими. „За жал, најтрагично е во Руската федерација…
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) упати апел до своите членки и до сите медиуми да се држат до професионалните стандарди при известувањето за убиството на ученици во основното училиште „Владимир Рибникар“ во Белград, Србија. Во обраќањето до медиумите, СЕММ потсетува на основните начела (членовите 1, 7, 8 и 15 од Кодексот на новинарите, кои налагаат да се известува одговорно, без сензационализам, без непотребни детали и шпекулации околу трагедијата. „Да се пренесуваат само проверени информации и официјални извори, со почит кон жртвите, приватноста и болката на семејствата“, се вели, меѓу другото, во апелот на СЕММ. Советот за етика во…
На амбасадорот на Македонија во Прага, Сашко Тодоровски, му е скратен мандатот и тој е вратен во Македонија. Ова го соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи на онлајн брифинг со новинарите, наведувајќи ги слабостите во работата како причина за оваа одлука. „Имало констатирани нерегуларности во неговата работа, нефункционалност, лажно претставување на сопругата како културно аташе, непочитување на инструкциите од страна на МНР, и тоа е подолг процес. Процедурата за неговото враќање трае повеќе месеци“, рече Османи. Сашко Тодорвски беше вратен и од Стразбур, додека беше шеф на мисијата во Советот на Европа, а тој потег беше дочекан како обид на…
Дваесет и еден млади уметници од Франција, Германија и од Северна Македонија се дел од проектот на Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја“ од Тетово насловен „Оставете нè во мир!“, кој има за цел зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите од трите земји, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста. Проектот се оствраува од 1 до 7 мај со поддршка на Француско-германската канцеларија за млади и Француско-германскиот културен фонд, во рамките на програмата „Наша Европа, наша иднина“ и во чест на 60-та годишнина од потпишувањето на Елисејскиот договор. Младите,…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата на писателката и новинарка Елизабет Џин Керол дека ја силувал во стоковна куќа на Менхетен, опишувајќи ги како „најсмешна, најодвратна приказна“. На видео кое било прикажано пред судот на Менхетен, Трамп рекол дека наводите се измислени и оти нападот никогаш не се случил. „Да се случеше тоа, ќе беше пријавено за неколку минути“, рече Трамп, додавајќи дека клиентите и вработените во многу прометната продавница ќе слушнеле врева и ќе ги предупредиле властите.