Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дискретен пресек на три децении независна кинематографија: Промоција на книга од Ана Василевска во Јавна соба

0
By Ана Василевска on April 8, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2024 11:24

На стотинa страници, од перспектива на авторката, книгата дава опис на развојот на
кинематографија во период од три децении, не исклучувајќи го влијанието, односно
политичките и социолошките фактори врз промените во нашиот филм. Книгата како што
вели авторката е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната
продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“.

Книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, која претставува
своевиден пресек на состојбите во домашната кинематографија во периодот од
независноста на државата, безмалку до денес, ќе биде промовирана во „Јавна соба“ на 10
април (среда) од 18.30 часот. Промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан
Пејовски. Промоцијата ќе биде проследена и со џез концерт на нашите еминентни
музичари со Гоце Стефковски квартет во состав: Гоце Стевковски, Дарко Мучев, Филип
Динев, Кирил Кузманов.

На стотинa страници, од перспектива на авторката, книгата дава опис на развојот на
кинематографија во период од три децении, не исклучувајќи го влијанието, односно
политичките и социолошките фактори врз промените во нашиот филм. Книгата како што
вели авторката е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната
продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“.

„На што можеа тогаш да се потпрат оние кои функционираа во дотогашниот организиран
филмски систем, кој можеби не беше идеален, но беше единствено познат? И тука, точно
како обид да се занимаваш со сервисирање вселенски летала во земја во која нема ниту
авионска индустрија, земја втурната во транзиција и економска несигурност, почнаа да се
реорганизираат тие филмски честички и да создаваат нова филмска историја. По три
децении, храброста и лудоста на оние кои ги поставија темелите на независните
продуцентски куќи оформија ново соѕвездие кое има достојно место на филмското небо.
Овие редови немаат амбиција да калкулираат или, пак, да поентираат во празно, туку се
обид да дадат еден базичен приказ на сите бури и мирни мориња што ја заплиснаа
нашата кинематографија во изминатите триесет години“, се вели на почетокот на книгата.

„Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е илустриран со плакатите од филмовите,
што претставува нивна прва систематизирана објава на едно место, а вклучени се сите
достапни плакати во архивата на Кинотеката на РСМ.

„Книгата стручно ги истакнува сите причини и последици од македонското филмско
творештво од 1991 до 2021, години на политички премрежиња, на уметничко
деморализирање, на општествено девалвирање, но и на одлучната македонска борба да
се опстои, па дури и во филмска смисла, да се пронајде вистинскиот филмски збор, да се
направи оптимален филмски избор, во разбрануваното море неприлики, оти ние сме
борбен народ, нели. На страниците на ,Дискретниот шарм на македонскиот филм’,
поместени се и историографски, но и статистички податоци за конкурентноста на
македонскиот филм на најзначајните филмски натпреварувања“, пишува рецензентката
на книгата Ана Кубин.

Ана Василевска, родена во Скопје во 1975 година е новинар, филмски теоретичар,
критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже
Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна
книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за
аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје.
Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот
се занимава од 1998 година. Автор е на стотици објави на рецензии, осврти, интервјуа,
анализи и критики поврзани со филмот, пласирани во бројни печатени и електронски
медиуми. Била уредник на ревијата за филм на првото електронско списание во
Македонија, „Блесок“. Селектор и модератор на ревијалната програма „Мак поинт“ на
ИФФК „Браќа Манаки“ во периодот од 2016 до 2019 година. Работела и како лице
задолжено за односи со јавноста на бројни филмски проекти во македонска
продукција. Иницирала, организирала и модерирала низа тематски трибини за
македонскиот филм. Уметнички координатор е на првата манифестација за преглед на
годишната филмска продукција, „Златна рамка“, денови на македонски филм 2019-
2023 година. Медиуми во кои работела: Македонска телевизија, Дневник, Форум,
Макфакс, Радио Равел, А1 он, Нова ТВ веб и други.
„Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга.
По промоцијата, книгата ќе биде достапна во книжарниците.

Агенција за филм на РСМ Ана Василевска книга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 23, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

ВЕСТИ July 23, 2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција предупреди дека случајот со…

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.