Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Филмскиот фестивал во Катанија

0
By Ана Василевска on March 15, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2023 14:27

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 во Катанија, Италија.

Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи  и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион, соопшти ДНФ Филмс.

Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе биде на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница. 

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември минатата година. Азиската премиера, пак, беше на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година. Во тек се интензивни подготовки и за премиера пред домашната публика. 

Улогите во филмот ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ, сценарист е Елеонора Венинов, монтажер Гоце Кралевски, костимограф Жаклина Крстевска, монтажер за звук Дарко Спасовски. Продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски филмски центар и Еуримаж.

Елеонора Венинова Италија македонски филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.