Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франсоа Оланд и препорача на француската Влада да не одржува никакви контакти со Русија

0
By Ана Василевска on April 4, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Франсоа Оланд
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2024 13:31

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд денеска препорача француската Влада да нема „никакви контакти“ со Русија откако Москва го искористи во свои пропагандни цели телефонскиот разговор меѓу францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну и неговиот руски колега Сергеј Шојгу, објавија француските медиуми.

-Видовте како Русија го искористи ваквиот разговор и дури сугерираше дека Франција можеби ги поддржала нападите во Москва /…/ Моја препорака е да немате контакт со Русија, рече Оланд на радио „Франс Ентер“

Оланд  беше претседател на Петата република од 2012 до 2017 година.

По нападот во Москва на 22 март, во кој загинаа 144 лица, а одговорноста ја презеде групата Исламска држава (ИД), францускиот министер за вооружени сили Лекорну вчера презеде иницијатива да оствари телефонски разговор со неговиот руски колега Шојгу. Тоа беше прв разговор на ова ниво од октомври 2022 година.

По разговорот, неговиот руски колега рече дека двете земји се „подготвени да разговараат“ за конфликтот во Украина, тврдење кое Париз го негираше.

Руското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека „се надева“ дека француските тајни служби не биле вклучени во нападот во регионот на Москва.

-Мора да продолжиме да и помагаме на Украина ……. Колку повеќе и помагаме на Украина, толку е поголема шансата овој конфликт да заврши, рече Оланд.

„Бегството од одговорност не го прави мирот, туку способноста, кога се судруваме со авторитарни режими, да покажеме дека постојат граници и дека преминувањето на тие граници води до одредени последици“, истакна поранешниот француски претседател.

Франсоа Оланд Франција-Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.