Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радев: Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија да бидат ослободени од идеологиите на тоталитаризмот

0
By Ана Василевска on March 15, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Румен Радев
Румен Радев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2023 10:45

За доброто на европската иднина на Северна Македонија неопходно е билатералните односи на земјата со Бугарија да бидат „ослободени од идеологиите на тоталитаризмот, што би помогнало за вистински и целосен дијалог“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во врска со изјава на шефот на државата Стево Пендаровски во неделата на одбележувањето на депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“ за време на Втората светска војна.

„Така ќе победиме сите. Според мене, интересот на претседателот на Република Северна Македонија за историјата е за пофалба, но тоа што ќе се каже треба да се заснова на историска вистина, а политичарите кај нашиот сосед се уште им ја должат на своите граѓани вистината за сопствената историја. Историја која со децении е обвиена со манипулации и фалсификати“, рече Радев по церемонијата на доделување на „Годишните награди за одговорен бизнис 2022“ на Бугарскиот форум на бизнис лидери.

Претседателот Пендаровски во неделата во обраќањето пред Споменикот во Скопје на 7.144-те депортирани македонски Евреи, изјави дека за да има помирување, треба да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија за депортацијата.

„Обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт“, праша Пендаровски.

Тој побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

„И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“, потенцира Пендаровски.

Бугарија- Северна Македонија Румен Радев Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.