Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Ова е напад на целата земја и терористички чин, следуваат нови мерки за носење оружје и поостри казни

0
By Ана Василевска on May 5, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 5, 2023 12:31

Ова е повторен масовен злосторнички напад по нападот врз нашите деца- напад врз нашата земја, ова е терористички чин, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста по убиствата во Младеновац. Воедно, тој најави нови мерки за носење оружје, зајакнување на безбедноста во училиштата и поостри казни, јави дописникот на МИА од Белград.

„Синоќешниот напад е терористички чин во кој нашите единици имаа задача да уапсат и неутрализираат терорист. Негативецот е уапсен и повеќе нема да ја види светлината на денот. Нема да излезе од затвор. Толку многу семејства ги обвитка во црно“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека сите големи народи во слични ситуации успеале да најдат разумни решенија по трагедиите.

„По убиството на децата сите бевме во шок и ние кои сме рационални 24 часа одевме како зомби, барајќи мотив и причина. Родителите се загрижени и исплашени. Родителот вели – го праќам детето на училиште, мора да одам на работа и очекувам да е безбедно.Тогаш се појавува психопат, чудовиште, ѓавол и убива без трошка каење. Како да ги смириме нашите родители, што да правиме, рече Вучиќ“, најавувајќи нови мерки.

Како што кажа, во следните шест месеци ќе бидат регрутирани 1200 нови полицајци, така што во секое училиште ќе има по еден полицаец и додаде дека Владата ќе донесе заклучок со кој на МВР му се наложува да подготви итни измени на законот за муниција со кои ќе се заострат условите за чување на оружје.

„Сите што имаат оружје ќе подлегнат на ревизија, нема да останат повеќе од 30-40 илјади парчиња. Ќе извршиме разоружување на Србија, ќе ги удвоиме казните, па да видиме како ќе набавите оружје. Ловџиите, исто така, ќе подлежат на шестмесечни и годишни проверки, кои вклучуваат медицински и психијатриски анализи и тестови за психоактивни супстанции“, рече тој.

МВР ќе преземе мерки за обезбедување мораториум за поседување оружје. Се наложува Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки и сите лица кои нелегално поседуваат оружје да го предадат во рок од еден месец. Министерството за правда да ги заостри казните за неовластено поседување оружје, минимум пет до максимум 15 години, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека бројот на оружје во Србија е намален на околу 760.000 парчиња, но оцени дека тоа не е доволно.

Тој им се заблагодари и на единиците кои учествуваа во акцијата за апсење, воедно посочувајќи дека вчера полицијата имала 25 интервенции за недоговорно однесување на младите кои се идентификувале со имитација на убиецот од ОУ Владислав Рибникар и дека е донесена одлука да се подигне нивото на разузнавачка и контраразузнавачка заштита на целата земја.

„Мислам дека најважно е да се спречи ширењето на лаги. И не само на социјалните мрежи, туку секаде. Сега треба да ги прегледаме сите 45.000 профили на луѓе на кои им се допаѓа убиецот и чудовиштето“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија повика да „сите како граѓани мора да победиме заради нашите деца, баби и родители“.

Александар Вучиќ Масовни убиства во Србија оружје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.