Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Првиот меѓународно акредитиран имплантолошки конгрес ќе се одржи во македонската метропола со врвни учесници од четири континенти. Отворен е повик за стоматолози специјализанти. Пријавувањето е едноставно со испраќање на име и презиме, а извлекувањето ќе биде по случаен избор. На првиот меѓународно акредитиран имплантолошки Конгрес кој ќе се одржи во Скопје учество ќе земат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од Европа, Америка, Азија и Африка. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хирушка техника во делот на имплантологијата, инфомира организаторката Татјана Велиновска Димовска. Токму поради важноста на едукативната компонента која ќе ја има овој Конгрес, организаторите Schuetz…
Франција повеќе не е заинтересирана за „разговор со руски претставници“, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне по неодамнешниот телефонски разговор меѓу министрите за одбрана на двете земји, кој заврши со различни извештаи. „Денес веќе не е во наш интерес да разговараме со руски официјални лица, бидејќи најавите и извештаите што се објавуваат се лажни“, изјави Сежурне за француските медиуми во Абиџан, каде што ја завршува повеќедневната турнеја низ африканските земји. По разговорите во средата меѓу министрите за одбрана Себастиен Лекорну и Сергеј Шојгу со цел да им се обезбедат на Русите „корисни информации“ за нападот врз Москва,…
На стотинa страници, од перспектива на авторката, книгата дава опис на развојот на кинематографија во период од три децении, не исклучувајќи го влијанието, односно политичките и социолошките фактори врз промените во нашиот филм. Книгата како што вели авторката е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“. Книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, која претставува своевиден пресек на состојбите во домашната кинематографија во периодот од независноста на државата, безмалку до денес, ќе биде промовирана во „Јавна соба“ на 10 април (среда) од 18.30 часот. Промотори…
Со неселективниот напад на 7 октомври минатата година Хамас целосно се дисквалификува себеси и оваа криминална група не може да го претставува палестинскиот народ, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, по повод шест месеци од нападот на исламистичкото движење врз Израел. -Ужасот од терористичкиот напад на Хамас врз Израел, со масакрот врз 1.200 Израелци и киднапирањето на стотици други, го шокираше светот и го втурна регионот во хуманитарна и политичка трагедија. Каде стоиме шест месеци подоцна?, наведе Борел во објава на Икс. Борел посочува дека го поддржува ставот на генералниот секретар на ОН, Антонио…
Локалните избори во Полска, каде што поранешната владејачка партија Право и правда победи со мала процентуална разлика, би можеле да послужат како предвремен показател за резултатите од изборите за ЕУ во јуни. Излезната анкета објавена по локалните и регионалните избори во Полска во неделата покажа дека про-ЕУ партијата на премиерот Доналд Туск заостанува зад конзервативната опозициска партија која управуваше со Полска осум години до декември. Но, социјално либералниот градоначалник на Варшава, сојузник на Туск, лесно доби уште еден мандат во главниот град. Изборите во неделата беа првиот изборен тест за коалициската влада на Туск речиси четири месеци откако ја презеде…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Aјде да почнеме од една општа констатација: Македонија и нејзините граѓани со секоја следна власт ќе помине лошо, без разлика која и да е, ама со ВМРО на власт ќе помине катастрофално безнадежно, затоа што постепено и незапирливо – гледаме уште во изборието – му се предава на официјален Кремљ. Го видовме вчерашниот случај со новинарот Фуркан Салиу, испишан преку тој „знаковит“ случај на експресно апсење, обиколени специјалци околу „новинарското тело“; прагматичното апсење се обидуваа идеолошки и несмасно да го „пеглаат“. Откако се појави „масовен“ притисокот од граѓаните на социјалните мрежи (Амин на тоа!) го пуштија човекот.…
Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си. Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада. Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико. Оваа појава ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во трите земји. Ова ќе биде прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност…
Public Room е основана во 2007 година врз основа на бизнис модел на социјални иновации и претприемништво. Од 2015 година го лансира уникатниот модел на социјално претприемништво и станува водечка граѓанска организација за дизајн на социјални иновации во целиот балкански регион. Петте големи меѓународни дизајн платформи и фестивали: “Skopje Design Week” на “Public Room” (Македонија), Фестивал Миксер (Србија), Дизајнавстрија (Австрија), What Design Can Do, Амстердам (Холандија) и Центарот за дизајн од Барселона (Шпанија) се обединија за да го започнат амбициозниот проект: Next Gen Design, кој има за цел не само да го поттикне учеството на младите туку и да поттикне…
Речиси половина од Европејците имаат позитивно мислење за украинскиот претседател Володимир Зеленски, но чувството варира во многу земји-членки. Ова е еден од главните заклучоци од ексклузивната анкета на Еуроњус спроведена од Ипсос меѓу речиси 26.000 испитаници во 18 земји-членки пред изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат меѓу 6 и 9 јуни. Првото истражување од ваков вид покажува дека 47 отсто од Европејците имаат „позитивно“ мислење за Володимир Зеленски, додека 32 отсто имаат „негативно“ мислење. Во меѓувреме, 21 отсто велат дека „не знаат доволно“ за претседателот, кој беше на врвот на насловните страници во последните две години и многу…
Од денеска до 13 април во Кинотеката ќе бидат прикажани четири филма во рамки на циклусот „Вишеградска група В4 филмски вечери“ посветен на кинематографиите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија како дел од Вишеградската група. Циклусот ќе почне вечер во 20 часот со проекција на чешката комедија од 2007 „Празни шишиња“ во режија на Зденек Сверак, а утре (сабота) ќе биде прикажан филмот „Студена војна“ на полскиот режисер Павел Павликовски од 2018 година. Идните петок и сабота ќе бидат прикажани и филмовите „Инвалид“ (12 април) на словачкиот режисер Јонас Карасек, снимен минатата година, и „Плоштад Москва“ (13 април) на унгарскиот…
Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд денеска препорача француската Влада да нема „никакви контакти“ со Русија откако Москва го искористи во свои пропагандни цели телефонскиот разговор меѓу францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну и неговиот руски колега Сергеј Шојгу, објавија француските медиуми. -Видовте како Русија го искористи ваквиот разговор и дури сугерираше дека Франција можеби ги поддржала нападите во Москва /…/ Моја препорака е да немате контакт со Русија, рече Оланд на радио „Франс Ентер“ Оланд беше претседател на Петата република од 2012 до 2017 година. По нападот во Москва на 22 март, во кој загинаа 144 лица, а одговорноста…
Маргарита Арсова, филмски уредник во МКЦ, за Трн.мк ја раскажа приказната за тоа како дошле до идеја да го снимаат филмот „ Ефтеркланг: Македониум бенд“, со данскиот бенд Ефтерланг, и објасни зошто го одбрале токму споменикот Македониум. Режијата на филмот е на на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм CPH:DOX. Музичкиот документарен филм, кој се снимаше во текот на април 2023, претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во потрага по македонски музичари, со цел составување голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест…