Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за филм: Нема конфликт на интереси во одлучувањето за филмовите, едно исто лице постојано не пријавува во Транспаренси

0
By Ана Василевска on March 15, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Директорот на Агенција за филм на РСМ, Бојан Лазаревски
Агенција за филм на РСМ, Бојан Лазаревски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2023 14:11

Директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски ги отфрли сите обвинувања што вчера на прес конференија ги изрече директорката на Транспаренси Интернешнал Слаѓана Тасева на сметка на државната агенција.

Транспаренси Интернешинл, вчера побара последниот конкурс од 2022 година  на Агенцијата за филм да биде повторен, а нивната документација рече дека ќе ја даде на располагање на јавниот обвинител. Тасева посочи неколку лица кои биле рецензенти во Агенцијата, а имале поднесено проекти на конкурсот за филмови. Лазаревски детално објасни дека нема конфликт на интереси и обвинувањата се неосновани, а на невладината организација најтранспарентно и доставил материјал од 500 страници за утврдување на состојбите.

„Не навлегуваме во претенциозните постапувања на Транспаренси интернешенл постојано по налог на едно лице кое постојано се јавува со разноразни пријави во Агенцијата за филм. За истото лице беа побарани документи за неговото финансиско работење и истите се ставени на увид на институциите и јавноста и медиумите. Оттука се поставува прашањето, кој е мотивот на г-ѓата Слаѓана Тасева постојано за едно исто лице да ја извртуваат вистината и да ја манипулираат јавноста?, праша Лазаревски, откако пред новинарите аргументираше по имиња дека нема конфликт на интереси при одлучувањето за проектите на Агенцијата.

Тој додаде дека досега не виделе доказен материјал што би потврдил какви било незаконски или можни злоупотреби.

Лазаревски појасни дека лицата што се вклучени во процесот на евалуација (рецензенти, филмски совет, управен одбор) се избираат според високо утврдени критериуми за компетентност на работата и тие се обврзани според Законот да ги почитуваат, за што писмено одговараат според  одредбите за неучество на конкурсот, непристрасност и тајност на одлучување.
„Именуваните лица кои беа повикани на прес-конференцијата, се искусни и со многу минат труд во филмската дејност и во целост нивната ангажираност е според важечките критериуми. Финансискиот евалуатор Бранко Петровски повеќе од 30 години е дел од филмската продукција и од креирањето на прогресивен развој на македонската кинематографија, a најпрво во Министерството за култура а подоцна во Агенцијата за филм. Тој никогаш не учествувал во ниту еден филмски проект додека ја обавувал работата како финансиски рецензент. Споменатото негово повлекување од филмскиот совет, посочи, не е под никаков притисок или констатирана злоупотреба, туку еднократно беше дел од Филмскиот совет, рече Лазаревски.

Ана Опачиќ, пак, која е спомената исто така на оваа прес конференција, вели Лазаревски, е именуван евалуатор заради нејзината долгогодишна теориска и практична работа на филм. Опачиќ е доктор по науки која предава на факултетот ЕСРА и е автор на повеќе краткометражни, успешни филмски остварувања. Додека ја извршува работата на рецензент, наведува Лазаревски, таа не учествува на конкурсот.

„Споменатото повлекување на проектот следи откако таа е ангажирана, а не под притисок на некакво надзорно тело. Сашко Мицевски поднесе изјава за изземање од Филмскиот совет за време на вториот рок од конкурсот. Тоа е доказ за транспарентното и законско работење на телата и самата институција“, рече Лазаревски.

Лазаревски како неосновано го отфрли обвинувањето за Ана Василевска која во својство на филмски критичар и теоретичар на филмот има објавено повеќе од илјада написи, рецензии и осврти. Таа е и магистранд на факултетот ЕСРА и повеќе години ја истражува македонската кинематографија, рече Лазаревски и додаде дека таа никогаш не учествувала во проект на конкурсот на Агенцијата за филм со одлука за долгометражни, краткометражни и анимирани филмови, а споменатото изземање од Филмскиот совет е исто така за еднократен ангажман по кој без да биде прекршен Законот за филм се повлекува заради каков било сомнеж за конфликт на интереси, повторно по пријава на истото лице кое дојавува и денес во Транспаренси интеренешнл.

„Секоја можна инсинуација или тврдење за некомпетентност или пак злоупотреба на соработниците на Агенцијата за филм, е тврдење дека нашата институција не постапува правилно. Уште еднаш ги отфрлам сите тврдења како невистинити и тенденциозни и останувам отворен за прашања на јавноста и институциите. Конфликт на интереси нема, ниту пак сериозноста и професионалноста на нашата институција би го дозволила тоа Откако сме ги избрале лицата што ќе бидат дел од процес за евалуација немаме никакво влијание во автономноста на одлучување и се потпираме на нивната компетентност“, вели Лазаревски.

 

Агенција за филм на РСМ Бојан Лазаревски Слаѓана Тасева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.