Author: Ана Василевска

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 во Катанија, Италија.Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи  и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион, соопшти ДНФ Филмс.Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе биде на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница. Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал…

Read More

Европските банки беа потресени од уште една турбулентна седница во средата, паѓајќи за дури 10% поради загриженоста за глобалните последици од колапсот на банката во Силиконската долина минатата недела и драматичниот пад на Кредит Свисс (Credit Suisse). До пладне, европските банки беа во минус од 6,66% во Лондон. Париската берза исто така доби голем удар бидејќи француската банка Société Générale падна за 10,6% и BNP Paribas за 10,3%. Ова го означува најголемиот пад за Société Générale од 24 февруари 2022 година и од 16 март 2020 година за BNP Paribas. Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse, која ја следат…

Read More

Директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски ги отфрли сите обвинувања што вчера на прес конференија ги изрече директорката на Транспаренси Интернешнал Слаѓана Тасева на сметка на државната агенција. Транспаренси Интернешинл, вчера побара последниот конкурс од 2022 година  на Агенцијата за филм да биде повторен, а нивната документација рече дека ќе ја даде на располагање на јавниот обвинител. Тасева посочи неколку лица кои биле рецензенти во Агенцијата, а имале поднесено проекти на конкурсот за филмови. Лазаревски детално објасни дека нема конфликт на интереси и обвинувањата се неосновани, а на невладината организација најтранспарентно и доставил материјал од 500 страници за утврдување…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Не можам, а да не го споделам впечатокот дека опозицијата и медиумите кои се влечат по нејзините опашки, едноставно, не можат да се помират со реалноста. Мега проектот за изградба на патиштата многу тешко ги погоди. Со фантастични 1,3 милијарди евра ќе се изградат 110 километри патишта. Ќе градат американски и наши фирми. Половина од парите, 600 милиони евра, ќе се слеат во домашните компании. И сѐ мора да биде според планот, прецизно и квалитетно. Тоа е голем проблем. Ама само за ВМРО-ДПМНЕ и за компаниите што се навикнати на нивните дилови. Ксенофобија, прозивки, ксенофобија… Веројатно затоа, уште незапочнат…

Read More

Два ловци „Тајфун“ на Велика Британија и Германија пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија. Борбените авиони беа подигнати за да го пресретнат „летечкиот танкер“ Ил-78 Мидас, кој леташе меѓу Санкт Петербург и Калининград. Споменатиот авион не воспоставил контакт со контролата на летање во Естонија, пишува Би-Би-Си Њуз. Британските и германските воздушни сили во моментов вршат планирани заеднички патроли во регионот во рамките на НАТО. Самото пресретнување на рускиот авион било рутинско, но претставува прва заедничка операција од ваков тип за споменатите земји. Откако го „испратиле“ Мидас, двата авиони биле пренасочени за да го пресретнат авионот Ан-148,…

Read More

Во Брисел денеска почнa објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност. Објаснувачкот скрининг состанок за овој Кластер почна со Поглавјето 21 – Трансевропски мрежи и Поглавјето 14 – Транспортна политика. Мона Бјорклунд, директор на Директоратот за мобилност и транспорт при ЕК, истакна дека 25 проценти од целокупното законодавство на ЕУ спаѓаат во транспортниот сектор, јави известувачот на МИА од Брисел. Таа посочи дека уште од 2019 година се започнати разговори со Северна Македонија за Поглавјата 14 и 21 од Кластерот 4, но, оттогаш, како што рече, има многу новини и законски акти, коишто земјава треба да…

Read More

За доброто на европската иднина на Северна Македонија неопходно е билатералните односи на земјата со Бугарија да бидат „ослободени од идеологиите на тоталитаризмот, што би помогнало за вистински и целосен дијалог“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во врска со изјава на шефот на државата Стево Пендаровски во неделата на одбележувањето на депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“ за време на Втората светска војна. „Така ќе победиме сите. Според мене, интересот на претседателот на Република Северна Македонија за историјата е за пофалба, но тоа што ќе се каже треба да се заснова на историска вистина, а политичарите кај нашиот…

Read More

Овој месец, во Rijksmuseum во Амстердам се отвора најголемата досега ретроспектива на Јоханес Вермер, обединувајќи 28 од 37-те постоечки слики на уметникот. Тоа е обмислена, внимателно курирана и стилска изложба каква што сведочиме еднаш во животот. Она што прво се забележува на изложбата е неверојатно реалистичната сликарска техника на Вермер, особено неговата вештина во прикажувањето на светлината. Начинот на кој им дава облик и волумен на предметите и како различните варијанти на сончева светлина, филтрирани низ прозорските стакла и сокриени зад облаците, ги менуваат боите на предметите и прават текстилот да светка. Но, уметноста на Вермер е како езеро покриено…

Read More

Новинарите во Грција, организирани од нивните здруженија, во пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк во рамките на утрешниот генерален штрајк за железничката несреќа, со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии. Во изминатите години пракса на новинарите е кога учествуваат во генерален штрајк на синдикатите, нивниот прекин со работата да биде ден претходно за да можат да ги покријат протестите и демонстрациите и да информираат за нив. Последните објавени вести во Грција денеска се кусо пред пет часот утрово, неколку минути пред почетокот на штрајкот во кој учествуваат информативните портали, телевизиите, радијата, како и државната новинска агенција…

Read More

Лу Рид, познат американски поет, но и еден од пионерите на рок и панк-музиката во 50-тите, во 2009 година почнал да пишува книга за источната боречко-уметничка вештина таи-чи, што беше битен дел неговиот живот. Но, трудот остана недовршен бидејќи во 2013. предводник на составот „Велвет андерграунд“ почина на 71-годишна возраст од компликации при трансплантација на црн дроб. Оваа недела, десетлетие по неговата смрт, излегува книга со досега необјавени текстови. „Уметноста на правата линија“ (The Art of the Straight Line) ги содржи и размислувањата на Рид за вежбањето таи-чи во текот на 30 години. Древната кинеска уметност, што се опишува и…

Read More

Франција и денеска се соочува со уште еден ден на штрајкови поради контроверзната пензиска реформа што претседателот Емануел Макрон, и покрај повеќемесечните штрајкови, речиси ја спроведе. По рекордниот број на демонстранти кои излегоа на улиците на 7 март и новите протести во саботата, денеска ќе се одржат штрајкови во време кога пратениците и сенаторите треба да го договорат конечниот текст, пред утре да се гласа во двата дома на францускиот Парламент. Бидејќи законот влегува во завршна фаза, синдикатите се подготвени за уште еден обид да извршат притисок врз владата и пратениците да го отфрлат предлогот за зголемување на старосната граница…

Read More

По објавите на регионалните медиуми за наводните сексуални злоупотреби на познатиот музичар Рамбо Амадеус, тој се огласи на својот фејсбук профил: „Поради немилиот, непријатен и несреќен настан во финалето на снимањето на епизодата од серијата „Дневник“, како и медиумската врева што го следи, сакам да се огласам и да го објаснам моето целосно недолично однесување кон новинарката, Лејла Кашиќ. Додуша би било многу полесно кога би се навело на што конкретно се противам бидејќи во нашата комуникација во текот на денот имаше многу недоразбирања и несогласувања. Ова личи на некаква нејзина медиумска тактика, но некои , овде ќе се обидам…

Read More